22.05.2025

Конкурсот за првенец на генерација 2016-2025 можете да го погледнете ТУКА

30.10.2024

🎶 Во текот на вчерашниот ден, под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ во нашето училиште се организираше едукативна забава на која настапи популарниот бенд ДНК, чии членови се бренд-амбасадори на проектот.

#gogreen#nulaotpad#рециклирај

♻️ Во рамки на проектот “Clean AirDrom” музичко – едукативниот караван, поддржан од Општина Аеродром го посети и нашето училиште со цел да ги мотивираме и анимираме учениците да станат активни учесници во проектот каде главна цел е подигање на свеста за одговорност кон животната средина, важноста на рециклирањето и еколошка самоиницијатива.

🔊 Во таа насока и ги повикуваме нашите ученици за посовесно и поодговорно однесување со отпадот, како и редовно користење на машината за пластични шишиња – поставена во училишниот двор.

📣 Повик до сите нас за поголема еколошка свесност и совесност – да се грижиме за околината и да се грижиме нашата општина да биде почиста и поубава за живеење. #CleanAirDrom

29.10.2024

💚 Денес во училишниот двор го засадивме пензискиот парк заедно со претставници на пензиските друштва: Триглав, Сава и КБ Прво пензиско друштво #ЗасадиЖелба

🌿Директорката на училиштето, Фоника Станоева со Градоначалникот на Општина Аеродром, наставниците и учениците ги посадија подарените садници, а се постави и клупата која ќе биде сведок на настанот, а потоа и место за уживање во сенките на дрвјата 🌳🍂🌼🌳

📌 Засадените дрвја, освен тоа што ќе го оплеменат просторот, ќе бидат и жива метафора за иднината на учениците дека секој чекор што тие го прават денес може да биде инвестиција во подобра иднина❣️

28.10.2024

📌 На 26ти октомври во Пехчево, во организација на SZTKM – Narodna tehnika na Makedonija и Сојузот на клубови на млади техничари и природници се одржа 61-от Државен натпревар на млади истражувачи, техничари и природници.

🏆Нашите ученици под менторство на наставничката Светланка Арсеновска покажаа одлични резултати ⤵️

🥇 Прво место за Боби Трајковски од 8⁴ одделение во областа “Бродомоделарство”.

🥇 Прво место за Илија Димитровски од 9⁵ одделение во областа “Електроника”.

🥇 Прво место за Доријан Николовски од 6⁴ одделение во областа “Ракетно моделарство”.

🥈 Второ место за Михаил Балески од 7² одделение во областа “Иновации”.

👏 Честитки за учениците и нивниот наставник – ментор, посакуваме уште поголеми успеси во иднина‼️

26.10.2024

📌 Вчеравечер успешно ја реализиравме едукативната работилница за родители на која се отворија многу прашања за врсничкото насилство, се споделија искуства, се разменија мислења и се обидовме да дадеме некои комплексни одговори кои ќе не доближат барем чекор до решенијата кои ни се бескрајно потребни.

👉 Со Сашко Коцев како модератор на настанот – еминентни психолози и директорката на нашето училиште, Фоника Станоева како педагог, го споделија своето искуство од активното работење на оваа тема.

📍 Патот е долг и неизвесен, посветеноста од целокупната заедница е неопходна, но сепак РОДИТЕЛИ – Отворената комуникација е најдобриот начин да го заштитите вашето дете од каков било тип на врсничко насилство. Охрабрете го вашето дете отворено да зборува на оваа тема‼️

🤝 Благодарност до Градоначалникот Дејан Митески и Општина Аеродром за поддршката и присуството на настанот.

#КрениГласПротивВрсничкоНасилство – Општествено одговорна кампања на #Макпетролwww.kreniglas.mk

22.10.2024

📌 Денот го започнуваме со Историскиот час во чест на нашиот Патрон, Љубен Лапе.

🔛 Во организација на наставниците по историја и историската секција беше прочитан пригоден текст за животот и делото на Љубен Лапе, а ученици од литературната секција прочитаа свои творби 🍀

Со оваа активност го започнавме

празничниот ден и го продолжуваме, во истиот дух и многу содржини ✨️

21.10.2024

Ве покануваме да ни бидете гости на одбележувањето на патрониот ден на нашето училиште. Да се забавуваме и да оддадеме почит кон ликот и делото на Патронот на училиштето, македонскиот Херодот – Љубен Лапе

18.10.2024

✨️ Вчерашниот ден беше исполнет со дружење, игра, забава и спорт – вчера беше ден за пикник – ден за другарување со природата 🍀🌞🌿

❣️ Учениците од одделенска настава заедно со своите наставнички, на падините на Водно го реализираа есенскиот еднодневен излет ⛰️

07.10.2024

🎭 Караванот на TEATAR PROVOKACIJA денес го посети нашето училиште, а актерите ја изведоа претставата “Работата го краси човекот” – детски мјузикл работен по басната “Штурецот и Мравката”. Претставата е уште една од активностите во нашето училиште, реализирана по повод Светската недела на детето #детсканедела

🎯 Целта на претставата е да ги научи најмладите на одговорност и навремено завршување на обврските, помагање на своите родители, но не изоставувајќи го и моментот на уживање во слободното време. Преку претставата децата учат дека во животот има време за сè, само треба добро да се организираме 🌼🐜🎻🍀

05.10.2024

🍀 Денешниот ден, 5ти Октомври, е прогласен за Светски ден на учителите‼️#Teacherday2024

Професијата наставник е благородна професија што ги обликува карактерот и иднината на една личност.

🌺🌼Да се биде учител, наставник, професор, воспитувач е најблагородната, најубавата, но и најодговорната професија што подразбира огромна посветеност не само кон младата личност туку и кон оној на кој му се потребни знаења, вештини и мотивација 👨‍🏫👩‍🏫

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com