На почетокот на оваа учебна година 2021/2022 тимот на наставници со  директорката редовно одржуваа состаноци, каде се кооординира работата на сите 4 проекти.

Креирана е група на Еразмус ученици кои учествуваат во два КА229 проекти и работа на Етвининг проектите поврзани со КА 229.

Во нашето училиште се реализира и Еразмус проектот од КА 229  – Животот е обоен со нови информации – „The Life is colored with New Information“ со наставници и ученици од 1 – 5 одделение. Целта на овој проект е развивање на социо-емоционални вештини на учење кај ученици од 6 – 12   години.  Координатор земја е Турција, а останати земји кои се вклучени се Романија, Италија и Литванија како и нашата земја. Времетраењето на проектот е 24 месеци, планирани се 5 мобилности.

Со почетокот на учебната 2021/2022 година, започнаа и активностите во рамки на проектот според предвидените активности за тековниот период, како во училница со ученици така и со активностите на етвининг платформата на проектот со ист наслов.

Во месеците октомври, ноември и декември 2021 се одржаа состаноци на координаторите на училиштата од земјите партнери, на кои редовно учествува и координаторот на нашето училиште Јасминка Костадиновска. Наставници кои учествуваат во проектните активности се Светлана Здравеска, Тања Атанасова, Марина Спасовска, Светланка Арсеновска, а од оваа учебна година се пријавија и Ирена Ангелкоска Панова и Јулијана Вељовска. Во текот на првото полугодие беа реализирани неколку активности и тоа –

– изработка на цртежи со есенски мотиви од природни материјали

– изложба на изработки во училишниот хол во Еразмус катчето,

– учество во Еразмус денови во училиштето

– драматизација на бајка,

Во декември учениците изработуваа новогодишни и божиќни честитки, картички, кои  беа испратени по пошта до останатите партнери во проектот.

Сите активности се реализираат навремено според упатствата на координаторот на проектот.

За работата на етвининг проектот со Национална ознака за квалитет за работа на проектот се здобија наставничките

  • Јасминка Костадиновска
  • Тања Атанасова
  • Светлана Здравевска
  • Марина Спасовска

Исто така на 28.10.2021 година овие наставнички се здобија со Европска ознака за квалитет за работа на проектот.

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com