01.09.2023

🍀Драги ученици,

Ви посакуваме среќен и успешен почеток на оваа учебна година 📖

Мили првачиња – топло добредојде❣️

📚Со нетрпение ве очекувавме и се надеваме дека сте подготвени за нови знаења и безброј авантури‼️

✨️Да учиме и растеме во уште едно заедничко патување.

🍀СРЕЌЕН ПОЧЕТОК 🍀

30.08.2023

Почитувани ученици и родители❣️

🔛 Ве известуваме дека учебната 2023/2024 година ќе започне во петок на 1.9.2023 година🌼

📌Сите неопходни информации за организација на наставата ќе бидат споделени на одделенскиот час и првата родителска средба.

‼️ Ви посакуваме среќен почеток и успешна учебна година📚🍀

06.07.2023

‼️ИЗВЕСТУВАЊЕ до сите граѓани кои го користат училишниот двор – капиите на училиштето се отворени до 16 часот

👉 Штетата која беше направена на едната од капиите е санирана, така што ја користиме приликава и да повикаме на совесност и одговорност. Да го чуваме она што ни припаѓа на сите нас и да се грижиме за јавните објекти и површини за општото добро – наше, а во случајов и на нашите ученици ❣️
Секој нареден вандалски чин ќе биде пријавен во полиција.

#responsibility#envirementcare

26.06.2023

❣️ Гордост е да се биде истакнат и награден во една прекрасна генерација на ученици, Генерацијата 2014 – 2023 година 🍀

👏 Ученичката Симона Наковска се издвои како најдобра меѓу најдобрите и заслужено се закити со титулата – Првенец на генерацијата‼️

📌Денес в.д. Директорката, Ивана Цветановска им додели награди на сите ученици пријавени на Конкурсот – за нивните постигања и заложби за лична афирмација, но и за достојното претставување на училиштето на секој натпревар на кој учествувале 🌟

👏Честитки за сите ученици, нивните наставници и одделенски раководители и им посакуваме успех и среќа на патот кој ќе го изберат во иднина 🌼💗🌸#bestofthebest

24.06.2023

⛔️ За осуда е секое недолично однесување и уништување на површини и објекти од јавен карактер

👉 Нашето училиште и изминатата ноќ било мета на вандалски чин од страна на неодговорни граѓани ✋️

📢 Уште еднаш апелираме за почитување на површините кои се заедничка сопственост, а за сторителите на ова недело известуваме дека ќе пријавиме до сите надлежни институции и ќе се потрудиме – секој соодветно да одговара за своите постапки‼️

#violenceprevention#stop⛔️

15.06.2023

💦🏊 Цела учебна година со тренерите од Геостратешки Институт Глобал посветено “Учиме да пливаме” 🌊

🏊‍♂️ Нашите вредни првачиња, кои беа опфатени со овој проект на Општина Аеродром, заедно со својот наставник по Физичко и здравствено образование, Димитар Ѓатоски – вредно, успешно и со задоволство ги посетуваа часовите по пливање 🌟

❣️ За целата своја посветеност на проектот и учениците и наставниците добија Благодарници за активното учество 💦#SwimLessons#ЗаЗдравиИСреќниПрвачиња

13.06.2023

🌼 Во рамки на проектот “Емпатија над насилството во училиштата” кој во нашето училиште се реализира во Активот на трето одделение во соработка со Центар за развој, едукација и советување на деца и млади-МАША Марија приказната ја заокруживме со 3² одделение, каде психологот, Марија Конеска ја реализираше работилницата и со овие ученици ✨️

🎯 Целта е, преку игра кај учениците да се развие свесноста за сопствените постапки, развивање на емпатија како и начинот на разрешување на секојдневните конфликти. Тие се договорија лошите зборови и постапки да се одминат и на нивно место да се кажуваат и пишуваат убави зборови.

🫶 Уште еднаш, голема БЛАГОДАРНОСТ до гостинката.

Се надеваме на понатамошна соработка🤝

12.06.2023

❣️ Еразмус проект ,,ЖИВОТОТ Е ОБОЕН СО НОВИ ИНФОРМАЦИИ“

👉 Од 21-27 мај се реализираше мобилност на ученици и наставници од нашето училиште како партнер училиште во проектот. Домаќин училиште беше “Ugurlu Ilkokulu” – Трабзон, Турција 🇹🇷

📌Првиот ден имаше претставување на Тимовите-учесници на мобилноста, богата културна манифестација од страна на училиштето-домаќин, а учесниците имаа работилница – преку сликање да ги искажат првичните впечатоци 🎨🖼

🔛 Во текот на мобилноста учениците посетија неколку различни одделенија каде имаа можност да видат каде и како се одвива наставата во тоа училиште.Се запознаа и со културата, традицијата и начинот на живот, реализираа и низа едукативни активности.

🌼Беше реализирана и културна тура, организирана од домаќините, со цел запознавање со убавините и културните обележја на градот. Се организираше посета на “Boz Tepe”, цркви во околината, посета на еколошкиот центар “Toprak Ana” каде учениците имаа едукативни еколошки игри. Учесниците ги посетија и спомен куќата на основоположниците на отоманската империја, глечерското езеро “Uzungul”, фабрика за производство на Турски чај и пештерата “Jumus Anne”🧿💫

👏Последниот ден на сите учесници им беа доделени Сертификати за учество во мобилноста, која се заокружи со засадување на зимзелени растенија во парк во близина на стадионот на ФК “Трабзон” и куклена претстава ✨️

“Life is colored with new information” Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

09.06.2023

🍀 Учениците од 3³ одделение заедно со наставничката Марина Спасовска, денес направија обиколка на булеварот “Јане Сандански” и обележаните крстосници, прошетка низ Детската улица “Тоше Проески”, играа на спортските терени и ги користеа сите забавни капацитети во околина на училиштето за еден преубав заеднички ден – развивајќи го спортскиот дух и запознавајќи ја околината преку игра и другарување ✨️#envirement#friday

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com