03.04.2023

🌈 Светски ден на свесноста за аутизмот — ден посветен на информирање и активизам за аутизмот кој се одбележува секоја година на 2 април 🤝

👉 Нашите ученици од 1⁵ одделение, заедно со своите наставнички и образовниот асистент дадоа несебична поддршка и преку својата изработка испратија искрена порака за поголема свесност и подобри услови за овие лица❣️#worldautismawarenessday

03.04.2023

👉 На 30ти март учениците од 3³ одделение со својата наставничка, Марина Спасовска, во рамки на активноста Отворен кабинет се сретнаа и поразговараа со Претседателот на нашата држава 🍀

#отворенкабинет

24.03.2023

🌿 Оваа наша Еко – недела ја затвараме со Еко – пораките преку кои нашите учениците имаа можност, на креативен начин, да се изразат и од срце да ги испратат до сите нас – да ја чиваме животната средина, и да ја подигнеме нашата еколошка свест

♻️#ekomassages#ekologia

24.03.2023

🍀🌼 Во текот на целата недела имавме најразлични еко – изработки инспирирани од природата и екологијата ❣️🪴🌷

👉 Ви ја претставуваме

Еко – гасеницата на учениците од активот на трето одделение, изработките со пролетни мотиви на каменчиња од учениците од Дневниот престој, а учениците од предметна настава сликаа и моделираа на стаклени површини и имаа Еко – ЛЕГО изработки‼️

♻️#ekouciliste#springtime

24.03.2023

♻️ Во текот на целата Еко – недела секој ден на третиот час, учениците од Еко – патролата го чистеа училиштето и училишниот двор🌿

🚮 Да ја чуваме природата и да се грижиме за нашето опкружување – да ја направиме промената, сите заеднички – секој од нас да застане во редот и да биде позитивен пример за чување на околината ✅️

#ekouciliste#cistaokolina

23.03.2023

📑 Според Еко – планот, денес на програмата имавме задача

“Засадување на дрво на генерацијата”

🌿Претставници од сите паралелки од 9то одделение, заедно со одделенските раководители, засадија цвеќиња и други хортикултурни растенија во Атриумот на училиштето, но и секоја паралелка го засади своето дрво како спомен и сеќавање на нивната генерација – уште една од редот на прекрасни генерации, пораснати и излезени од нашето училиште🪴🌳🌲

23.03.2023

📌 Доаѓањето на пролетта, учениците од III⁴ и III⁵ одделение заедно со своите наставнички, го одбележаа со гостување во училиштната програма “Ѕвон” на МРТВ 🍀

👉 Учениците покажаа исклучителна умешност при изведување на рецитали, драматизации и музичко-ритмички точки. Со својот настап голем впечаток оставија учениците кои свиреа на музички инструменти 🎶

❣️Во креативното катче, учениците прочитаа пораки по повод “Денот на среќата” и изработуваа цветови од листови во боја.Стекнатите знаења од мобилноста преку Еразмус проектот “Светот е обоен со нови информации” ги пренесоа на остантите ученици.

👏Горди сме на нашите ученици и ги охрабруваме за многу следни настапи во кои со гордост ќе го претстават училиштето‼️

22.03.2023

🌼 Според календарот на Обединетите нации, денес, 22 март е Светски ден на водата. Водата е основата за постоењето на живот на планетата Земја, а чистата вода за пиење и за одржување на хигиената е неопходна за одржување на животот и здравјето на целиот жив свет‼️

💦 Сепак, правото на вода не е еднакво достапно за секого. Приближно 900 милиони луѓе во светот немаат пристап до чиста и здрава вода за пиење, додека 2,5 милијарди луѓе немаат нормални услови за одржување на својата хигиена.

📌 За да може да се справи општеството со кризата за вода и да го овозможи правото на вода, Обединетите нации го признаа правото на вода како елементарно човеково право за обезбедување чиста и здрава вода за пиење 🍀

👉 Во рамки на нашата Еко – недела учениците од 1³ и 1⁵ одделение, како и наставничката Јасминка Костадиновска со учениците од одделенска настава, часовите по Англиски јазик ги посветија за одбележување на овој значаен даум

#WorldWaterDay2023

22.03.2023

📌 Во организација на Сојузот на математичари и во соработка со Шаховскиот Сојуз на град Скопје, на 18ти март во нашето училиште се организираше елиминаторен шаховски турнир како поддршка на проектот “Шах во училиштата”♟️

🎯 Интересот за турнирот беше многу голем така што учество зедоа 144 ученици од 2️⃣ до 9️⃣ одделение

👏 Честитки за учениците кои обезбедија пласман во вториот круг од натпреварот 🔛

Шаховска Федерација на Македонија / Chess Federation of Macedonia

22.03.2023

🔝 На 18ти март во ООУ “Кирил Пејчиновиќ” – Кисела Вода, се одржа Општинскиот натпревар по англиски јазик – ELTAM 🎀

Нашите ученици ги постигнаа следните резултати ⬇️

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com