о.o.у Љубен Лапе

На 27.6.1986 година започнува со работа основното училиштето „Видое Смилевски – Бато”, кое на 23.6.1993 година е преименувано во основно училиште „ Љубен Лапе”. Основното општинско училиште „Љубен Лапе” се наоѓа во општина Аеродром, населба Јане Сандански, кои се дел од градот Скопје ...

Дознајте повеќе

За нашиот патрон

Патронот на училиштето е македонскиот историчар Љубен Лапе кој остава длабоки траги со својата научна, истражувачка и авторска работа во областа на историјата, пред се македонското историско минато.

Роден е во Прилеп на 11 октомври 1910 година. Основно образование завршил во Прилеп, а матура во Битола. Во 1936 година дипломирал на групата Општа историја на Филозофскиот факултет во Белград. Од 1936-1940 година работел како наставник во Трговско-занаетчиското училиште во Прилеп, од 1940-1944 година, со прекини, е професор во Подгорица, Струмица, Елхово и Панаѓуриште. Потоа работел како помошник министер за просвета на НРМ, а од 1946 година работел како професор на Филозофскиот факултет во Скопје.

Дознајте повеќе

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com