МОБИЛНОСТ ВО Скопје, РС.Македонија
      За проектот,, Немаш право да ми вршиш булинг

Erasmus project ,,YOU HAVE NO RIGHT TO BULLY ME’’

KA229

број 2020-1-ПЛ01-KA229-081836_3

C2 – Bullying Hurts

LTTA – Skopje 26- 30 april 2022

,,Учење, настава и обука “ ООУ Љубен Лапе Скопје

Во периодот од 26април до 30април 2022година, во Република С.Македонија, беше одржана координаторска средба за ЕРАЗМУС+КА229 проектот со име “Youhavenorighttobullyme”. На покана од ООУ„Љубен Лапе“ на средбата присуствуваа учесници од партнер училишта од

  • LICEUM OGOLNOKSZTALCACE IM.MIKOLAJA KOPERNIKA W ILZY, POLANDПолска,
  • ColegiulNational ,,MihaiViteazul”, Slobozia, ROMANIAРоманија,
  • NAZILLI ANADOLU LISESI” NAZILI, TURKEY, Турција и
  • LICEO CLASSICO STATALE “G.M. DETTORI CAGLIARI, ITALYИталија.

Домаќини беа наставниците Јасминка Костадиновска, СветланкаАрсеновска, Бранкица Јованова, Филип Ристески и Дејан Дамјановски а учениците гости беа сместени во фамилиите на ученици домаќини.

Гостите беа пречекани пред влезот на училиштето и од в.д. директорката на училиштето „Љубен Лапе“ мр.Сања Стојанова и наставниците и ученици вклучени во проектот им е посакан убав престој.

Беа прикажани кратки видеа од претходната посета во Полска во периодот од 3 до 9 април во училиштето LICEUM OGOLNOKSZTALCACE IM.MIKOLAJA KOPERNIKA W ILZY, POLANDПолска како и презентации а училиштата и земјите. Учениците се запознаа и учествуваа во спортски игри во меѓународни тимови .

Во попладневните часови беа на организирана прошетка низ нашиот град и посета на културно историски знаменитости во Скопје.

Вториот ден учесниците на проектот ја посетија Првата детска амбасада во светот ,,Меѓаши” Скопје и имаа работилница со волонтери од амбасадата како и со психологот вработен во Детската амбасада  Јорданка . Потоа  се дружеа на Водно.

Третиот ден имаа две работилници со Инспектор од МВР од одделот на Превенција Катерина Ашикова Стојкова , и со претставници од Агенцијата за заштита на лични податоци на република Македонија.

На работилницата со полицискиот инспектор во интерактивна дискусија со учениците и наставниците се разговараше за видовите на сајбербулинг, опасностите и последиците од истиот доколку не се едуцираме на време и не го спречиме.

Гости предавачи Емилија ГиноскаЕмељ Осман од Агенцијата за заштита на лични податоци на Република Македонија се погрижија да ја истакнат важноста на чување на приватноста и личните податоци на секој поединец или негови обележјаспецифичнизанеговиотфизички, физиолошки, ментален, економски, културенилисоцијаленидентитет. На крајот на оваа работна средба на учениците им беа врачени пригодни подароци.

Посетата ја продолжија во разгледување на кањонот Матка и посета на пештерата Врело

Четвртиот ден за време на престојот, наставниците гости од Италија, Полска, Романија и Турција одржаа по еден час на тема насилство меѓу ученици и како да го препознаеме и како да се справиме со него.

Потоа учениците изработија видео на тема Справување со булинг и меѓуврсничко насилство , ја посетија детската улица Тоше Проески и креираа постери на тема – 10 начини како да бидеме учтиви на интернет, беаизработенипостери со поракиза спречување и справување со сајбербулингот:

Следниот ден учесниците беа на посета во Охрид и Свети Наум, Заливот на коските , Света Софија црквата и Свети Канео.

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com