02.10.2026

Документите:
*Повик за избор на правобранител
*Пријава за ученички правобранител
*Пријава за заменик ученички правобранител

може да се погледнат и превземат од Мени/Документи/Огласи (во прилог ЛИНК од истото)

15.04.2026

📣 Драги првачиња – почитувани родители‼️

🔜 Го најавуваме и закажуваме уписот за новата учебна година 👩‍🎓👨‍🎓

🤗 Ве очекуваме ❣️

Известување за упис на ученици во прво одделение

Пријава за запишување на ученик во прво одделение

Распоред за опсервација и запишување на ученици во прво одделение

05.03.2026

Во рамките на кампањата “ Јас одлучувам . Моето здравје, мојата иднина” учениците од 8-1 одделение заедно со нивниот одделенски раководител, активно и посветено се приклучија со изработка на разновидни изработки, презентации и кусо видео. Целта на кампањата е промоција на здрави стилови на живот, навики и превенција од алкохол, цигари, дрога и коцкање.

22.09.2025

📌 Секојдневно се трудиме да ги подобриме условите за работа во нашето училиште. Нашите ученици и грижата за нив ни се приоритет, како на нас така и на сите вклучени во образновниот процес – наставниците, родителите и целата заедница.

👉 Овојпат во соработка со општествено одговорната компанија, ,,Енерика дооел” – Скопје и благодарение на нивната донација успеавме да обезбедиме нови клупи и столчиња за нашите ученици 💯🪑✏️

🤝 Благодарност за донацијата и за успешната соработка.

05.09.2025

📌 Општина Аеродром ги додели признанијата за ученик на генерацијата и за најдобар наставник/стручен соработник.

🎯 Од нашето училиште, уште еднаш, потврда за својот успех добија ⤵️

⭐️ Ана Велкоска – Првенец на генерацијата 2016/2025 година.

⭐️ Сања Станисавовска – Наставник по Биологија.

👏 Искрени честитки за сите наградени – ова е уште едно признание за посветеноста, професионалноста и трудот кој се вложува во она што се сака.

02.09.2025

👉,,Бесплатен таблет за секој ученик од четврто одделение во Општина Аеродром” – уште еден проект кој нашата општина денес успешно го реализираше👏

🍀 Сите ученици од 4️⃣ одделение добија бесплатни таблети за полесно и непречено одвивање на наставата, но и полесно совладување и користење на новите технологии 💻📲📱#newtechnology#NewGeneration#learning#tablets

01.09.2025

🖍 Во изминатите денови се подготвувавме – творевме и другарувавме, за првиот училишен ден да го направиме весел, распеан и насмеан, а на првачињата да им посакаме најтопло добредојде во нашиот заеднички дом – нашето сакано училиште 🏫🍀

💐 Директорката на училиштето, Фоника Станоева ја отвори свеченоста, се заблагодари за довербата и привилегијата – токму нашето училиште да ги воведе дечињата во светот на знаењето, другарувањето со книгата и растењето рака под рака со наставниците и другарчињата.

📌 На присутните им се обрати и Градоначалникот на нашата општина, Дејан Митески кој ги поздрави родителите и учениците и на сите ни посака среќна и успешна учебна година.

🌿🌼 Започнавме со интонирање на државната химна и химната на училиштето, продолживме со уште неколку забавни точки и на крај сите во еден глас посакавме СРЕЌЕН ПОЧЕТОК на уште едно заедничко патување 📚🎒#backtoschool#welcome#learning#friendship#unity🏫

01.09.2025

🍀Драги ученици,

Ви посакуваме среќен и успешен почеток на оваа учебна година 📖

Мили првачиња – топло добредојде❣️

📚Со нетрпение ве очекувавме и се надеваме дека сте подготвени за нови знаења и безброј авантури‼️

✨️Да учиме и растеме во уште едно заедничко патување.

🍀 СРЕЌЕН ПОЧЕТОК 🍀

13.06.2025

Одлука и прогласување на Првенец на генерација 2016-2025 – Превземи

28.05.2025

💯 Денес нашето училиште и Општина Аеродром беа домаќини на Саемот за наука, кој е дел од проектот „Науката и јас“ #СаемЗаНаука#sciencefair

📌 Настанот го отвори директорката на училиштето, Фоника Станоева, а на присутните им се обрати и в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. Тие го истакнаа своето уверување дека секое дете во себе носи потенцијал кој со вистинска поддршка и менторирање може да биде препознаен и правилно да се развива 👩‍🔬🔭🤖🔬👨‍🔬

👏 Честитки за организацијата „Македонија 2025“ која со поддршка од општествено – одговорната компанија „Џонсон Мети“ беспрекорно го организираше овој настан на кој се истакнаа многу ученици со своите познавања од различни научни области и не уверија дека нашата иднина и иднината на нашата држава ќе биде во сигурни раце ❣️

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com