МОБИЛНОСТ во Каљари-Сардиниа -Италија

одржана од 19.09 – 24 09 2022год.

За Еразмус проектот КА229

2020-1-ПЛ01-KA229-081836_3

,,Немаш право да ми вршиш насилство “

Училиштето Liceo Gimnasio G.M. Dettori

Учесници- Јасминка Костадиновска- наставник 

Светланка Арсеновска – наставник 

Сања Стојанова – директор 

Ученици- Неда Стојановиќ 

Ива Илиевска 

Јана Господинова 

Клара Ѓуровска 

Јелена Јовановиќ 

  • Прв ден (понеделник) 19.09.2022год.

Пристигнавме во училиштето сите училишта партнери во проектот Македонија,Полска, Турција и Романија.

Се преставивме пред присутните,како и другите учесници.

Потоа имаше предавање за сајбер булинг од страна на локални полицајци и дискусија со учениците.

По завршувањето се упативме кон блискиот парк каде имавме  краток одмор и активности во групи со уцениците.

Втор ден  (вторник)20.09.2022год.

Посета на Градоначалникот во Општината во Каљари.

Имаше негово обраќање и информации за градот.

Потоа се упативме пешки кон градот и негово разгледување,па се качивме на Бастионот  од каде можеше да се види целиот град.

Посета на блиската катедрала.

Трет ден (среда)21.09.2022год.

Екскурзија со сите учесници во проектот.

Посета на црква .

Посета на археолошки музеј.

Посета на плажа со краток престој.

Посета на Археолошки музеј ТTharros.

Четврт ден(четврток)22.09.2022год.

Средба во училиштето,каде наставниците  гости одржаа часови .

Колешката координатор Јасминка Костадиновска одржа два часа ,каде кратко ги престави нашато училиште и нашата земја ,а потоа за сајбер булинг и дискусија со уцениците околу тоа.

Сите ученици  учесници во проектот поделени во групи изработуваа  пораки со пораки за сајбер булинг и општо за булинг и негово спречување.

По завршувањето на активностите заминавме  до паркот каде имавме краток одмор.

Потоа се упативме кон посета на солените езера на кои има Фламингоси.

Потаа краток престој на блиската плажа.

Петти ден(петок)23.09.2022год.

Посета на подрачното училиште,каде сите учесници ученици од проектот имаа работилница со изработка на традиционална паста.

Координаторката Јасминка костадиновска одржа час за сајбер булинг и негово спречување  по што следеше дискусија со учениците.

По завршувањето на активностите во училишниот двор изработените пасти беа спремени на нивни начин и поделени на сите.

Потоа ни беа поделени сертификатите за учество во проектот.

Попладне имаше организирана забава со сите учесници и родителите на домакините.

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com