16.05.2023

👉 На Хемискиот институт при Природно-математичкиот факултет, се одржа регионалниот натпревар по хемија 🧪🔬🧬

📌 Нашите ученици, уште еднаш покажаа многу знаење и постигнаа значајни резултати:

15.05.2023

🎼 На 12ти мај, на покана на Македонска филхармонија, учениците од I⁶ одделение, заедно со наставничката Катерина Зарков, учествуваа на првата детска работилница “Волшебниот диригент” 🎵🎶 Работилницата се одржа во новото, специјално детско катче, а нашите ученици покажаа голем интерес и ја збогатија работилницата со своето активно учество❣️

🎶 Можеби некој нов млад диригент се крие во некој од нашите ученици 🤔

👉 Голема благодарност за поканата и срдечен поздрав за модераторите на работилницата: актерката Матеа Јанковска и диригентката Дијана И.Илкоска #филхармонија #диригент

11.05.2023

🔔Во текот на вчерашниот ден, по повод Светскиот ден на физичката активност, на покана на уредничкиот тим на емисијата “Ѕвон”, учениците од 3³ одделение, заедно со наставничката Марина Спасовска, беа гости и по трет пат оваа година го претставија нашето училиште, на најубав можен начин❣️

#vozdravotelozdravduh#health#trainingmotivation#smile

10.05.2023

👏🎶 Им честитаме на влижениот труд и постигнатиот успех на учениците кои го претставуваа нашето училиште на државниот натпревар на најдобри македонски вокални солисти “VIVA LA MUSICA”, организиран од Здружението на музички педагози на Македонија, кој се одржa во Прилеп на 6.5.2023 год❣️

🥇🥈🥇Сите учесници заземаа високи позиции при оценувањето и ги постигнаа следните, одлични резултати: #musicislife#vivalamusica

05.05.2023

✍️ На денешен ден, 5ти мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а два месеца потоа Министерството за просвета го озаконило првиот правопис на македонскиот јазик 🍀

🇲🇰 На 130тата седница на Владата на Република Северна Македонија беше донесена одлука 5ти мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик, во чест токму на ова решение.

Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем.

📌 Македонскиот книжевен јазик е јужнословенски јазик со една од најстарите книжевнојазички традиции и службен јазик во Македонија. Спаѓа во групата на јужнословенски јазици, а го зборуваат околу 3 милиони говорници во Македонија, Грција, Албанија, Бугарија, Австралија и други земји 🇲🇰

05.05.2023

👉 Во текот на вчерашниот ден, членовите на Литературната секција, своите творби ги посветија на еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ

📌 Пригодно го одбележавме 4ти мај – денот кога овој великан го дал својот живот за нашата татковина и за нашето подобро утре❣️

03.05.2023

👉Учениците од четврто одделение, заедно со своите наставнички, наставниот ден го реализираа во центарот на Скопје и тоа не со една, туку со две поставени цели 🎯

📌 Додека едната група ученици, од 4¹ и 4³ одделение ја реализираа својата прва цел – Македонската филхармонија, за учениците од 4² и 4⁵ одделение прва цел беше црквата Св.Спас 📜📚

➡️ Во Македонската филхармонија учениците имаа работилница со цел да се запознаат со специфичноста и карактерноста на лимените дувачки инструменти, кои и припаѓаат на оркестарската група “Фамилија металковци” 🎷🎺

➡️ По повод 4ти мај – денот кога загинал еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ – Гоце Делчев, учениците ја посетија црквата Св.Спас, каде се наоѓа гробот на македонскиот великан и спомен собата која е изградена во негова чест – за секој од нас да се запознае со неговиот живот и дело, но и да се запознаеме, како нашите ученици, со историјата и позначајните личности и настани од минатото 🇲🇰

02.05.2023

🎶 На 24ти април во нашето училиште се одржа регионален натпревар на ниво на Општина Аеродром, Кисела Вода и Сопиште со наслов: „Вива ла Музика“ во четири дисциплини: хор, оркестар, камерни состави/бенд и вокални солисти – организирани од Здружението на музички педагози на Република Македонија🎸🎺🎻

🎼Со нетрпение ги очекуваме резултатите од државните натпревари, a на овој натпревар ги освоивме следните награди:

02.05.2023

🎶 На 24ти април во нашето училиште се одржа регионален натпревар на ниво на Општина Аеродром, Кисела Вода и Сопиште со наслов: „Вива ла Музика“ во четири дисциплини: хор, оркестар, камерни состави/бенд и вокални солисти – организирани од Здружението на музички педагози на Република Македонија🎸🎺🎻

🎼Со нетрпение ги очекуваме резултатите од државните натпревари, a на овој натпревар ги освоивме следните награди:

28.04.2023

📌 Учениците од четврто одделение проследија виртуелна обиколка на Собранието на РСМ, преку која се запознаа со функционирањето на Собранието, како носител на законодавната власт во нашата држава http://vtour.sobranie.mk/

📍 Во првата тура беа учениците од 4¹ и 4² одделение, заедно со своите наставнички, а во попладневната учениците и наставничките од 4³ и 4⁵ одделение, при што на интересен начин реализираа активност по предметот Историја и општество 🇲🇰

👉 Виртуелната посета на Собранието е изработена со цел да ги сподели сите детали за објектот, од неговата изградба, преку креирањето на сите простории, нивното значење и сите останати активности во Собранието – со што се запознаа и нашите ученици

#zoommeeting#virtualtour

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com