06.10.2023

📌 По повод “Денот на учителот”, 5.10.2023 година на Педагошкиот факултет – Скопје во соработка со Detski kulturen centar “Karpos” Детски културен центар „Карпош“-Скопје се реализираше работилница за креативно изразување и творење на тема “Невидлива димензија”🔝

👩‍🏫 Оваа работилница под менторство на Викторија Пауноска ја реализираа наставничките Марија Ивановска и Елена Чорлевска, заедно со ученици од нашето училиште 👏

🎯 Целта на работилницата е да се поттикне емпатијата кај учениците, да се зголеми зборовниот фонд како и имагинацијата, а со тоа и критичкото мислење #workshop #teachergoals

06.10.2023

🌍“Јас и светот околу мене”🌍 мотото под кое работевме цела седмица, во рамките на Детската недела 👧🧏🧒

👫 Искрено, како што може само децата да кажат – го доживеавме, но и го видовме насликан, опишан и посакан – светот, онаков каков што тие го посакуваат 🩷🌏💛

✨️ Ја заокружуваме работната недела со надеж дека пораките од искрените детски срца ќе допрат токму онаму каде што е потребно, дека ќе разбудиме некоја идеја со која ќе ги реализираме детските соништа за поубав свет – свет во кој секој заслужува насмевка 😄

#childrensweek2023#childwishes

#makeithappen#childrights

06.10.2023

👩‍🏫👨‍🏫 Не случајно во рамките на Детската недела е датумот на кој во светски рамки се величи и чествува ликот на една од најважните личности во животот на едно дете – 5ти Октомври – Светскиот ден на учителот❣️

🌼 Ова е само уште една нишка, уште еден доказ дека префинетоста е во растењето на децата – пеку воспитувањето, описменувањето и нивната подготовка за во “Светот на возрасните” 📚

✅️ Во текот на вчерашниот ден – учениците од одделенска настава постојано го збогатуваа холот на училиштето со своите изработки во чест на своите наставници и наставниците воопшто – честитајки им го Светскиот ден на учителот 💞

#teachersday2023#TeacherLove

05.10.2023

👉 Учениците од активот на 2️⃣ одделение изработија пригодно пано по повод Детската недела и го разубавија училишниот хол, а преку своите картички и цртежи, уште еднаш упатија силна порака за Правата на детето 👬👭👫#childrights#friendship#ChildRightsMatter 🩷💛💚🧡

05.10.2023

🍀 Денешниот ден, 5ти Октомври, е прогласен за Светски ден на учителите‼️

Професијата наставник е благородна професија што ги обликува карактерот и иднината на една личност.

🌺🌼Да се биде учител, наставник, професор, воспитувач е најблагородната, најубавата, но и најодговорната професија што подразбира огромна посветеност не само кон младата личност туку и кон оној на кој му се потребни знаења, вештини и мотивација 👨‍🏫👩‍🏫

#teacherday2023#dedication#love

🧏‍♂️🧏‍♀️ Учениците од 4² и 4³ одделение, со наставничките Катерина Тасевска и Марина Спасовска, преку групни активности ја одбележаа Детската недела посочувајќи на правата на детето, но и со потсетување до сите нас: Да го негуваме детето во себе 💖

04.10.2023

02.10.2023

🙋‍♂️🙋‍♀️🙋 Детската недела оваа година ја отвараме со приемот на првачињата во 🍀Детската организација🍀, кој свечено беше одбележан во училишниот хол❣️

💫👫💫 На настанот учествуваа учениците од петто одделение, кои им прочитаа дел од детските права на првачињата, а тие во еден глас ја рецитираа песничката “Ветување” 🎀

#Congratulations#ChildRightsMatter#ChildRightsEnvironment#childrights

02.10.2023

🇲🇰 Со интонирање на националната химна оддаваме почит на нашата татковина, но и сите заедно ја учиме и во еден глас, гордо ја пееме❣️

#Anthem#lovemycountry🇲🇰🍀🇲🇰

26.09.2023

📌 Бесплатни училишни униформи за над 7 илјади ученици од Општина Аеродром.

👉 Станува збор за комплетен пакет – униформа кој вклучува целосна опрема за учениците. Средствата за реализација на набавката се обезбедени од буџетот на Општина Аеродром.

🏫 Нашето училиште изразува благодарност за вклученоста во еден ваков проект – униформите се предадени на учениците со што се надеваме дека овој проект ќе обезбеди:

🎯 Подобри и посовремени услови за одвивање на наставата.

🎯Намалување на конкуренцијата на учениците врз основа на облеката.

🎯 Поттикнување чувство за заедница и припадност.

🎯 Чувство на еднаквост.

#Schooluniformchallenge#schoolpride#schooluniformstyle#schoolspirit

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com