27.04.2023

❣️ Учениците од Дневен престој во нашето училиште, заедно со наставничката Сузана Тодорова Николовска реализираа креативна работилница – Ткаење 🇲🇰

✨️ Совладуваме нови техники, твориме, се надоградуваме и креативно се изразуваме негувајќи ја традицијата 🏵

https://fb.watch/kgQQS5W7zv/

26.04.2023

📢📣 Драги првачиња – почитувани родители ‼️

🔜 Го најавуваме и закажуваме уписот за новата учебна година👨‍🎓👩‍🎓

🤗 Ве очекуваме❣️

25.04.2023

💡🧲⚙️ На Регионалниот натпревар по физика кој се одржа на Природно – математичкиот факултет, нашите ученици ги постигнаа следните резултати:

24.04.2023

🏆 Уште една работна недела која ја започнуваме победнички🏅

🥇 Екипата која се натпреварува во мал фудбал – за ученици од 6️⃣ и 7️⃣ одделение го освои ПРВОТО место на ниво на Општина Аеродром ⚽️

👏 Честитки за учениците и наставниците #sitenatribina#navivam

20.04.2023

🐼🐦 На 10.4 се одржа Регионалниот натпревар по Природни науки🌼

👏🍀 Честитки за учениците и за наставниците за постигнатиот успех, посакуваме уште повисок пласман на Државниот натпревар 🐯🐠🌱

19.04.2023

🍀🐧 На Регионалниот натпревар по биологија, кој се одржа на 7ми април нашите ученици постигнаа значајни резултати, а многумина од нив обезбедија и пласман на Државниот натпревар 🐢🐞🐌

🌿 Честитки за учениците и нивните ментори #умниглави

19.04.2023

🔛 Минатата недела во 3² одделение реализиравме отворен час, во соработка со родителка од одделението која има мошне интересна професија. Г-ѓа Јулија Карамитрова Огненоска е музичар, односно Професор по музика 🎶

🎼 Часот по музичко образование беше интегриран со часот по општество и часот по македонски јазик ✨️

❣️Во присуство на Психологот на училиштето учениците учеа за нашата традиција и културното наследство – за нашите традиционални ора, песни и музички инструменти 💫

🌼Учениците беа презадоволни и заедно со своите наставнички Катерина Тасевска и Валентина Вангеловска реализираа прекрасен интерактивен час

🍀Како училиште изразуваме голема благодарност до Професорката – за одвоеното време, посветеноста и прекрасната соработка и уште еднаш ја истакнуваме нашата успешна соработка со родителите и заедницата, воопшто🤝#collaboration#Synergy

18.04.2023

🥇🏆 Со победнички дух ја почнуваме оваа работна недела❣️

Одбојкарската екипа на нашите девојки го освои првото место како на општинскиот, така и на натпреварот на ниво на град Скопје 🎖

Понесени од победата продолжуваме да освојуваме и понатаму 🏅

🥇 Честитки за девојките, но и за наставниците 🏆🏅

#VoMajOdimeNaDrzavenNatprevar

18.04.2023

‼️На регионалниот натпревар по англиски јазик, кој се одржа на 8.4.2023 во ООУ “Кирил Пејчиновиќ“ – Скопје, сите девет ученици од нашето училиште се пласираа на државен натпревар 🎊
🎯 Честитки за одличните резултати за учениците, но и за менторите: Елида Мелова, Јасминка Костадиновска, Љубица Јовановска и Бранкица Јованова 👏#eltam

13.04.2023

📌 Денес учениците од 7-2 одделение со нивниот одделенски раководител, наставничката Милка Тримчевска го посетија пензионерскиот дом во Аеродром👏
🐰🪺 Ги развеселија станарите со велигденски јајца и честитки за среќни празници, а тие изненадени и пресреќни ги послужија со бонбончиња и убав муабет во духот на престојниот празник 🐇
‼️Посетата беше на голема радост на учениците кои искажаа благопријатно задоволство што ги израдуваа пензионерите #easterSpirit

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com