12.12.2022

🐺“Операта на шумските животни” 🦁 – детска интерактивна музичка претстава, која во МОБ ја проследија учениците од 3³ одделение заедно со нивните наставнички Марина Спасовска и Ивана Величковска 🌼

11.12.2022

💫🌼Детска Евровизија 2022 се оддржа во Јереван, Ерменија, нашата држава ја претставија Лара, Ирина и Јован 🧚‍♀️🧚‍♂️

🎶 Тие на сцената во Јереван ја изведоа песната „Животот е пред мене“❣️

👉 Сите заеднички го поздравуваме нашиот ученик Јован и им честитаме на сите учесници за вложениот труд и постигнатите резултати 👏

09.12.2022

📌 Учениците од I-3 одделение со наставничките Маја Младеновска и Ристенка Димковски и Образовниот асистент Бојана Трајковска реализираа работилница по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со интелектуална попреченост на тема:

“Способноста и попреченоста припаѓаат на иста скала” 🍀

🧑‍🏫 Термините „способност“ и „попреченост“ може да се разгледуваат на скала со различни степени и дефиниции. Сите, без разлика кои се, се вклопуваат некаде на оваа скала. Ова е важно за сите луѓе, но можеби е најважно за децата

🤷Цел: Децата да не се класифицираат врз основа на способноста или онеспособеноста, туку фокусот да се стави врз нивната функционалност – нивните потенцијали, можности и способности – за целосно да ги уживаат своите права на образование🧑‍🦯👩‍🦼💏

#siteSmeEdnakvi#bidiDrugar

07.12.2022

➡️ Првиот Словен кој станал епископ, татко на Кирилицата, основач на прв словенски Универзитет, најучена личност во македонската култура, величествен моралист – Свети Климент Охридски ❣

📌 Свети Климент живеел на преминот од деветтиот во десеттиот век, роден е околу 840, а починал 916 година. Тој е патрон на Македонската православна црква и заштитник на сиот македонски народ. Денешниов ден за нас е голем празник – достојно да го прославиме споменот на Свети Климент Охридски Чудотворец 🍀

💫Учениците од 8мо одделение по предметот “Нашата татковина” како и учениците од Литературната секција твореа на оваа тема со што уште еднаш ќе ја покажеме благодарноста кон ликот и делото на Великанот кој не задолжи сите нас, нашите предци и идните поколенија 💞

06.12.2022

📌Оваа година навршија 30сет години од воведувањето на денарот како наша парична единица🪙

📍По тој повод Народната банка во текот на целата година е домаќин на љубопитни посетители, како нашите ученици од 3³ одделение, кои со наставничката Марина Спасовска, на ден 6.12.2022 година,беа во посета на Народната банка по повод 30сет години од монетарната самостојност ма нашата држава 💰🪙💰

📌 Учениците од 3⁶ одделение со наставничката Елизабета Славковска и Образовниот асистент Ирена Милевска реализираа работилница по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со интелектуална попреченост на тема: “Охрабрување на лицата со посебни потреби и обезбедување инклузивност и еднаквост”.

🙆‍♀️🙆 Денот има за цел да промовира подобро разбирање на полето на хендикеп, со фокус на правата на лицата со посебни потреби 👨‍🦼👨‍🦽

🎯 Целта е да се зголеми свеста за подобро разбирање и поттик на луѓето да бидат посвесни за правата.

#siteSmeEdnakvi

👉 Во спортската сала на ООУ “Љубен Лапе”, се одиграа натпревари во одбојка за женски, зона Југ, на кои одбојкарките на ООУ “Љубен Лапе” ги победија екипите на ООУ “Круме Кепески” и ООУ “Партенија Зогравски”

🤾🏅🎯Со оваа победа нашите одбојкарки ќе не претставуваат на градско првенство кое ќе се одржи во текот на второто полугодие🤾‍♀️🤼‍♀️

👏 Честитки до ученичките и професорите 🍀

🎯 Во просториите на Домот на хуманитарни организации ,,Даре Џамбаз” се одржаа 36тите Регионални квиз – натпревари кои ги организира Противпожарниот сојуз на Град Скопје 🚒

🏅🥇🏅Нашите ученици од ООУ “Љубен Лапе” ја претставуваа општина Аеродром – како општински победници – и ја претставија во најдобро светло освојувајки го првото место 🏆🏆🏆

👏Честитки за учениците и нивниот наставник – ментор Андријана Савеска❣️

👉Со цел да ги прошириме нашите знаења за хемијата како наука, но и да напредуваме паралелно со развојот на современата технологија, во организација на наставничката по хемија, Љупка Симоска ги поканивме професорите од Технолошко – Металуршкиот факултет во Скопје да дојдат на посета во ООУ „Љубен Лапе “ и да ни ги пренесат знаењата од современата лабораторија💫

📌Целта на оваа посета беше учениците да се запознаат со изгледот и функцијата на една современа лабораторија, со лабораторискиот инвентар и мерките на претпазливост во хемиска лабораторија, да се стекнат со нови проширени знаења и практични експерименти на различни теми по природните науки🎯

🍀 Голема благодарност до Технолошко – Металуршкиот факултет во Скопје и до сите професори што ни ја овозможија оваа едукација, од која научивме многу повеќе од редовните наставни содржини и го збогативме нашето знаење со многу новитети. ↔️Предавањата и практичните активности беа одржани на следниве теми од професорите:

Доц. д-р Мишела Темков “Технологија за производство на фондан”

Проф. д-р Бети Андоновиќ “Математика и наноматеријали”

Бојан Атковски “Екперименти од општа хемија”

Вонр. проф. д-р Бошко Бошковски “Технологија и хемија”

✔️Се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи понатаму и во иднина и дека редовно ќе ги надградуваме знаењата и со идните наши генерации❣️

🔝На ден 25.11.2022 година во нашето училиште се одржа 36от финален квиз натпревар по противпожарна заштита во организација на Општинскиот Противпожарен сојуз Аеродром🚒↔️Учество земаа сите основни училишта од општина Аеродром, а нашето училиште беше домаќин на настанот.

🏆🥇🏆Учениците од нашето училиште освоија прво место на противпожарниот квиз во категорија ,,кадети” 👏

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com