Во однос на овој проект „КА 229 – You have No right to Bully me“,- Немаш право да ми вршиш булинг” каде нашето училиште учествува како партнер училиште заедно со средни училишта од Полска – координатор на проектот, Италија, Турција и Романија реализиравме неколку активности.

Наставници кои учествуваат во овој проект се – Марјана Панчевска, Јасминка Костадиновска, Светланка Арсеновска, Бранкица Јованова  Филип Ристески, и Дејан Дамјановски. Исто така беше спроведена анкета за пријавување на ученици кои сакаат да учествуваат во овој проект.

Состаноци со координаторите на училиште се одржуваат редовно според закажан редослед од страна на координатор земјата Полска.

Наставниците се вклучени во етвининг проектот кој е поврзан со самиот Еразмус проект и каде се спроведуваат активностите.

Ученици од 8 и 9 одделение се вклучени во проектот и редовно се одржуваат состаноци во терминот за додатна настава вторник.

Во периодот од 27 септември до 1 октомври 2021 година, во Полска беше одржана координаторска средба за ЕРАЗМУС+КА229 проектот со име “You have no right to bully me”. На покана од координаторот на проектот училиштето ,,Миколајa Коперникa” од Илжа, Полска на средбата присуствуваа учесници од партнер училишта од Романија, Турција и Италија, а од нашето училиште наставниците Филип Ристески и Јасминка Костадиновска, наставници по англиски јазик. Во периодот на престојот, наставниците учесници имаа работни средби со наставниците од училиштето домаќин, градоначалникот на Илжа, и гости поканети како предавачи, специјалист психолог со кои имаше работилници како со наставниците така и со учениците.

На средбите беа обработени теми на тема меѓуврсничко насилство во сите свои форми, а акцент беше ставен на дигитално меѓуврсничко насилство или сајбер булинг.

На работилниците со учениците беа опфатени неколку техники за препознавање, споделување и справување со случаи на меѓуврсничко насилство.

Наставниците учесници од другите земји беа исто така гости наставници кои одржаа по 2 часа со различни паралелки на тема меѓуврсничко насилство. Наставниците Филип Ристески и Јасминка Костадиновска одржаа по еден час во две паралелки со ученици од 15 и 16 годишна возраст. Учениците беа запознаени со убавините на Македонија и беше отворена дискусија за темата на  сајбербулинг со наслов Стоп за сајбербулинг и Знам дека сум жртва на сајбербулинг. Учениците беа активно вклучени во текот на целиот час и изнесоа свои размислувања и интересни идеи како да се справиме со тој проблем.

Беа изработени брошури за промоција на проектот:

Планираната мобилност со ученици во периодот од 21 до 27 ноември 2021 година во Илжа, Полска се одложи поради Ковид Пандемијата и големиот број на заразени ученици и наставници во училиштето во Илжа.

По одржаниот состанок со координаторите беше решено мобилноста да се помести за периодот од 3 до 9 април 2022 година.

Наставниците кои се во тимот на проектот спроведоа и интерактивна презентација со учениците на тема My Digital Footprint Be Cyber Smart – во рамки на месецот ноември, месец на подигање на свеста за безбедно користење интернет на 22 ноември 2021 година.

Во соработка со Првата детска амбасада Меѓаши на 7 декември 2021 година се одржа работилница на тема ,, Насилство на интернет”

Учениците изработија честитки за Божиќ и Нова година и истотака изработени се честитки од страна на учениците и испратени по пошта на адреса на училиштата учесници во проектот.

Во наредниот период очекуваме упатство за активности од Координатор на овој проект  Полска.

На последната координаторска средба одржана онлајн беа договорени следните мобилности во 2022 година во второ полугодие

  • Во периодот од 3 до 9 април – студиска посета во Илжа, Полска
  • Во периодот од 26 април до 1 мај – студиска посета во Македонија, односно ќе бидеме домаќини на наставници и ученици од партнер училиштата
  • Во периодот од 8 до 14 мај – студиска посета во Романија

На 8  февруари 2022 година се одбележува Safer Internet Day 2022 под мотото ,,Together for a better internet “ – Заедно за подобар интернет

Во рамки на проектните активности со учениците ќе се одбележи денот со изложба во училишниот хол.

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com