Извештај за реализирана мобилност во Истанбул, Турција

ЕРАЗМУС + ПРОЕКТLife is colored with new information

2020-1-TR01KA229-093087

,,ЖИВОТОТ Е ОБОЕН СО НОВИ ИНФОРМАЦИИ

Од 23-29.04. 2023 год. се реализираше мобилност на ученици и наставници од нашето училиште како партнер училиште со земјите – партнер училишта Турција, Романија, Литванија и Италија . Домаќин училиште беше IstanbulNefPrimarySchool.

***Првиот ден имаше претставување на Тимовите-учесници на мобилноста преку видео бим и свечена приредба од страна на ученици од училиштето-домаќин.

Потоа се посетија неколку различни одделенија каде имавме можност да видиме каде и како се одвива наставата во нивното училиште.

На крајот се реализираа игровни активности и креирање на игровна мапа. Вториот ден беше посветен на правење оригами, креирање игри и игровни активности каде сите ученици од различните земји земаа активно учество.

***Вториот ден беше посветен на правење оригами, креирање игри и игровни активности каде сите ученици од различните земји земаа активно учество.

***Третиот и четвртиот ден имаше културна тура организирана од домаќините со цел запознавање со убавините и културните обележја на градот Истанбул и нивната земја Турција.

Го посетивме старото градче Балат карактеристично со разнобојните фасади на куќите, се качивме на Галата кула, го посетивме музејот на играчките и имавме двочасовна тура со брод на Босфор.

Се запознавме со историјата на Аја Софија и Сината Џамија а, се прошетавме и во познатата Капали чаршија.

***Последниот ден учесниците наставници имаа евалуација на проектот преку дигитална игра-квиз, а потоа на сите учесници беа доделени Сертификати за учество во мобилноста и завршен крај со детската игра ,,Уфо“ во дворот на училиштето.

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com