19.09.2023

🚲Европската недела на мобилност се одржува од 2002 година со цел да го подобри јавното здравје и квалитетот на животот преку одбирање на „позелени“ начини на движење и транспорт низ урбаните средини, како пешачење и возење велосипед, кои не испуштаат штетни гасови во воздухот, а ни помагаат да ги одржуваме здрави нашите срца и тела.🛴♻️🛼

🌿 Оваа година Европската недела на мобилност се организира на тема „Движи се рационално – штеди енергија“, а нашите ученици од IV⁶ одделение земаа учество со пишување Еко пораки на темата и направија прошетка до Спомен – паркот ,,Тоше Проески” 🏃‍♂️🚲🏃‍♀️

15.09.2023

👉 На 14ти септември во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а во соработка со Општинскиот сојуз на училишен спорт – Аеродром се одржа Државното првенство во пливање за основни и средни училишта во машка и женска конкуренција за 2023 година на отворениот пливачки базен Аеродром

🏊‍♂️ Нашата ученичка Илина Станојевска од IV⁴ одделение, заедно со својот одделенски наставник Ирена Анѓелкоска Панова и наставникот по фзо Владимир Петков, зема учество на Државното првенство и достојно го претстави училиштето 🍀🇲🇰🍀

👏 Честитки Илина, посакуваме многу успеси во иднина #swim#SwimLikeAChampion#swimlove

14.09.2023

🎀 “Светот на Биби“ е успешна, едукативна приказна што секојдневно радува голем број дечиња, а сега пристигна и во нашето училиште 🍀

За учениците од прво одделение беа донирани едукативни сетови преку кои учениците ќе учат, истражуваат и ќе се забавуваат заедно со својот омилен анимиран лик🌼

❣️Биби и нејзината дружина ќе им помогнат на нашите ученици заедно да ги научат буквите, да ја истражат својата земја, ќе вежбаат меморија, ќе одат во Волшебната шума, но и на планетата Заз – планетата на која живеат безброј дедомразовци и ќе го запознаат најпознатиот меѓу нив – Дедо Мраз и уште многу други интересни нешта ✨️#БибиБоби

Светот на Биби Благодариме од 💖

13.09.2023

♟️Поради големиот интерес за шахот од страна на наставниците и учениците од нашето училиште – со задоволство и годинава продолжуваме со оваа активност❣️

По тој повод Шаховска Федерација на Македонија / Chess Federation of Macedonia ни донираше дваесет шаховски гарнитури со што шахот во нашето училиште ќе биде уште подостапен за учениците – да се забавуваат и да уживаат во играта🍀

🤝 Голема благодарност до Федерацијата во име на сите нас, а нам ни останува многу посветено да работиме со надеж дека многу идни, врвни велемајстори ќе произлезат токму од нашите училишни клупи✨️ #ChessChallenge #chessgame

08.09.2023

💞🏫 Во текот на вчерашниот ден творевме и ги подготвувавме подароците 🎁🎀 Денес сите во еден глас, гордо извикуваме:

🍀🎂 СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ТАТКОВИНО❣️🍀#8september#IndependenceDay🇲🇰❤️‍🔥🇲🇰

07.09.2023

🌼 Денес нашето училиште го посети господинот Живко Поповски – Цветин со кој заеднички реализиравме ликовна работилница “Македонија земја на цвеќето, земја на мирот”🕊

🍀 Заедно со учениците од Дневниот престој во училиштето и нивниот одговорен наставник творевме во име на утрешниот празник – 8ми Септември, и во име на се она што за нас претставува Македонија 🇲🇰💞✨️

👉 Овој голем уметник е токму оној кој создаде оригинална цветна верзија со говор за мир и благосостојба, оној од кој цвеќето создаде она што е: сликар – мајстор на цветни латици и хуманист од ранг со номинација за Нобелова награда за мир 🕊💮

👏 Нам ни останува да се восхитуваме на неговите дела и во име на сите во училиштето да му заблагодариме бидејќи не удостои со својата посета и несебично го сподели знаењето и умешноста со нашите ученици 🌷🇲🇰❣️

05.09.2023

👉,,Бесплатен таблет за секој ученик од четврто одделение во Општина Аеродром” – уште еден проект кој нашата општина денес успешно го реализираше👏

🍀 Сите ученици од четврто одделение добија бесплатни таблети за полесно и непречено одвивање на наставата, но и полесно совладување и користење на новите технологии🌼

#ВоЧекорСоНовотоВреме#21век

04.09.2023

📌 Професионалниот развој на наставниците, стручните соработници и директорот е клучна компонента за создавање ефективен воспитно – образовен процес, а квалитетот пак на работата на просветните работници се заснова на професионалните компетенции што треба да ги поседуваат.

🔛 Планирањето на личниот професионален развој првенствено е засновано врз согледувањето на потребите за подобрување на професионалните компетенции – произлезени од докази и сознанија за тоа колку успешно се реализира наставата.

🎯 Со цел изготвување на квалитетен план за професионален развој – координаторот на Тимот за професионален развој, колешката Милка Тримчевска на 30ти август, одржа обука за наставниците, стручните соработници и директорот на тема: ,, Изготвување на личен план за професионален развој” ✨️

🔝Во нашето училиште секогаш највисоката цел се учениците и квалитетната настава – овој пат тоа повторно се потврди со одличниот интерес за самата обука.

Благодарност до колешката за успешната реализација на обуката, но и за соработката и посветеноста во процесот на професионалниот развој на воспитно – образовните работници во училиштето 👏

02.09.2023

🖍 Во изминатите денови се подготвувавме – творевме и другарувавме, за првиот училишен ден да го направиме весел, распеан и насмеан, а на првачињата да им посакаме најтопло добредојде во нашиот заеднички дом – нашето сакано училиште 🏫🍀

💐Директорката на училиштето, Фоника Станоева ја отвори свеченоста, се заблагодари за довербата и привилегијата – токму нашето училиште да ги воведе дечињата во светот на знаењето, другарувањето со книгата и растењето рака под рака со наставниците и другарчињата❣️

🌿🌼 На крај сите во еден глас посакавме СРЕЌЕН ПОЧЕТОК на уште едно заедничко патување, а во следните фотографии се содржи мал дел од нашиот труд, сплотеност и забава 📚🎒#backtoschool#welcome#learning#friendship#unity🏫

01.09.2023

📌Традиционално настанот „Back to School“ и оваа година ќе се реализира на 3-ти септември (недела), на платото пред трговскиот центар „Капитол“ со почеток од 18.00 часот.

🌼Општина Аеродром во соработка со Капитол мол и оваа година подготвија уште една забавна манифестација, но овој пат со една повисока цел – поддршка за лекувањето на Леонид Индов❣️

💞Да се сплотиме и сите заеднички да се забавуваме, но и да покажеме дека се грижиме едни за други – Со срце за Лео 💙#CaringCommunity

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com