13.04.2023

🤝 Од идеја до реализација – сите заеднички, со своите лични изработки, се претставивме на Велигденскиот базар 🪺🐣

❣️Атмосферата беше повеќе од возбудлива, така што успешната реализација беше неизбежна 🐇

🍀 Благодариме за посетата и посакуваме мирни и спокојни празнични денови 🪺🥚🐰

12.04.2023

📌 Во рамки на проектот “Патоказ за вашата еко-паметна општина”, под покровителство на Амбасадата на САД, во текот на вчерашниот ден во нашето училиште се реализираше едукативна работолница од страна на претставници на Центарот за климатски промени❗️

🔝На работилницата учествуваа учениците од 8️⃣ одделение, а се презентираа одржливи проекти во домот и училницата и се дискутираше на теми за заштита на животната средина 🌍♻️

📚На крајот, работилницата беше заокружена со краток Квиз на знаења за учесниците, при што истата се заокружи со активност од забавен карактер #ClimateChangeChallenges

12.04.2023

🐣 Драги пријатели на нашето училиште – Ве покануваме да го посетите нашиот Велигденски базар на кој ќе се претстават нашите ученици со своите изработки 🪺🐇

#odnaszanas#bazar

11.04.2023

📌 На 9ти април во Велес, во организација на SZTKM – Narodna tehnika na Makedonija се одржа 60 Државен натпревар за млади техничари и природници 👩‍🚀👨‍💻

❣️Учество земаа и нашите ученици и постигнаа значајни резултати:

🥇Прво место – Боби Трајковски 6⁴ одд во областа Бродомоделарство.

🥈Второ место – Никола Стојановски 5⁴ одд во областа Ракетно моделарство.

🥈Второ место – Илија Димитров 7⁵ одд во областа Електроника.

🥉Трето место Мартин Горѓиев 6² одд во областа Воздухопловно моделарство 🚀🛶✈️

🥉Трето место Калин Петрушевски од 7¹ одд во областа Роботика.

👏 Честитки за учениците и нивниот наставник – ментор Светланка Арсеновска, им посакуваме уште поголеми успеси во иднина‼️

10.04.2023

❣️Караванот на Ars Lamina го посети и нашето училиште

🍀 Благодарни сме за донацијата и посакуваме уште поуспешна соработка во иднина 🤝

******************************************************************************

Претставници на „Арс Ламина“ деновиве гo посетија основното училиште ООУ “Љубен Лапе” Аеродром во Скопје и подарија 100 книги во училишната библиотека. Донацијата се состои од лектири, читанки, едукативни изданија и нагледни средства.

Со тоа се реализираше донацијата од вкупно 800 книги во училишта Општина Аеродром во склоп на кампањата за поттикнување на читачките навики кај децата – „Читањето е супермоќ“.

08.04.2023

🎯 Под мотото “Спортуваме за Аеродром” се сплотивме сите во едно, за 18 годишнината од постоењето на нашата најубава Општина Аеродром 🎊

❣️Нашето училиште учествуваше во денешните активности кои се реализираа во паркот “Авион”, но и преку творбите на нашите ученици, кои во текот на целата недела твореа по повод роденденот на општината

#happybirthday#opstinaAerodrom🎂

07.04.2023

♥️Светски ден на здравјето — ден посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот, кој се одбележува на 7 април секоја година, под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО)🩺🩸

🏥 На овој датум всушност е основана СЗО, која годинава на 75 годишнината од основањето, денот го одбележува под мотото “Здравје за сите”. Целта е со темата да се потенцираат сите успеси во јавното здраство со кои е подобрен квалитетот на живот, но и да се поттикнат активности кои се неопходни во справувањето со сите здравствени предизвици 🚑

💝 Нашите ученици вредно работеа, со цел одбележување на овој меѓународен датум и испратија пораки до сите нас: како да се грижиме за своето здравје преку грижата за околината и поттикнување за водење на здрав начин на живот 🍀

#WorldHealthDay2023💞🖤🤍💞

06.04.2023

📌На општинскиот натпревар по шах♟️, одржан на 6.4.2023 година, во Спортскиот центар “Марко Божиновски” во организација на Шаховска Федерација на Македонија / Chess Federation of Macedonia, нашиот ученик, Симеон Лакински од деветто одделение се закити со медал за освоено трето место🎖♟️

👍Им благодариме на сите ученици кои учествуваа на шаховскиот турнир и на менторот Маја Божиновска

👏👏Честитки за постигнатиот успех – посакуваме уште многу нови и поголеми успеси🥉♟️

05.04.2023

📌На Меѓународната смотра – шеста по ред, од проектот “Пеј, свири, играј…Во што сме најдобри?” он-лајн учество земаа и нашите ученици 🎶

🎼 Проектот е од мотивациски – едукативен – презентациски и мултимедијален каракрер во кој хорот, оркестарот и солистите Натаниел Јовановски VII³ одд., Ива Минова VI¹ одд. и Теодора Талеска III⁶ одд. од нашето училиште се претставија со она во што се најдобри 🎶🎻

👏 Честитки за нашите ученици и нивниот Ментор/наставник м-р Жанета Д. Донева за успешното и достојно претставување на нашето училиште❣️ #PevajSvirajPleshi

04.04.2023

📌 Во рамките на воннаставните активности по предметот Граѓанско образование во нашето училиште се одржа ученичка дебата, на тема “Улогата на жената во современото општество”💐

👉 На дебатата учествуваа ученици од 6то до 9то одделение, а присуствуваа и наставничките по граѓанско образование и македонски јазик, како и стручните соработници.

Во пријатна атмосфера, низ спонтан разговор, нашите ученици ни покажаа дека умеат правилно да дебатираат и да искажат почит и внимание кон мислењето на другите за темата и да се сослушуваат.

🔛 Слободно ги споделија своите гледишта и размисли кои се однесуваат на еднаквоста на правата помеѓу мажите и жените, семејното насилство, многустраната улога на жената во модерното општество – мајка, сопруга, домаќинка, работник, научник, спортист, уметник, инспирација.

✨️ Беше задоволство да се искуси вистинска аргументирана дебата меѓу децата, при што од нивните искажувања може да се види дека тие правилно созреваат и развиваат критичка мисла, дека градат свои ставови и принципи кои не се оптоварени со стереотипи и предрасуди кон местото и улогата на жената во граѓанското општество и дека усвојуваат добри вредности на личноста🔝

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com