28.12.2022

✨️🎉 Новата година тивко чукна на вратата од едно III⁶ одделение. Учениците вредно пишуваа, па весело цртаа, боеја и изработија различни новогодишни изработки.

👉При тоа ги изразија своите новогодишни желби:

🎀да нема дете гладно, голо, босо, никаде да нема војни, мир да цути во цел свет🎀

27.12.2022

🎄✨️🎄Пред нас е најубавиот период од годината во кој сите споделуваме радост и љубов со најблиските 🎀

🎉 Старата година ја испраќаме и со радост и нетрпение ги очекуваме предизвиците во Новата година. Учениците од 4то одделение одлучија со својата хуманитарна акција да ги насмеат лицата на дечињата кои во моментов се наоѓаат на лекување во Детската болница “Козле” и во Комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје 💫🎈✨️

🎊 Учениците заедно со наставничките и родителите успешно и со голема радост ја реализираа акцијата, со надеж дека ќе насмеат и израдуваат уште некое детенце ❣️

#zaednomozemese#caringissharing

25.12.2022

По повод од еден од најголемите христијански празници – Божиќ, Општина Аеродром упатува честитки до сите христијански верници кои гo прославуваат овој ден според Грегоријанскиот календар и до целата католичка заедница во Република Македонија.

🙏 Ви посакуваме овој голем Христијански празник да го поминете заедно со своите најблиски во добро здравје, духовен мир, радост, хармонија, разбирање, благосостојба и надеж за подобро утре.

За многу години празникот! Христос се роди!

24,12,2022

‼️ Општина Аеродром во целост ги демантира информациите објавени на неколку портали, во врска со наводните активности за наредната недела во ООУ ,,Љубен Лапе”.

👉 Станува збор за активност која е предложена од страна на учениците. Но, по разгледувањето на предлозите од страна на раководството на училиштето, а по консултација со надлежните служби во општината, донесена е одлука планираните активности да бидат модифицирани и од нив да бидат прифатени само оние кои се соодветни на образовниот процес.

❌ Активноста, за која порталите информираа, не е дел од планирате активности на учениците.

👉 Како општина остануваме посветени на нормалното одвивање на образовниот процес и вметнување дополнителни содржини кои носат придобивки во развој на животот на учениците. Со цел избегнување на понатамошно дезинформирање на јавноста, апелираме во иднина да се објавуваат само проверени информации, а не манипулации.

24.12.2022

👉 Во текот на вчерашниот ден учениците од 3-3 одделение со наставничката Марина Спасовска во соработка со ЈП Комунална хигиена учествуваа во еколошка едукација за подигнување на свеста кај младите за правилно селектирање на отпадот и рециклирање ♻️✅️✳️

#ekologija#ekoSvest#cistaokolina

20-21.12.2022

🎄🎉По повод новогодишните празници, во изминатите два дена во холот на училиштето се организираше Новогодишен базар✨️

🎀Учениците, заедно со своите родители, баби и дедовци изработуваа рачни творби, украсни предмети, домашно приготвена храна при што заедно со одделенските раководители многу успешно ја реализираа активноста🎯

📌На Базарот родители, вработени во основното училиште, наставници, по симболична цена купувааа од приложените изработки💫

👉Собраните финансиски средства ќе бидат искористени за потреби на училиштето со цел подобрување на условите🌼

#zaednoMozemeSe#odNasZaNas

20.12.2022

Признанија за најдобрите просветни работници во Аеродром

📜 Градоначалникот Тимчо Муцунски додели пофалници за најдобрите просветни работници во Општина Аеродром. Станува збор за признание што традиционално ќе се доделува секоја година за вработените во основните училишта што постигнале значителни резултати во своето работење.

👩‍🏫 Изборот на најдобрите просветни работници го направи комисија составена од вработени во општината и претставници на основните училишта. За најдобар одделенски наставник е избрана Светлана Јосифоска од „Лазо Ангеловски“, најдобар предметен наставник е Јасминка Костадиновска, наставник по англиски јазик во „Љубен Лапе“, а најдобар стручен соработник е Татјана Трајковска, педагог во „Димитар Македонски“.

🫶 Градоначалникот Муцунски им се заблагодари за придонесот што тие го даваат тие во образовниот процес и во едукацијата на учениците.

🗣 „Како човек кој е дел од образованиот систем, свесен сум дека да се биде просветен работник во време во кое секојдневно се соочуваме со сериозни образовни предвизвици е голема обврска, но и улога со која треба да бидете навистина горди. Просветните работници и сите вработени во училиштата се оние што секојдневно и макотрпно ги градат идните генерации на Аеродром. Денешните признанија се мал гест, но јас како градоначалник и целиот тим на Општина Аеродром сме благодарни за улогата што вие ја имате во општеството и придонесот што вие го давате во градењето на квалитетен образовен процес“, истакна Муцунски при доделувањето на признанијата.

📚 Општина Аеродром во иднина ќе продолжи да инвестира во инфраструктура и помагала со кои ќе се подигне квалитетот на образовниот процес. Образованието и младите се во фокусот на работата на локалната самоуправа и преку низа политики и мерки ќе продолжиме да ги наградуваме и да ги мотивираме квалитетните наставници, воспитувачи и ученици.

20.12.2022

🍬🧁🍩“Пред сто и повеќе години во градот Негобило, најголемиот мал град на светот, живеел слаткарот Марко. Сите го сакале, посебно малите деца кои уживале во неговиот сладок свет од чоколада.

Една вечер, некаде околу полноќ, слаткарот Марко измесил една чудна мајсторија од шеќер и млеко и тоа чудно тесто лека полека се претворило во дете, вистинско шеќерно дете со крупни темни очи од печен бадем и темна коса од чоколада” – Шеќерната приказна ни дојде на ред за обработка како лектира 📖

❣️Учениците заедно со своите наставнички од Активот на 3то одделение ја завршија по предметот македонски јазик, но сите заеднички одлучија секој да направи свое Шеќерно дете …

👏Сите вредно работеа на колачиња изработени од дома – дел од нив ги подготвија во кујната на нашето училиште, но сите подеднакво беа убави, насмеани и изработени по теркот на своите мајстори 🧚‍♀️🍀🧚‍♂️

19.12.2022

📌 Преку посета на библиотеката во непосредна околина, 3⁶ одделение со наставничката Елизабета Славковска имаа интегрирани активности по наставните предмети: македонски јазик – Медиумска култура, библиотека и општество – Професии на моите родители 🌼

👉 Учениците се запознаа со библиотеката и професијата библиотекар. Научија како треба да се однесуваат во библиотека и со позајмените книги, како да се зачленат, но и ја запознаа библиотекарката која лично им раскажа за својата професија

👨‍🎓👩‍🎓 Учениците ги поздравија вработените во библиотеката и прочитаа убави мисли и цитати искажани за книгата 📚📖

📌 Завршен настан од проектот „Социјална инклузија на ученици со посебни потреби“ на кој в.д. Директорката Ивана Цветановска на учениците со посебни образовни потреби им додели едукативни сетови, кои во текот на изминатите неколку месеци беа изработувани од нивни соученици 💫

👉 Благодарност до Црвен Крст на РСМ ОО Кисела Вода за донацијата и успешната соработка, се надеваме на уште поубави и поуспешни проекти во иднина❣️

#sitesmeednakvi#zaednoMozemeSe

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com