Во нашето училиште се реализира и Еразмус проектот од КА 229  – Животот е обоен со нови информации – „The Life is colored with New Information“ со наставници и ученици од 1 – 5 одделение. Целта на овој проект е развивање на социо-емоционални вештини на учење кај ученици од 6 – 12   години.  Координатор земја е Турција, а останати земји кои се вклучени се Романија, Италија и Литванија како и нашата земја. Времетраењето на проектот е 24 месеци, планирани се 5 мобилности. Во поделбата на активностите со кои започна проектот нашето училиште има за задача водење и тековно ажурирање на проектот со ист наслов на  Е –твининг платформата која за време на онлајн активностите беше примарно место каде се одвиваа активностите и разменувањето на искуства помеѓу наставниците и учениците. Во месеците октомври, ноември и декември 2020 година беа одржани состаноци на координаторите на училиштата од земјите партнери, на кои редовно учествува и координаторот на нашето училиште Јасминка Костадиновска. Наставници кои се пријавија на огласот за учество на овој проект се  – Светлана Здравеска, Тања Атанасова, Марина Спасовска, Светланка Арсеновска, Љубица Јовановска, Елида Мелова и Филип Ристески. Во текот на првото полугодие беа реализирани неколку активности и тоа –

– избор на детска песна на македонски јазик со тема мир и другарство „ Дајте раце“ – Златно Славејче 2004,

– изработивме предлог  лого за проектот,

– видео преку кое го претставивме  нашето училиште

– Pоwer point презентација на нашето училиште

Во декември учениците изработуваа Новогодишни и Божиќни честитки, картички, видеа  кои  беа споделени со останатите земји учеснички на проектот  на Е-твининг платформата.

Сите активности се реализираа онлајн на е-Твининг платформата на која наставничките редовно работеа.

Во следниот период следуваа активности според напатствија на координаторот на проектот.

јануари 2021

  • Формирање на WhatsApp група со сите учесници од сите земји вклучени во проектот.
  • Училишен конкурс за изработка на лого за проектот.
  • Учество на видео конференција со сите учесници во проектот.
  • Изработка на промотивно видео за училиштето и градот Скопје.
  • Избор на детска песна со тема другарство и мир.
  • Изработка на Новогодишни и Божиќни честитки и објавување на е-Твининг проектот.
  • Онлајн состанкот со учесниците во проектот и распределба на задачи на е-Твининг.

Февруари и март 2021

  • Спроведување на прашалник и оценување на резултатите од прашалникот за да се утврди нивото на подготвеност на наставниците за стекнување на „Социјално Сензорни Вештини за Учење“
  • Спроведување на активностите на платформата е-Твининг
  • Учество на видео конференција со сите учесници во проектот
  • Прикачување на проекти на Facebook фан страната
  • Спроведување на прашалник и оценување на резултатите на учениците од прашалникот

април 2021

  • Спроведување на активностите на платформата е-Твининг
  • Прикачување на проекти на Facebook фан страната

Мај и јуни 2021

  • Спроведување на активностите на платформата е-Твининг
  • Прикачување на проекти на Facebook фан страната
  • Онлајн состанок со учениците кои учестуваат во проектот
  • Изработка на Еразмус катче и поставување на банер во холот на училиштето

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com