Првата планирана мобилност која се одржа во нашето училиште ООУ Љубен Лапе- Скопје, РС.Македонија  од 21 до 25 март 2022 година

Посетата беше наречена ,,Да креираме марионети/хартиени кукли”

Проектните активности се реализираа во 5 работни денови и се одвиваа според утврдена програма на проектни активности.

Учесници беа:

3 наставници и 4 ученици од училиштето Ortahisar Ugurlu Ilkokulu од Трабзон, Турција

3 наставници и 4 ученици од училиштето NEF ILKOKULU од Истанбул, Турција

3 наставници и 4 ученици од училиштето Klaipedos Maksimo Gorkio progimnazija од Клајпеда, Литванија

Заради пандемијата со КОВИД19 , наставниците и учениците од DIREZIONE DIDATTICA “III CIRCOLO BALDO BONSIGNORE” од Мазара дел Вало од Сицилија, Италија и наставниците и учениците од SCOALA GIMNAZIALA SFANTUL ANDREI од Браила, Романија учествуваа онлајн.

Во првиот ден од посетата, нашиот тим од наставници и ученици учесници во проектот приредија активности и свечена приредба на која , прво им се обрати директорката на нашето училиште м-р Сања Стојанова и им посака добредојде и успешна соработка, и координаторот на проектот во нашето училиште Јасминка Костадиновска.

По пречекот на гостите во холот на училиштето се започна со реализирање на активностите според предвидениот план.

Најпрво училишен хор ја испеа училишната химна.Потоа учениците одV-4 одд. со наставничката Марина Спасовска настапија со песната „Нашата планета Земја“ ,, драматизација „ Училиште“и кореографија на песната „Мир и само мир“

Со кратка претстава „Толкувач на соништа “- настапија учениците одIV и балетска точка „Лебедово езеро“ и наставничката Сузана Климпер и учениците од сите IV одд. со ритмичката точка „Годишни времиња“.

Со кореографија од детската песна од евровизија Дајте Музика „GreenForces“ – учествуваа учениците одII-5 одд.со наставничката Светлана Здравеска.

Учесниците од Италија преку виртуелна мобилност настапија со песната “Add a seat at the table” second classes complex Bonsignore. Choreographic dance: “. Our Beautiful Sicily…..” third classes complex Bonsignore..

Учениците од I-6 одд. со наставничката Тања Атанасова и учениците одI-4 со наставничката Марјана Панчевска учествуваа во пеење и играње на заедно избраните песни, од сите учесници во проектот.

На крај училишната програма се заврши со заедничко играње на песната „Македонско девојче“.

После активностите во холот следуваше прошетка на гостите и разгледување на  училиштето. На крај во наставничката канцеларија гостите си разменија симболични подароци кои ја отсликуваат нивната земја, а ја пробаа и македонската традиционална храна.

Попладневни активности продолжија со локална прошетка на сите учеснициниз општина Аеродром во придружба на наставничките Тања Атанасова и Светлана Здравеска. Се посети паркот Јане Сандански и споменикот на Јане Сандански,  детската уличка и фонтаната „Тоше Проески“ , починатиот амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ, познат пејач и текстописец и  паркот Аеродром, кај авиончето.

Дружбата заврши во пријатна атмосфера и задоволство од страна на гостите.

На вториот ден од средбата со нашите партнери во проектот ,,Животот е обоен со нови информации” од Ерамус+ програмата согласно планираните активности во предпладневните часови се одржа работилница ,,Театар со сенки”на која што учествуваа учениците од нашето училиште, од Турција и Литванија, додека учениците од Италија и Романија онлајн ги следеа  и реализираа истите активности. На работилницата учениците учеа како се прават фигури со сенки, а потоа проследија и претстава ,,Театар со сенки”подготвена од учениците од петто одделение.

Учениците ја посетија Првата детска амбасада во светот,,Меѓаши” која е во непосредна близина на нашето училиште.Се запознаа со основачот на амбасадата Драги Змијанац, со сите вработени и волонтери во амбасадата. На учениците им беше презентирана и СОС детската телефонска линија за помош

,, Ало бушавко”. Во склоп на посетата се одржа работилница со учениците на тема ,,Пораки за мир”.

Во попладневните часови се реализира посета на најзначајните знаменитости на градот Скопје. Се започна со прошетка од плоштад „Македонија“ преку Камениот мост до Старата скопска чаршија.Се посети Музејот на македонската борба, Националната галерија-Даут пашин амам и други знаменитости.

Третиот ден беше проследен со активности во училиштето и изработка на кукли и работилница со актерката Катерина Шехтанска

Потоа имавме посета на општина Аеродром и прием кај градоначалникот Тимчо Муцунски

Во попладневните часови реализиравме Посета на Водно со жичара

Четвртиот ден Имавме студиска посета на Охрид- Залив на коските , Свети Јован Канео, Света Софија, Старата чаршија

Петтиот ден беше исполнет со низа активности како ви училиштето така и за поеста на културни знаменитости во СКопје и околината

  • Спортски игри во училишниот двор
  • Доделување на сертификати во училишниот хол
  • Посета на Матка и пештерата Врело
  • Посета на театар сенки и облачиња

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com