20.11.2023

На 16.10.2023 год. во нашето училиште се одбележа Еразмус ден на коj беа присутни родители, наставници и ученици кои беа вклучени во Еразмус проектите : ,,Животот е обоен со нови информации” и ,,Немаш право да ми вршиш булинг”🏵

👉Средбата ја отвори координаторот на Еразмус + проектите, Елизабета Славковска, која даде една ретроспектива на активностите и мобилностите што се реализираа во учебната 2022/2023 год. Потоа следеа презентации за секоја мобилност кои ги презентираа наставници учесници: Јасминка Костадиновска, Сања Станисавоска и Светланка Арсеновска. Се пуштија и видеа од активностите што се реализираа во земјата домаќин – Турција, а учениците имаа можност да искажат свои впечатоци и спомени, а ја реализираа и активноста ,,Отпечаток со раце за пријателство” 🤲🏻🩵💟👫

❣️На крајот на учениците и наставниците им се доделија сертификати од страна на координаторот, а директорката на училиштето, Фоника Станоева, додели благодарници на наставниците кои имаат дадено свој придонес во Еразмус проектите✨️

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com