19.10.2023

⚽️🥅Учениците од 2³ одделение заедно со наставниците по ФЗО Александра Баевска и Димитар Ѓатовски ја реализираа својата прва активност во рамки на проектот „Фудбал во училиште“, проект на Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ФУСМ 🏃‍♂️#footballtime⚽️

18.10.2023

📌Учениците од IV-2 и IV-3 одделение заедно со наставничките Катерина Тасевска и Марина Спасовска имаа интерактивни, едукативни посети на Меѓународната железничка станица, Меѓународната автобуска станица и Музејот на железницата каде слушнаа многу нови информации од областа на патниот сообраќај, со што ги збогатија своите досегашни знаења од изучените наставни содржини 🚆🚃🚍🚋

17.10.2023

🥨🍎🍍Во рамки на проектот, насловен како – “Ситни ама битни: Нов пристап кон обука за безбедност на храна”, студентите од Катедрата за микробиологија и микробна биотехнологија, при Институтот за Биологија, ПМФ- Скопје, под менторство на проф. д-р Наталија Атанасова-Панчевска реализираа едукативни предавања за нашите ученици 👨‍🏫🧑‍🎓👩‍🎓

📍Активностите на проектот се состојат од: 1. Евалуација на ставовите на потрошувачите за безбедност на храна преку прашалници, 2. Едукативни предавања за „корисни“ и „штетни“ микроорганизми, 3. Реализирање на експерименти, 4. Изработка на иновативни, едукативни материјали кои ќе им помогнат на наставниците во наставниот процес 📖

🎯 Главната цел на проектот е преку иновативни, едукативни методи да се информираат младите потрошувачи за хигиената и безбедноста на храната.

👏 Честитки за иницијативата на Институтот, но и на нашите колеги Владимир Таневски и Сања Станисавовска – одговорни наставници за спроведување на проектот во нашето училиште #heltyfood

16.10.2023

📌 На ден 13.10.2023 година (петок) учениците од 3-1, 4-1, 4-4, 4-5 и 4-6 одделение заедно со своите наставнички присуствуваа на церемонија на промена на државното знаме со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја 🇲🇰

❣️Учениците имаа можност одблиску да ги видат двата мозаика: “Македонија – светла земја” и “Македонија – земјата памети” во свечената сала во резиденцијата, како и да добијат одговори од Претседателот на нивните интересни и креативни прашања🌼

16.10.2023

одделение го одбележаа 15ти Октомври – Меѓународниот ден на пешаците

🔛 Учениците од Активот на 2️⃣ одделение го одбележаа 15ти Октомври – Меѓународниот ден на пешаците🚶‍♀️👫🚶‍♂️

🚸Тие заедно со своите наставнички изработија пано со цел да ги запознаат сообраќајните правила и знаци, правилно да се однесуваат во сообраќајот, но и да се потенцира значењето на пешачењето како здрава навика⚠️#heltygeneration#zebraline#safetymatters#SafeTraffic#onfoot#pedestriansafety#PEDESTRIANDAY

13.10.2023

📌 Денес учениците од 2⁵ одделение, заедно со своите наставнички беа во посета на Собранието на Македонија, преку која се запознаа со функционирањето на Собранието како носител на законодавната власт во нашата држава 🇲🇰

👉 Направија обиколка, седнаа во пратеничките столчиња, слушаа за грбот и знамето, а ја преслушаа и ја отпеаја националната химна. Можеби некој иден голем функционер се крие токму меѓу нашите ученици 🍀

🤝 Учениците си заминаа полни со впечатоци и благодарни на срдечниот прием ❣️

13.10.2023

👉 Денес во соработка со СВР – Скопје, во нашето училиште се реализираше едукативна работилница на тема: ,,Превенција од злопотреба на дроги и алкохол” 🚫

📌 Работилницата ја водеше г-ѓа Катерина Стојкова, главен инспектор во одделението за превенција, а истата беше реализирана со учениците од IX одделение со цел подигање на свеста за штетноста од употребата на дроги, алкохол и други слични супстанци како и спречување на овие појави во училиштата #healtylifestyle#nodrugs #heltygeneration #stopdrugtrafficking #noalcohol #prevention #happystudents

12.10.2023

📌 Учениците од 4² и 4³ одделение, заедно со наставничките Катерина Тасевска и Марина Спасовска беа во посета на градската библиотека “Јане Сандански” каде присуствуваа на историски час и литературно читање по повод празникот 11ти Октомври 🇲🇰

👉 Учениците се запознаа и со библиотеката, но и со професијата библиотекар. Научија како треба да се однесуваат во библиотека и со позајмените книги и како да станат нејзини членови

👨‍🎓👩‍🎓 Учениците ги поздравија вработените во библиотеката и прочитаа дел од своите лични творби по повод самиот празник 📚📖

09.10.2023

🏤💞 Нашиот втор дом – нашето сакано училиште, годинава го прославува својот триесет и седми роденден 🎉

По тој повод го објавуваме следново:

09.10.2023

⛹️‍♂️🚴‍♂️🏋‍♂️ Мој спортски ден🤸‍♀️🤾‍♀️🚴‍♀️

🔛 Учениците од V одделение со наставничката по физичко и здравствено образование, Александра Баевска реализираа низа спортски активности #ВоЗдравоТелоЗдравДух

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com