06.11.2023

🔥👨‍🚒 Понеделнички – победнички ‼️

🥇Со гордост известуваме дека учениците Ема Стојанова, Марко Здравковски и Ема Алаѓозовска, под менторство на наставникот Димитар Димески го освоија првото место на 37- от по ред општински Противпожарен квиз – натпревар кој се одржа на 3.11.2023 година во ООУ “Ѓорѓија Пулевски” во организација на Општинскиот противпожарен сојуз – Аеродром 🏆🥇🏆

📌 Со освоеното 1️⃣ место нашите ученици обезбедија пласман на регионалниот натпревар, каде гордо ќе ја претстават Општина Аеродром 🚒🔥

03.11.2023

Со задоволство известуваме дека во изминатиот период интензивно се работи на поправка на штети и реновирање на фасадата, но и освежување на фасадната боја – со цел да ни биде чисто и убаво во нашиот втор дом – нашето училиште 🏫

📌 Посакуваме долго да остане така чисто и убаво и затоа повикуваме на совесност и одговорност. Да го чуваме она што ни припаѓа на сите нас и да се грижиме за јавните објекти и површини за општото добро – наше, а во случајов и на нашите ученици❣️

#responsibility#envirementcare

03.11.2023

🗣“Крени глас против врсничкото насилство” – тема на работилницата, која е прва во низата работилници во соработка на Општина Аеродром и општествено одговорната компанија “Макпетрол”, а ние ја имавме честа да ја реализираме токму во нашето училиште 🛑

🔛Активностите на работилницата ги предводи психотерапевт со долгогодишно, практично искуство на темата.

➡️ Во работилницата покрај учениците вклучени беа и наставниците, како и претставници на стручната служба – психологот и педагогот во училиштето, кои помогнаа и придонесоа во решавање на проблемот со врсничкото насилство #stopbullyng‼️

📌 Учениците имаа можност да се здобијат со знаења и искуства поврзани со булингот, а ќе добијат и едукативен материјал наменет за нив, но и за родителите📚

#stopbullyingstandupspeakout

26.10.2023

📌 Денес учениците од 4¹,4⁴, 4⁵ и 4⁶, заедно со своите наставнички, ја посетија Метеоролошката станица во Скопје 🌤🌧🌔🌬🌩

🎯 Целта на оваа посета е учениците да ги продлабочат своите знаења по предметот Природни науки за темата: “Време и клима на Земјата” 🌍🌡

👩‍🏫 Презентацијата на метеорологот, м-р Елена Панева Георгиевски беше со исцрпни информации за целата наука, а учениците со восхит ја следеа. Нашите умни глави добија одговори на сите прашања, со што се задоволија нивните интереси.

❣️Огромна благодарност до м-р Елена Панева Герогиевски и тимот од Метеоролошката станица од Скопје⚡️

20.10.2023

❣️Во изминатите денови се подготвувавме – творевме и другарувавме за Патрониот празник – сите заедно сплотени под мотото:

🕊Поучени од минатото, стремиме кон иднината🕊

Денес ја реализиравме приредбата и достоинствено го одбележавме празникот на нашето училиште.

Имавме многу гости: членови на семејството на нашиот Патрон, претставници на Општина Аеродром, ученици, наставници и возбудени родители✨️

📌 Директорот на училиштето,

Фоника Станоева ја отвори свеченоста, се заблагодари за присуството и ги поздрави гостите, а ние сите заеднички им честитаме на учесниците и менторите за успешната реализација

💐Кратка одломка од рециталот на песната “Цветови” од Славко Јаневски во изведба на членовите на Драмската секција, под менторство на наставничката Менка Стојановска, проследен од хорот и вокалните солисти под водство на наставничката Жанета Дивјакоска Донева и песната “Ми заплакало селото Ваташа” 🕊

20.10.2023

👏 “Елегија за татковината” – впечатлива и истакната творба од литературниот конкурс по повод патрониот празник на училиштето. Честитки за ученичката Јана Илиевска и нејзиниот наставник – ментор: м-р Милка Тримчевска❣️

Водена од мотото 🕊 Поучени од минатото, стремиме кон иднината🕊 Јана напиша прекрасна елегија за татковината 🇲🇰

20.10.2023

✔️ Денот го започнуваме со Историскиот час во чест на нашиот Патрон, Љубен Лапе.

🔛Во организација на наставниците по историја и историската секција беше прочитан пригоден текст за животот и делото на Љубен Лапе, а ученици од литературната секција прочитаа свои творби🍀

💐Претставници на Училишниот одбор и од училиштето положија свежо цвеќе на бистата во холот на училиштето 💐

Со оваа активност го започнавме празничниот ден и го продолжуваме, во истиот дух и многу содржини ✨️

19.10.2023

📌 Со низа активности , полека се приближуваме кон денот за прославување на патрониот ден на училиштето 🍀

🎯 Во текот на оваа работна недела се реализираа меѓуодделенски спортски натпревари за учениците од 6то до 9то одделение. Мал дел од атмосферата ќе се обидеме да доловиме во следните објави од кошаркарските и фудбалските натпревари ⚽️🏃‍♂️🏀

#SportsNews#footballtime#basketball

19.10.2023

🔛 На 16.10.2023 год. во нашето училиште се одбележа Еразмус ден на коj беа присутни родители, наставници и ученици кои беа вклучени во Еразмус проектите : ,,Животот е обоен со нови информации” и ,,Немаш право да ми вршиш булинг”🏵

👉 Средбата ја отвори координаторот на Еразмус + проектите, Елизабета Славковска, која даде една ретроспектива на активностите и мобилностите што се реализираа во учебната 2022/2023 год. Потоа следеа презентации за секоја мобилност кои ги презентираа наставници учесници : Јасминка Костадиновска, Сања Станисавоска и Светланка Арсеновска. Се пуштија и видеа од активностите што се реализираа во земјата домаќин – Турција, а учениците имаа можност да искажат свои впечатоци и спомени, а ја реализираа и активноста ,,Отпечаток со раце за пријателство” 🤲🏻🩵💟👫

❣️ На крајот на учениците и наставниците им се доделија сертификати од страна на координаторот, а директорката на училиштето, Фоника Станоева, додели благодарници на наставниците кои имаат дадено свој придонес во Еразмус проектите ✨️

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

19.10.2023

⚽️🥅Учениците од 2³ одделение заедно со наставниците по ФЗО Александра Баевска и Димитар Ѓатовски ја реализираа својата прва активност во рамки на проектот „Фудбал во училиште“, проект на Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ФУСМ 🏃‍♂️#footballtime⚽️

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com