09.06.2023
![]()
![]()
Ни пристигнаа и резултатите од Државниот натпревар по хемија
Честитки за учениците и менторот ![]()
09.06.2023
Учениците од 3⁴ и 3⁵ одделение заедно со своите наставнички ја остварија првата посета на Музејот на железнички сообраќаj, кој неодамна се отвори, а ја следи историјата и приказната за македонските железници од пуштањето на првата пруга во употреба во земјата до денешната модерна сообраќајна инфраструктура ![]()
![]()
![]()
Голема благодарност до г-н Ванчо Милошевски за неговиот срдечен прием и исцрпно презентирање на експонатите ![]()
08.06.2023
Денот на Академијата “Генерал Михајло Апостолски” традиционално се одбележува на 14 јуни, секоја година
По тој повод учениците од III² одделение со своите наставнички Катерина Тасевска и Валентина Вангеловска беа поканети да присуствуваат на активности пo повод настанот ![]()
Учениците имаа прилика да ги видат училниците во Академијата, да летаат дрон, и да се запознаат со многу активности во Академијата![]()
Пред заминување, на големо задоволство на учениците – добрите домаќини ги послужија со благо и сокче #safetyfirst #militarylife
08.06.2023
![]()
Во текот на вчерашниот ден учениците од 5³ одделение со наставничката Снежана Војнески засадија дрво во училишниот двор кое ќе остане за спомен на нивните прекрасни пет заеднички години – години исполнети со многу учење, но и насмевки и другарување ![]()
06.06.2023
E=m×c²
На државниот натпревар по Физика, кој се одржа на Природно – математичкиот факултет, нашите ученици постигнаа голем успех![]()
Честитки за учениците и менторот #phisics#GravityChallenge![]()
05.06.2023
![]()
Државниот натпревар по Биологија се одржа во просториите на Природно – математичкиот факултет, а нашите ученици повторно покажаа солидно знаење![]()
![]()
![]()
Честитки за учениците и наставниците за посветеноста и постигнатиот успех #sciencefiction#biology#nature![]()
🪼![]()
01.06.2023
Учениците од III² одделение, со своите наставнички Валентина Вангеловска и Катерина Тасевска беа во посета на стоматолошка ординација, каде учениците слушаа едукативна презентација за грижа и превенција на забите ![]()
![]()
![]()
Учениците седнаа на стоматолошкото столче, научија како правилно се мијат забите и секој од нив заслужено доби “Диплома за храброст” ![]()
Добрите домаќини пред заминување ги почестија учениците со здрава храна, а секој ученик како подарок доби паста за заби #health #toothbrush #toothbrushchallenge
01.06.2023
Во ООУ ,,Кочо Рацин” – Прилеп се одржа државниот натпревар по германски јазик на кој зедоа учество 275 ученици од нашата држава ![]()
Честитки за менторите и учениците од нашето училиште кои имаа значаен успех и висок пласман на натпреварот, се стекнаа со дипломи за учество, но можеме да се пофалиме и со една висока награда:
31.05.2023
Џамлии, ластик, плочка, народна… се само дел од игрите кои се играа на првото издание на фестивалот “Стари игри”, кој се одржа на 27 мај во организација на здружението “Детски свет” во соработка со Музејот на Македонија ![]()
![]()
Целта на настанот беше тие игри да им се претстават на модерните деца, но и да покажеме дека можеме без мобилни телефони – да се дружиме играјќи традиционални игри.
Нашето училиште го претставија учениците од 5⁵ одделение, со наставничката Евдокија Георгиев и заедно со многу деца настапија под мотото “Децата и младите во акција за подобар свет” #friendship #betterworld #games #bettertogether #playground
улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје
02 / 24-30-552
@yahoo.com