22.05.2024
Учениците од Активот на
одделение беа во посета на воениот аеродром и ги проширија знаењата по предметот Општество на тема Сообраќај – воздухопловни превозни средства ![]()
22.05.2024
Со гордост ги објавуваме резултатите од Државниот натпревар по Англиски јазик, оддржан на 18ти мај во организација на акредитираната асоцијација на наставници по англиски јазик – ELTAM #englishlanguage
Нашата ученичка од 8 одделение, Симона Драгутиновиќ го освои првото место ![]()
![]()
![]()
![]()
Честитки за Симона и нејзиниот наставник-ментор. Посакуваме уште поголеми успеси во иднина![]()
21.05.2024
Во текот на изминатиот период учениците од
одделение работеа на проектна задача по предметот Англиски јазик ![]()
Наставничката Јасминка Костадиновска ги дефинираше насоките, а учениците ги изработија своите проекти за нашето училиште.
Гласањето беше од сите ученици од седмо одделение, а епитетот за најдобро видео го понесоа ученичките од 7¹ одделение: Јована Николоска, Снежана Минова и Сара Марку
#BestVideoChallenge#MySchoolVideo
17.05.2024
Ученичката Илина Димиќ од VII-3 одделение учествуваше на Државното првенство во атлетика за основни училишта во следните дисциплини:
скок во далечина
штафета 4×100 метри
трка на 100 метри
Честитки за Илина и наставничката по ФЗО, Даниела Маневска за успешното учество и освоеното
прво место
во скок во далечина![]()
Посакуваме уште поголеми успеси на сите атлетски митинзи на кои Илина учествува и е успешна и надвор од училиште #AthleteLife#firstplace#AthleticPerformance#athletictraining
16.05.2024
![]()
![]()
На Државниот натпревар по Музичко образование за вокална интерпретација – солисти, кој се одржа во Прилеп нашите ученици освоија ![]()
14.05.2024
Учениците од IV-2 и IV-3 одделение заедно со наставничките Катерина Тасевска и Марина Спасовска имаа едукативна посета на фабриката за кондиторски производи “Свислион”.
Целта на посетата беше учениците да ги прошират знаењата за стопанските дејности како дел од наставната содржина по предметот Историја и општество.
Swisslion![]()
На крајот од посетата учениците добија подароци и изразија голема благодарност за гостопримството, а ние се заблагодаруваме и заогружуваме уште една успешна соработка со родител од училиштето во чија организација беше посетата која ни донесе многу радости, слатки изненадувања, но и нови знаења #gifts ![]()
#FactoryLife #sweets ![]()
![]()
13.05.2024
“Гоцеви денови – 2024”, меѓународна манифестација организирана од ЗГМНЗ “Гоце Делчев” – Пчињски округ, Врање.
Во склоп на манифестацијата беше објавен и ликовен и литературен конкурс за ученици на тема ,,Животот и делото на Гоце Делчев”. Нашите ученици учествуваа на конкурсот и се закитија со вредни награди ![]()
![]()
![]()
Ученичката Неда Стрезоска, 2³ одделение го освои првото место на литературниот конкурс. Честитки и за Неда и одделенските наставнички Маја Младеновска и Елена Мингова.
Ученикот Максим Чаушевски од 8⁵ одделение, со наставничката – ментор Сузана Михајловска го освои првото место на ликовниот конкурс.
Им честитаме и на учениците и на менторите и им благодариме за достојното претставување на училиштето, кое благодарение на нив се закити со “Златна плакета”
13.05.2024
На Државниот натпревар по математика и учениците и менторите, уште еднаш ги покажаа своите знаења и ги потврдија резултатите од Регионалниот натпревар![]()
Честитки за менторите и наградените ученици, но и за сите оние кои со успешно учество го заокружија натпреварот ![]()
![]()
#mathematician#mathematics#MathematicsChallenge
10.05.2024
Со задоволство ги споделуваме резултатите од Регионалниот натпревар по Музичко образование.
Честитки за учениците и наставничката – ментор, посакуваме уште поголем успех на Државниот натпревар
#musiclover![]()
#MusicConnectsUs#MusicContest![]()
26.04.2024
Учениците од IV² и IV³ заедно со наставничките Катерина Тасевска и Марина Спасовска имаа едукативна посета на Собранието и ги проширија знаењата за законодавната власт – изучувани содржини по предметот Историја и општество. Се прошетаа низ ходниците, седнаа во пратеничките столчиња, го посетија Музејот на Собранието и љубопитно поставија “пратенички” прашања.
Благодарнот за гостопримливоста до сите вработени, а уште едно благодарам за госпоѓата која беше наш водич и многу посветено им презентиеаше на учениците и одговори на сите нивни прашања ![]()
улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје
02 / 24-30-552
@yahoo.com