26.09.2023

📌 Да се биде медиумски писмен значи да умееме критички да ги читаме информациите, да проценуваме како е создадена и со која цел. Во историјата на човештвото, досега не сме имале поголеми можности да бидеме информирани. Но, тоа не значи дека секогаш се информираме на правилен начин. Информациите, но и сите други медиумски содржини честопати можат да бидат еднострани, половични, наведувачки, да бидат полувистинити или целосно неточни. За сè ова како наставници треба да сме свесни, но и подготвени да ги поучиме и упатиме учениците – како навистина да ги примаат информациите, да ги процесираат, но и како и дали да ги проследат, бидејки сите ние сме чувари на информацијата и имаме одговорност за истата🌼

👉 Во текот на минатата недела во нашето училиште се реализираше обука за “Медиумска писменост” наменета за наставниците и стручните соработници. Оваа обука е дел од проектот на УСАИД – “Младите размислуваат”, под покровителство на МОН, а во реализација на БРО, ИРЕКС, ИКС, Македонскиот образовен форум и Македонскиот институт за медиуми.Обуката преку шест модули, заради обемноста, се реализираше во два дена за секоја од групите, а за поефективно спроведување на самите часови во тек е и подготовка на Прирачници за наставниците и родителите 📖📒📑

👏 Голема благодарност за вложениот труд и честитки за успешната реализација на обуката за советничката од БРО, г-ѓа Јулија Глигорова Трајаноска и наставничката – ментор во нашето училиште, М-р Викторија Пауноска 🍀

25.09.2023

👉 Учениците од 4️⃣², 4️⃣³ и 4️⃣⁶, заедно со наставничките Катерина Тасевска, Марина Спасовска и Елизабета Славковска реализираа интерактивни, едукативни посети во Планетариумот и МРТ проширувајќи ги знаењата за планетата Земја и Медиумската писменост 📺🌎💻

📌Со оваа посета, преку забава и дружење интерактивно реализираа часови од наставната програма по Македонски јазик и по предметот Природни науки #learnthroughplay#funnymoments#planetarium

22.09.2023

❣️ Учениците од III одделение го одбележаа 22ри септември – ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ – со цел да ги поттикнат луѓето да се движат без автомобили, да користат одржлив транспорт и да ги промовираат придобивките од безбедно одење и велосипедизам 🚲

📣Со силна порака за мудро одбирање на секојдневен транспорт и придонес во намалување на загадувањето ги заокружуваме активностите за одбележување на Европската недела на мобилност ♻️#nocarday#eko#europeanmobilityweek#greenpower

22.09.2023

🏃‍♀️ На 20.9.2023 година, по повод Европската недела на спортот, во нашето училиште се одржаа спортски игри со учениците од 3 одделение, реализирани од наставничката по Физичко и здравствено образование Александра Баевска 🤾‍♀️🤸‍♀️⛹️‍♂️

📌 Настаните се поддржани од Агенцијата за млади и спорт и Федерацијата на училишен спорт ✨️

#ВоЗдравоТелоЗдравДух

22.09.2023

👉 Eвропската недела на мобилност под мотото: “Движи се рационално – штеди енергија” учениците од 4⁴ и 4⁵ со нивните оделенски наставници Ирена А. Панова и Марија Ивановска и наставникот по Физичко и здраствено образование, Владимир Петков ја одбележаа со спортски активности во сала 🏃‍♀️🤸‍♀️🤾‍♀️

📌 Особено задоволство и чест беше присуството на г-ѓа Софија Зафировска, претставник од Одделението за комунални работи и заштита на животната средина при Општина Аеродром 🍀

21.09.2023

📌 Уште една акција на нашите ученици – екоактивисти од Активот на петто одделение кои изработија флаери во духот на Европската недела на мобилност и истите ги поставија во поштенските сандачиња на нашите сограѓани 📬💌

👉 Сè ова што го правиме со нашите ученици се многу мали чекори кон едно сеопшто освестување на сите нас и токму затоа се многу вредни, значајни и иако мали – многу се големи❣️🌎#europeanmobilityweek#nocarday

21.09.2023

✨️Вистинската книга може да ве мотивира и да ви го даде потребниот стимул за да поработите на вашиот личен напредок, а како што рекол некој непознат автор: „За да станете паметни потребно е да прочитате само десет книги. Но, за да ги најдете тие десет, треба да прочитате илјадници“📚

📌Во рамките на планираните активности повторно го збогативме и обновивме библиотечниот фонд во Училишната библиотека, со повеќе од сто книги – нови наслови, но и стари, добри четива од светската и домашната литература за деца и млади, за да можат нашите ученици секојдневно да истражуваат и да трагаат по своите „десет книги“❣️

#booklover#librarylove#magic

20.09.2023

✨️ Учениците од 4² и 4³ одделение, заедно со наставничките Катерина Тасевска и Марина Спасовска твореа во природа и ја одбележаа Европската недела на мобилност🌼

🍀 Учениците од 4² одделение цртаа цртежи со еко содржини со кои ја украсија својата училница, а дел поставија и во училишниот хол – да бидат потсетник за сите нас, како треба “зелено” да се движиме и да ја зачуваме околината 🚲🏃‍♀️🛹

🌿 Учениците од 4³ одделение изработија еко флаери и ги прикачија на паркираните автомобили во близина на училиштето, со апел до возачите – поретко да ги користиме автомобилите и да се грижиме за околината и здравјето на сите нас ♻️

20.09.2023

👉 Со низа активности посветени на алтернативно и одржливо движење и учениците од Активот на второ одделение се вклучија во одбележувањето на Европската недела на мобилност – цртаа и изготвуваа еко пароли на тема „Движи се рационално и штеди енергија”❣️

🌿 Со еко паролите се движеа низ околината на училиштето за да испратат силна порака до локалното население за зголемено користење на алтернативни видови на транспорт и за здрава и чиста околина 🚲🛼🚲

#europeanmobilityweek#ekocall

💦🏊 И оваа учебна година нашите првачиња ќе бидат дел од проектот на Општина Аеродром “Учиме да пливаме”. 🌊

🏊‍♂️ Уште една генерација ученици кои ќе поминат часови полни релаксација и забава со тренерите и наставниците по физичко и здравствено образование💦#SwimLessons#swimschool#ЗаЗдравиИСреќниПрвачиња

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com