МОБИЛНОСТ ВО ИЛЖА, ПОЛСКА
      од 04-08.04.2022 во Илжа, Полска.

За проектот,, Немаш право да ми вршиш булинг

Erasmus project ,,YOU HAVE NO RIGHT TO BULLY ME’’

KA229

број 2020-1-ПЛ01-KA229-081836_3

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Немаш право да ми вршиш булинг“ (Youhavenorighttobullyme) беше одржана Првата краткорочна размена на група ученици во периодот од 04-08.04.2022 во Илжа, Полска. На обуката присуствуваат ученици и наставници од партнер-училиштата од Полска, Турција, Италија, Романија и Македонија.

Од нашето училиште беа присутни следните ученици: Ања Костадиновска, Ања Ѓоргиоска, Андреа Говорко, Јована Димитрова и Лара Колевска и

наставничките Јасминка Костадиновска и Светланка Арсеновска.

Во текот на овој период учениците и наставниците беа пречекани од ученици и наставници од училиштето MikołajaKopernika w Iłży.

Учениците од нашето училиште го претставија ООУ. Љубен Лапе – Скопје преку презентација,

како и останатите учесници кои со свои презентации се запознаа со партнер училиштата.

Беше реализирана и посета на калето во Iłży и музејот во градот.

Иста така се реализираше посета на регионалниот центар со претставници за образование од регионот во  градот Радом.

Следуваше кратко предавање и дискусија за cyberbulling од страна на IT експерт ГржегорцДак, благодарение на кого дознаа повеќе за безбедноста на интернет.

Учениците кои учествуваа во проектот учествуваа на обука предводена од психологот Магдалена Душзиска за интернет насилство а потоа нашите ученици заедно со своите домаќини учениците од училиштето посетија часови, а наставниците од партнер училиштата  држеа 2 часа со ученици на тема интернет насилство.Учениците гопосетија и историскиот градSandomeirz.

Во главниот град на Полска, Варшава се одржаа игри помеѓу учениците учесници на овој проект и го посетија научниот музејКоперник.

На 8.4.2022 имаа прием кај градоначалникот на Илжа и учениците учествуваа во работилница во  Домот на културата во градот Илжа.

Се одржа и координаторска средба за спроведување на планираните проектни активности во идниот период како и за планираните ЛТТА актвности во С.Македонија во периодот од 25 април до 1 мај 2022 и во Романија во периодот од 8 до 14 мај 2022 година

Вечерта учениците имаа забава во училиштето.

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com