21.03.2023

♻️Според Еко – програмата, денес за задача имавме да го уредиме холот на училиштето, училниците и ходниците 💐

🌼На главниот влез направивме Еко – цветно пано, засадивме цвеќиња во жардинериите во холот и во училниците⚘️🎀

🎊 Целото училиште беше раздвижено со многу активности: дел од учениците цртаа, твореа и боеја во најживописните бои на пролетта🪷🌿

✨️Со раширени раце ја дочекавме пролетта и и посакавме најтопло добредојде во нашето училиште 💕

#springtime#flowers#екоучилиште

21.03.2023

❣️21ви март – освен што е Ден на пролетта тој е и Светски ден на поезијата и Светски ден на лицата со Даунов синдром – во еден ден собран целиот цут, насмевки, уникатност и емоција ☺️🌷⚘️✨️

Ги одбележуваме сите заедно, со многу љубов и посветеност 💝

#WorldDownSyndromeDay2023#WorldPoetryDay#springtime

21.03.2023

🌿Во организација на Македонското биолошко друштво – ПМФ Скопје, се реализираше Општинскиот натпревар по Биологија на кој зедоа учество и нашите ученици 🪷🐥

‼️Резултатите се повеќе од одлични – честитки и посакуваме поголем успех на Регионалниот натпревар 🔝

20.03.2023

🙂☺️ 20ти март – Светски ден на среќата 🍀‼️

Денес учениците од трето одделение заедно со своите наставнички подготвија пригодни пораки за среќата – ги разменија меѓу себе, но и поделија на дел од вработените во училиштето❣️

Сите заедно да се потсетиме дека среќата не е крајна дестинација туку патека по која треба секојдневно да чекориме 🌼

#happinessquotes#dayofhappiness

20.03.2023

✅️ Нашите ученици, заедно со нивниот наставник – ментор по хемија беа многу успешни на Општинскиот натпревар 👨‍🔬👩‍🔬

👏 Честитки и уште поголеми успеси на престојните натпревари 📤

20.03.2023

🌷Во пресрет на 21ви март, Денот на пролетта, оваа работна недела во нашето училиште ќе биде Еко недела – исполнета со многу еко-активности
#ЕкоУчилиште#ЧистаОколина#ЗдраваСредина♻️🍀

17.03.2023

🌿🪷На општинскиот натпревар по Природни науки, кој се одржа на 10 март нашите ученици постигнаа значајни резултати🍀🐥🐼

👏Честитки за учениците и нивните ментори за постигнатиот успех💐

🐠Одиме на Регионален натпревар – уште поподготвени 🌼

16.03.2023

👉Учење, споделување лични искуства и дискусии во Еразмус проектот

✨️ Немаш право да ми вршиш насилство✨️

✅ Од 5 до 11 март се одржа мобилноста од овој проект на кој учениците од нашето училиште заедно со одговорните наставници го посетија училиштето “Anadolu Lisesi” во Назили, Турција🌸

✅На оваа мобилност нашите ученици беа вклучени во многу активности, заедно со учениците од другите земји учеснички: Италија, Романија, Полска и Турција.

Споделуваа искуства за сајбер булинг, но и стекнаа вештини – како во иднина да се заштитат и справат со таков вид насилство 🌼

✅ Домаќините приредија многу изненадувања и со добра организација се реализираа повеќе прошетки при што учесниците ја посетија куќата на Мајка Богородица, стариот град Ефес, туристичкото село Ширинче, Кушадаси, Памук кале, фабриката за сребро и драгоцени камења и базенот Клеопат

✅На завршниот ден од мобилноста учесниците добија Сертификати за учество, а посетата во Турција беше заокружена со традиционото парче торта кое означува успешно завршена мобилност👏

#YouHaveNoRightToBullyMe#Erasmus

10.03.2023

👉 На 4ти март нашето училиште беше домаќин на Регионалниот натпревар по математика организиран од Сојузот на математичари на Македонија, во кој земаа учество 225 ученици, од 4то до 9то одделение, од сите основни училишта на територијата на Општина Аеродром‼️

👏 Им го честитаме постигнатиот успех на наградените ученици од нашето училиште и нивните ментори и им посакуваме уште поголем успех на престојниот Државен натпревар🎯

09.03.2023

🌼 Во текот на вчерашниот ден учениците од 3¹,3²,3⁴ и 3⁵ одделение своите изработки ги поделија на дамите кои ги сретна во околината на училиштето и во трговскиот центар “Бисер” 💐🍀

🌷 Радоста и воодушевувањето за подарокот беше обострана, а цветчињата изработени и подарени од срце ❣️

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com