УЧЕЊЕ, ОБУКА И ТРЕНИНГ ВО ЕРАЗМУС ПРОЕКТОТ

ЖИВОТОТ Е ОБОЕН СО НОВИ ИНФОРМАЦИИ

ОД 2 октомври до 8 октомври  2022 ГОДИНА

ВО КЛАЈПЕДА, ЛИТВАНИЈА

Наставник – Јасминка Костадиновска,

Ученици: Гала Клинчарова, Сара Ѓуревска, Дарија Стевковска, Ана Ичковска, Ања Костадиновска 

Училиште- Klaipeda Maksim Gorky Progymnasium – Клајпада, Литванија

Оваа мобилност е трета по ред во рамки на проектот,, Животот е обоен со нови информации – Life is colored with new information број на проектот 2020-1-ТР01-КА229-093087

Мобилноста се одржа од 2 до 8 октомври 2022

Првиот ден бевме пречекани во холот на училиштето со огромен број на активности од страна на учениците учесници во проектот.Домаќините се претставија со народни игри и песни од нивната татковина, а потоа се запознавме со нивното училиште и посета на часови во 2 и 3 одделение. Во попладневните часови бевме на разгледување на градот и се запознавме со историјата на Клајпеда и Литванија

Вториот ден беше организирана посета на националниот парк Неринга, каде што ги посетивме Плажата , Ридот на Вештерките , Рибарското село и Песочните дини

Третиот ден во училиштето учесниците презентираа свои национални танци и сите учесници учеа традиционални фолклорни танци од земјите партнери во проектот

Попладнето го посетивме музејот во Кретинга, каде учениците учеа да прават традиционален ржан литвански леб а наставниците беа ангажирани во процес на изработка на предмети од волна  традициинални за Литванија ,,Wool Felting” .

Потоа го посетивме популарното туристичко место Паланга.

Четвртиот ден учениците изработуваа кукли под менторство наставникот, актер и режисер и изработувач на кукли  Linas Zubè. Изработките беа од рециклирани материјали, а потоа сите ги претставија своите кукли и мала театарска претстава.

Училиштето го посети и градоначалникот на Клајпеда, каде имавме можност да го претставиме нашето училиште, нашата земја и да му подариме традиционална изработка од срма. Потоа го посетивме Театарот на комедијата во Клајпеда.

Потоа , учениците учесници беа на посета кај учениците домаќини во нивните домови каде имаа заедничка вечера. Наставниците кординатори имаа состанок за следните проектни активности во претстојниот период.

Петтиот ден учениците беа поделени во групи и учествуваа во изработки ,,цртање на вода” и изработки од шарен песок. Потоа проследија театарска претстава – музикал “Маша и малата гуска’.

Потоа учениците креираа пораки за мир и на крај беа поделени Сертификати за учество на мобилноста.

Попладнето учениците правеа пица за себе и за своето другарче и споделија Традиционално торта на проектот со што беше успешно завршена и оваа мобилност.

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com