05.06.2024

📖 На Државниот натпревар по Македонски јазик, кој де реализираше на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, имавме две претставнички во категоријата 7️⃣ одделение под менторство на наставничката Јилијана Димовска.

🥇И двете ученички, согласно бодувањето, го освоија ПРВОТО МЕСТО на натпреварот, што е уште еден показател колку многу се негува мајчиниот јазик во нашето училиште, како темел на зачувувањето на културните и национални особености‼️#македонскијазик

👏Честитки за учениците и наставничката – ментор, пoсакуваме уште многу успеси во иднина❣️

04.06.2024

🧪 На Државниот натпревар по Хемија, кој се одржа на 31ви мај, нашите ученици постигнаа одлични резултати 👩‍🔬#chemistry#chemistrychallenge👨‍🔬

👏 Им честитаме на учениците и менторот за успехот и посакуваме поголеми успеси во иднина ⚗️

27.05.2024

Конкурсот за првенец на генерација 2015-2024 можете да го погледнете ТУКА

31.05.2024

📌 Учениците од Активот на 5️⃣ одделение, заедно со своите наставнички, го посетија Музејот на Македонија #museumart

🎯 Во рамки на часовите по предметот Историја и општество часот го реализираа во музеј со цел проширување на знаењата за минатото, богатото културно наследство, традицијата – народните носии, фолклорот и обичаите 🧉⚱️

🏺Учениците имаа можност да видат како изгледа ткаењето на разбој, да видат носии од сите краеви на Македонија, глинени садови и многу други предмети кои сведочат за нашето богато културно, автентично и уникатно минато #културнонаследство #традиција 🇲🇰 #фолклор #обичаи 🇲🇰

31.05.2024

📌 Во рамки на часовите по медиумска култура учениците од 2⁶ одделение ја посетија редакцијата на „360 степени“ и се запознаа со процесот на изработка на ТВ содржини. @360 stepeni

📺 Одблиску видоа и се запознаа со работата на вработените кои се заслужни за она што ние ќе го проследиме на нашите екрани.

❣️Благодарност до редакцијата и вработените за пријатната атмосфера и можноста учениците да научат нови и интересни нешта за снимањето и реализацијата на програмата.

#mediumskakultura#tv#телевизија

30.05.2024

Учениците од 4² и 4³ одд. во посета на Археолошкиот музеј каде ги проширија знаењата по предметот Историја и општество за културно-историското богатство на нашата држава ⚱️📜🗿🇲🇰

30.05.2024

🌼 На 28 мај Клубот на љубителите на книгата при ЗП „Солидарност-Аеродром“’ Скопје, во просториите на здружението ја промовираше книгата “ПЕНЗИОНЕРИТЕ ТВОРАТ” 📚#љубителинапоезијата

✏️ Во Збирката се застапени 59 литературни творци, со една или повеќе литературни дела.

❣️ За првпат оваа година, како прилог беше додадено литературно катче за ученици каде што се застапени песни на учениците: Јана Илиевска и Михаела Стојкоска од 8️⃣ одделение, Љубен Филипчев од 7️⃣ одделение и Анастасија Манчовска од 6️⃣ одделение

👏 Честитки за учениците и менторите #љубителинакнига#poetrylovers

28.05.2024

🌿 Учениците од Активот на 3️⃣ одделение на еднодневна екскурзија❣️ Ја посетија Шарената џамија, се прошетаа крај реката Пена и го посетија Лешочкиот манастир 🌼🌾

23.05.2024

📚 Во текот на вчерашниот ден, во заедничка соработка на учениците и наставниците од 3⁴,3⁵ и 3⁶ одделение и Училишната библиотека, нашето училиште го посети писателката за деца и возрасни г-ѓа Јадранка Клисарова 🌼#sakamkniga🌼

❣️ На ред за обработка ни дојде лектирата “Децата од моето училиште” која е напишана од перото токму на оваа писателка. Говоревме за случувањата во книгата, нивната вистинитост и реалност, извлековме поуки, но и препознавме дел од секојдневието на нашето училиште во тие раскази ✨️Jadranka Klisarova✨️

✍️ Авторката потпиша многу книги со убави посвети за учениците за еден преубав спомен на нашата средба кој ќе го понесеме со себе до некои нови дружења и средби 🌼📚

23.05.2024

🌿🌼 Учениците од IV² и IV³ одделение, заедно со наставничките Катерина Тасевска и Марина Спасовска реализираа едукативна посета на Природнонаучниот музеј каде ги проширија утврдените знаења по предметот Природни науки за животинскиот и растителниот свет на територијата на нашата држава 🦊🐦🐕#ScienceMuseum#myenvironment🐞

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com