09.03.2023

❣️Училишната програма “Ѕвон” која вчера беше емитувана на Македонската Радио Телевизија беше пригодно посветена на Меѓународниот ден на жената 💐 8ми Март 💐

Учениците од 3³ одделение, заедно со наставничката Марина Спасовска ја имаа честа да бидат гости во програмата каде се дружеа со ученици од други училишта🌷🌼

👏 Ги поздравуваме учениците и им честитаме за достојното претставување на нашето училиште

#happywomensday#8thmarch

08.03.2023

🌸Учениците од Литературната секција на својата последна средба своите творби ги посветија на 8ми Март – Интернационалниот ден на жената 💐

На хамер во бојата на љубовта, топлината и цутот ги истакнаа своите творби со честитки за празникот и пригодно го збогатија холот на училиштето❣️

06.03.2023

🔛Создавањето на пријатна средина за работа со воспоставен вредносен систем за добра меѓусебна соработка меѓу сите учесници во секојдневието на нашето училиште е една од нашите највисоки цели‼️

📍 Во име на тоа, но и за подобрување и позитивна надоградба на тие вредности, во текот на минатата недела колешката м-р Милка Тримчевска – Координатор на Тимот за професионален развој во нашето училиште, реализираше интерна обука, за наставниците и стручните соработници на тема: “Климата и културата во училиштето – услов за ефективно училиште”.

👏 Честитки за иницијативата и успешната соработка, но и за разбудениот интерес за обуката која се реализираше во два дена со две различни групи на учесници ✨️

01.03.2023

🌼Во текот на вчерашниот ден, по повод 1ви Март учениците од I³ одделение изработија венчиња од кокичиња – предвесникот на пролетта

🌷Учениците од Дневниот престој во училиштето изработија мартинки и за себе, а и за дел од вработените во училиштето💮

01.03.2023

🍀 Во текот на вчерашниот ден и учениците од II⁶ одделение заедно со наставничката Тања Атанасова и образовниот асистент Словенка Камчевска го одбележаа Меѓународниот ден на ретки болести. 📍Заедно преку обоени дланки, цртежи, пароли, изразија поддршка за лицата со ретки болести и испратија порака: Ретки сте затоа што сте храбри! Нашите раце ги подаваме кон вас! 🤲✨️❣️

28.02.2023

‼️Светскиот Ден на ретки болести – 28ми февруари – е годишен настан чија главна цел е подигнување на јавната свест за ретките болести и влијанието кое тие го имаат на квалитетот на живот на пациентите 👐🏽🫶🤲🏿

🍀 Учениците од Активот на трето одделение како и учениците од 1⁵, 2¹ и 2³ одделение, со нивните наставнички го одбележаа Денот на ретки болести и испратија порака за поддршка, грижа и прифаќање на лицата со ретки болести: “Денес да ги обоиме нашите дланки и такви да ни бидат секој нареден ден”

#AloneWeAreRareTogetherWeAreStrong

23.02.2023

📚Во текот на вчерашниот ден, во заедничка соработка на Активот на трето одделение и Училишната библиотека, нашето училиште го посети писателката за деца и возрасни г-ѓа Јадранка Клисарова🍀

👉 На ред за обработка ни дојде лектирата “Децата од моето училиште” која е напишана од перото токму на оваа писателка. Говоревме за случувањата во книгата, нивната вистинитост и реалност, извлековме поуки, но и препознавме дел од секојдневието на нашето училиште во тие раскази✨️

💫 На крајот од нашата средба авторката потпиша многу книги, учениците и подарија свои скромни изработки во знак на благодарност, а сите со себе понесовме убав спомен❣

👏 Благодарност до авторката за посетата и убавата соработка – до некои нови дружења и средби 🌼📚

22.02.2023

📌 Интересот за шахот како спорт во нашето училиште е се поголем, а проектот “Шах во училиштата”, се поактуелен❣️

👉 Ја прошируваме соработката за уште поголеми резултати✨️

По ООУ Киро Глигоров, ООУ Владо Тасевски и ООУ Вера Циривири Трена и ООУ “Љубен Лапе” Аеродром се придружува на основните училишта во кои ако не сите, тогаш сигурно поголемиот дел на одделенски наставници, ја имаат посетено обуката за одржување на часот по шах.

Сликите се од обуката на која учествуваа дваесетина наставнички од ООУ Љубен Лапе.

21.02.2023

👉 По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21ви февруари, во ООУ “Блаже Конески” – Аеродром се одржа пригоден настан под мотото “Јазикот на мојот дедо и прадедо”📖

✨️ Под ова мото беше распишан и Литературен конкурс на кој конкурираа ученици од сите училишта од нашата општина‼️

👏 Честитки за нашиот ученик, Бојан Тодоровски од 7⁴ одделение и неговиот наставник – ментор, Милка Тримчевска за освоена прва награда во категорија на ученици од предметна настава 🍀

❣️ Искрени честитки за колегите од ООУ “Блаже Конески” за успешната реализација на настанот со желби за уште повеќе вакви и слични случувања🔝

21.02.2023

‼️21ви февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик – да го чуваме и негуваме мајчиниот јазик❣

,,ЈАЗИКОТ Е ЕДИНСТВЕНАТА НАША ТАТКОВИНА.”

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com