27.09.2024

🌸🕊 Македонскиот уметник и хуманист, Живко Поповски – Цветин, кандидат за Нобеловата награда за мир, заедно со членовите на Цветиновиот комитет за мир, подготвија и потпишаа Декларација за мир во светот и против војните и употреба на нуклеарното оружје по повод одбележување на 79-годишнината од употребата на нуклеарно оружје во Хирошима и Нагасаки #stopwar #стопзаситевојни

🍀 Караванот на цвеќето и мирот денес го посети и нашето училиште при што се реализираше работилница со учениците од прво одделение.

27.09.2024

🏆 Уште една недела која ја заокружуваме победнички 🎖🥇🎖

⚽️ На општинскиот – меѓуучилишен натпревар во фудбал, нашите ученици го освоија 1️⃣ место #footballchallenge

После серија успешно одиграни натпревари, нашите фудбалери во финалето беа поуспешни од тимот на ООУ “Ѓорѓија Пулевски” и победија со резултат 6:2 #winnerswin#firstplace

👏 Честитки за учениците и наставниците и да се радуваме на многу победи во иднина 🏃⚽️🏃

10.09.2024

👉,,Бесплатен таблет за секој ученик од четврто одделение во Општина Аеродром” – уште еден проект кој нашата општина денес успешно го реализираше👏

🍀 Сите ученици од четврто одделение добија бесплатни таблети за полесно и непречено одвивање на наставата, но и полесно совладување и користење на новите технологии🌼

02.09.2024

🖍 Во изминатите денови се подготвувавме – творевме и другарувавме, за првиот училишен ден да го направиме весел, распеан и насмеан, а на првачињата да им посакаме најтопло добредојде во нашиот заеднички дом – нашето сакано училиште 🏫🍀

💐 Директорката на училиштето, Фоника Станоева ја отвори свеченоста, се заблагодари за довербата и привилегијата – токму нашето училиште да ги воведе дечињата во светот на знаењето, другарувањето со книгата и растењето рака под рака со наставниците и другарчињата❣️

🌿🌼 Започнавме со интонирање на државната химна и химната на училиштето, продолживме со уште неколку забавни точки, им поделивме подароци на првачињата, донација од компанијата Тримакс и на крај сите во еден глас посакавме СРЕЌЕН ПОЧЕТОК на уште едно заедничко патување 📚🎒#backtoschool#welcome#learning#friendship#unity🏫

11.06.2024

❣️Во текот на вчерашниот ден учениците од 3¹, 3² и 3³ одделение беа на еднодневна прошетка во Велес.

🚂 На почетокот на своето патување ја посетија Железничката станица во Скопје и музејот кој се наоѓа во склоп на станицата, а потоа со воз пристигнаа на својата дестинација.

🛤 Патуваме – другаруваме и се забавуваме и преку најразлични активности ги збогатуваме искуствата и ги прошируваме знаењата📤

11.06.2024

🪸🐿🌼На 8ми јуни во просториите на Природно – математичкиот факултет се одржа Државниот натпревар по Биологија на кој нашите ученици постигнаа одлични резултати🏵🦩🐝

👏Честитки за учениците и менторите, им посакуваме уште поголеми успеси во иднина🐞#biologychallenge🧬

07.06.2024

💦🏊 Цела учебна година со тренерите од Sports Academy Sky Wellness Спортска Академија Скај Велнес посветено “Учиме да пливаме”, благодарение на Општина Аеродром и Градоначалникот Тимчо Муцунски🌊

🏊‍♂️ Нашите вредни првачиња, кои беа опфатени со овој проект, заедно со својот наставник по Физичко и здравствено образование, Стефан Кукуноски – вредно, успешно и со задоволство ги посетуваа часовите по пливање 🌟#УчимеДаПливаме

❣️ За своето активно учество на проектот и учениците и наставниците добија Дипломи и Благодарници на свеченото – разиграно и распеано доделување на кое се обрати и Директорот на училиштето, г-ѓа Фоника Станоева, која се заблагодари за заложбата на сите вклучени во проектот, а на учениците им честита за посветеноста и љубовта кон пливањето како спорт💦#SwimLessons#пливање#ЗаЗдравиИСреќниПрвачиња

06.06.2024

Завршна претстава „Чао училиште, одиме на одмор“
🎊 Дојдете да се дружиме❣️🎊

06.06.2024

♻️ 5ти јуни – Светскиот ден за заштита на животната средина, во текот на вчерашниот ден пригодно го одбележаа учениците од Активот на 6️⃣ одделение на часовите по Англиски јазик со наставничката Јасминка Костадиновска #environmentalprotection

🎯 Учениците низ игра и квиз учеа како да се грижат за животната средина, а на своите мобилни телефони истражуваа специфични термини на оваа тема – за нивното значење, но и за превенција на тие појави #5jun#WorldEnvironmentDay2024⚠️ #stoppollution #globalwarming ⚠️‼️⚠️

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com