21.02.2023

📍Во рамките на воннаставните активности по предметот Граѓанско образование група ученици од 8мо и 9то одделение од нашето училиште, остварија посета на Собранието на Република Северна Македонија, заедно со своите наставнички по граѓанско образование, биологија и географија✨️

📌 Претставничката на Парламентарниот институт на Собранието им беше водич низ најпознатите и најимпресивните простории во нашиот Законодавен дом и нивните карактеристики.

Таа, во непосредна комуникација со децата, на мошне интересен начин го претстави историјатот на институцијата и начинот на функционирање и организација на работата на пратениците, со цел проширување и продлабочување на знаењата за важноста и значењето на оваа институција✅️

👨‍🎓👩‍🎓Учениците импресионирани од посетата, се разделија од своите домаќини со ветување за следна дружба и соработка💫

17.02.2023

📍На 4ти февруари нашето училиште беше домаќин на Општинскиот натпревар по математика организиран од Сојузот на математичари на Македонија, во кој земаа учество 420 ученици, од 4то до 9то одделение, од сите основни училишта на територијата на Општина Аеродром‼️

🔛Резултатите на учесниците се следни: 39 први награди, 51 втора награда, 59 трети награди и 59 пофалници 🎖🥇🏅

👏 Им го честитаме постигнатиот успех на наградените ученици од нашето училиште и нивните ментори и им посакуваме уште поголем успех на престојниот Регионален натпревар, кој исто така ќе се одржи во нашето училиште, на 4ти март 2023 година🔝🎯

16.02.2023

✨️Ја споделуваме радоста од постигнатиот успех на квизот на знаењата “Ученичката квизотека”, во организација на Детскиот културен центар Карпош, на 14.2.2023 година.

📌Нашите ученици Даријан Блажевски од 8⁴, Неда Стојановиќ од 9⁵ и Лука Николовски од 9⁵ одд., одлично се покажаа во натпреварот во знаења и обезбедија пласман во полуфиналето.

👏Честитки за нашите претставници и им посакуваме понатамошен успех во натпреварот❣️

Detski kulturen centar “Karpos” Детски културен центар „Карпош“-Скопје

09.02.2023

🎯Забавен училишен спорт – Проект при ФУСМ во кој активно учество зема и нашето училиште ⚽️🥅

📌За успешно реализирани активности во Проектот, ни беше доделена спортска опрема од страна на Претседателот на комисијата за Забавен училишен спорт при ФУСМ, проф. Зоран Наков.

👏Честитки и до одговорните наставници по ФЗО: Александра Баевска, Димитар Ѓатовски и Владимир Петков за успешната реализација на Проектот🎖

09.02.2023

♟️🎯Благодарност до Шаховската федерација на Македонија која не мотивирааше да се вклучиме во изучувањето на шахот како спорт кој го поттикнува логичкото размислување

📌Нашето II¹ одделение со своите наставнички активно се вклучи и ги реализираше сите активности во првото полугодие и со големо задоволство продолжува и во второто полугодие кон уште повисоки цели и резултати за наредната година да стигнеме до ШАХ-МАТ позиција.. ✨️👏

04.02.2023

✨️Денес во Македонија се одбележува 151 годинa од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, организатор на македонското револуционерно национално – ослободително движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век⚔️

📌 Гоце Делчев го чествуваме и како идеолог, учител, визионер и најзначаен раководител на Македонската револуционерна организација.

📍По повод јубилејот од раѓањето на овој Великан учениците од 8¹,8² и 8³ одделение по предметот Нашата татковина беа вклучени во разни активности и преку нивните изработки му дадоа почит на македонскиот револуционер‼️

01.01.2023

Среќна Нова 2023, мир, радост, здравје, спокој и благосостојба

30.12.2022

📌 Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, во организација на Општина Аеродром ја продолжуваме традицијата на организирање хуманитарни настани.

🍀 “Подари среќа”🍀 беше мотото на овогодинешниот Базар кој е од хуманитарен карактер, за кој сите сложно и заеднички се подготвувавме

✨️🎄Беа организирани многу Новогодишни работилници за учениците од прво до петто одделение, за да можеме со скромен допринос, да им ги разубавиме празниците на семејствата од социјално-ранливите категории во Општина Аеродром✨️💫

🎀🎈Благодариме на сите кои го посетивте нашиот штанд со уникатни изработки од рачињата на нашите ученици, а со самото тоа сите заеднички ќе насмееме некои детски очиња и ќе исполниме некој дом со радост😇🥰

#zaednomozemese#caringissharing

29.12.2022

🎊🎈“Од децата за децата” е мотото под кое не поканија од Драмскиот театар во Скопје на претставата

🎀🎀Новогодишен сон🎀🎀

во која учествува и нашиот ученик Милош Тепавец од 9³ одделение во улога на 🧚‍♂️ Свиленото војниче 🧚‍♂️

✨️Прекрасната новогодишна бајка претставена на сцена која беше како еден вистински сон, во текот на вчерашниот ден ја посетија учениците од активот на второ одделение заедно со своите наставнички❣️

😇🥰 Со радост и нетрпение учениците го дочекаа денот кога ќе ја посетат претставата, а од таму понесоа уште повеќе насмевки и воодушевувања 🎉

28.12.2022

✨️🎄По повод новогодишните празници, наставничките од III -1 одделение Јасна Ристиќ и Елена Чорлевска заедно со своите ученици подготвија приредба за нивните родители🎈🎊🍀

📌Целта на оваа приредба беше поттикнување на тимската работа и креативноста кај учениците, дружење, зајакнување на самодовербата и комуникацијата👏

🎀Наставничките и учениците од 3¹ на сите им посакуваат среќни новогодишни празници❣️

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com