🔛 Како дел од активностите на Ученичкиот парламент, по повод 20ти ноември, Светскиот ден на детето, група ученици од нашето училиште, од 7мо до 9то одделение, ја посетија Канцеларијата на Народниот правобранител, заедно со своите наставнички по етика, граѓанско образование и географија 🌼

👉 Остварија работна средба со заменикот на Народниот правобранител, г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа, раководител на одделот за заштита на правата на детето, при што таа, во непосредна комуникација со учениците, им ги претстави задачите и функцијата на овој оддел, како и начинот на заштита и остварување на детските права. 🎯 Учениците , во пријатна и топла атмосфера, со голем интерес го проследија предавањето но и поставија прашања за да ги продлабочат своите знаења за важноста и значењето на оваа институција.

Прекрасните домаќини ги напуштија со ветување за повторна дружба наскоро. 🍀

👉 Нашите ученици, 20ти ноември – Светскиот ден на детето, го одбележаа со активности преку кои уште еднаш ја истакнаа својата креативност и стекнато знаење за заштитата на правата и слободите на децата 🧑👩‍🦰

👍 Испишаа делови од Конвенцијата за правата на детето и на сликовен начин ги прикажаа некои од најзначајните права и слободи и ги истакнаа на паноата во холот за да можат и најмладите ученици да разберат за нив. Активноста беше на иницијатива на Ученичкиот парламент од нашето училиште👏💫🌼

Детски културен центар „Карпош“ – Скопје

Натпреварувачи на денешната Ученичка квизотека беа учениците од основните училишта:

ООУ „Дане Крапчев“-Гази Баба

ООУ „ Љубен Лапе“-Аеродром

ООУ „Димитар Беровски“-Ѓорче Петров

ООУ „Војдан Чернодрински“-Карпош

Продолжуваме понатаму!

🍀 Првиот круг од Ученичка квизотека го заокружуваме како победници 👏

💫 Продолжуваме понатаму, во нови предизвици, со поголеми успеси 🎯

🎭 Мала театарска група, еден дел од Драмската секција, повторно на проби и повторно ни подготвуваат нови, интересни случувања 🎊

👉 Оваа објава им ја посветуваме токму на нив и на прекрасната драматизација на познатиот “Ο Αρματωλός” на Григор Прличев👏

💫 Преку сликите ќе го слушнеме плачот низ Река, зборовите на храбрата Неда, почитта на Гегите кон Кузмана – Сердарот, љубовта на народот и неговата вереница кон јунакот. Ќе го видиме и Македонскиот Хомер како на едно ритче во Галичник ја запишува преубавата поема…

🔛 Честитки за учениците и наставничката Менка Стојановска – ментор на Драмската секција во нашето училиште🌼

➡️ 13ти ноември, 1944 година – Ден на ослободувањето на Скопје 🍀

↔️ Денес со учениците пригодно го одбележавме празникот, со многу активности посветени на Скопје – нашето катче, нашиот дом, Главниот град на нашата татковина 💐

🤝 Четвртооделенците од основните училишта „Љубен Лапе“ и ,,Димитар Македонски” на средба со градоначалникот Тимчо Муцунски ја имаа можноста да учат за тоа како функционира локалната самоуправа.

🗣 Тие зборуваа за надлежностите на градоначалникот и на Општината, за правата кои ги имаат во заедницата во која живеат, растат и се образуваат, како и за тоа колку е важно сите заедно да се грижиме и да ја чуваме животната средина, а дечињата ги пренесоа и своите инспиративни идеи за создавање на уште подобар Аеродром.

📈 Градоначалникот одговори на сите нивни интересни прашања, ги посоветува да бидат добри ученици и им вети дека Општина Аеродром ќе продолжи да создава подобри услови во кои тие ќе можат да се образуваат квалитетно, но и да имаат безгрижно и весело детство.

🔛 МАКИНОВА 2022 – Меѓународна изложба за иновации, пронајдоци, патенти, дизајн, идеа, нови производи и технологии, истражувачки проекти и младинско творештво која по повод Денот на науката оваа година се одржа во Дом на АРМ. Манифестиацијата МАКИНОВА е место каде македонските иноватори треадиционално ги презентираат своите производи.

🎯 Оваа година нашето училиште го претстави Калин Петрушевски од 7¹ со својот наставник-ментор, Светланка Арсеновска, во делот Роботика.

🎉Бонбонматот на Калин финкционира така што според бојата на жетонот дава соодветен број на бонбони 🍭

Преполн штанд со многу заинтересирани за бонбонматот, а ние сите заеднички посакуваме и го очекуваме бонбонматот да биде поставен во училиштето за многу слатки задоволства 🍬🍭🍬

🏆Месец ноември го започнавме со освојување на 🥇прво место🥇 на меѓуопштинскиот натпревар во одбојка за девојчиња, кој се одигра во С.Ц. „Форца“, по повод одбележување на годишнината на Општина Карпош, на 1 и 2.11.2022 год.

👏Честитки за учничките и нивните ментори – наставниците по Физичко и здравствено образование, Даниела Маневска и Бранко Митиќ 🤼‍♀️🏃‍♀️

🎯 Продолжуваме, работејќи посветено да чeкориме кон нови победи 🎉

📚Во текот на вчерашниот ден, во рамки на “Месецот на книгата” во организација на училишната библиотека нашето училиште го посети авторот на многубројните дела за деца и млади, г-нот Горјан Петревски🍀

👉 Говоревме за неговата младост, љубовта кон пишаниот збор, но и кон фудбалот – отворивме многу теми за искрената љубов, вистинските пријателства, младешките авантури и за прекрасните предели кои ги опишува во своите книги, за неговата родна Мренога, па и за разликите во начинот на кој растеле неговите генерации и сегашните.

💫 На крајот од нашата средба авторот потпиша многу книги, а учениците со себе понесоа убав спомен и уште поубави пораки искрено посветени лично за нив❣

👏 Благодарност до сите ученици за учеството, имавме претставници од литературната, драмската, новинарската, ликовната, музичката, фотографската и библиотекарската секција, кои секој во својот домен ја збогатија оваа едночасовна средба🌼📚🌼

➡️ Претставници од сите паралелки во 8мо и 9то одделение, заедно со наставничките по историја, Марија Новеска и Андријана Савевска, го посетија Музејот на македонската борба.

🗿⚱Учениците беа учесници во едукативната – креативна работилница со наслов: “ЗАМИСЛИ ГО ЖИВОТОТ ВО МИНАТОТО”.

✅ Работилницата се состоеше од два дела.Првиот дел – запознавање со предметите и начинот на живеење на нашите предци во минатото во етно куќичката во музејската поставка. Во вториот дел пак, преку дружба и забава учениците ја покажаа својата креативност и знаење.

💫 Заеднички растеме, учиме за минатото, и се радуваме на сегашноста и се подготвуваме за иднината🍀

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com