17.11.2023

🍀 Благодариме за посветеноста кон учениците и воопшто кон дечињата во Општина Аеродром . Чест и задоволство ни беше да бидете наш гостин г-н Timco Mucunski

*************************************************************************

👨‍🏫📱 Обезбедуваме услови за модерен образовен процес во основното училиште „Љубен Лапе“

Унапредувањето на образовниот процес, инвестициите во инфраструктурата и воведување нови содржини за учениците се нештата според кои се водиме во секојдневното работење. Нашата цел и визија е Аеродром да биде општина која ги нуди најдобрите услови за правилен развој на учениците, да обезбедиме средина во која секој ќе може да ги достигне своите квалитети и потенцијали.

Заедно со директорката на ООУ „Љубен Лапе“ Фоника Станоева, денеска извршивме увид во последните активности кои се спроведоа во ова училиште, а каде со заедничка инвестиција на училиштето и претставник на училишниот одбор, учениците од прво и четврто одделение и нивните наставници добија 6 смарт-системи за презентации, како и пен-таблети за модернизација на образовниот процес и реализација на наставната програма.

Љубен Лапе е едно од основни училишта во Општина Аеродром каде минатиот период имаше значителни инвестиции. Со последните активности на училиштето и општествено-одговорни компании и поединци, дечињата денес спортуваат на нови современи терени за фудбал, ракомет и кошарка, посетуваат настава во училиште со целосно реновиран долен кат, а со најновите содржини, ќе бидат во тек со наставата, но и најновите светски и технолошки трендови.
. . . превземено

16.11.2023

🥇 Уште една убава вест пред крајот на работната недела 🥇

🔥👨‍🚒 Со гордост известуваме дека учениците Ема Стојанова, Марко Здравковски и Ема Алаѓозовска, под менторство на наставникот Димитар Димески го освоија првото место на Противпожарниот квиз – натпревар кој се одржа на 14ти ноември во просториите на ДХО “Даре Џамбаз” во организација Противпожарниот сојуз на Град Скопје 🏆🥇🏆

👏 Честитки за учениците кои достојно ја претставија и ги одбранија боите на Општина Аеродром, а со освоеното 1️⃣ место обезбедија пласман на Државното првенство 🚒🔥

15.11.2023

❣️ Учениците од IV² и IV³ одделение заедно со наставничките Катерина Тасевска и Марина Спасовска по повод одбележувањето на 13ти Ноември – 79 годишнината од ослободувањето на градот Скопје, направија прошетка низ Старата скопска чаршија и ја посетија Националната галерија во Даут-пашин амам каде е поставена годишната ликовна изложба на основните училишта насловена како “Шемов и јас” 🍀#СкопјеРадостТиЌеБидеш💕🍀

13.11.2023

🍀 79 години слободно Скопје 🍀

❣️ Скопје расте – растеме и ние со него… му се радуваме на секое негово катче, разноликост и топлина….

🎊 Честит 13ти ноември, Денот на ослободувањето на Скопје 🎉🎉

13.11.2023

⛹️Бидејќи повторувањето е мајка на знаењето, денес уште еднаш ќе кажеме

⛹️‍♂️⛹️‍♀️Понеделнички – победнички ‼️

🥇Овој пат ќе ги поздравиме нашите кошаркари кои освоија прво место на општинското првенство во кошарка – машки 🏆🏀🥇🏆

👏Честитки за учениците и посветените ментори. Посакуваме уште поголеми успеси и поубедливи резултати 💯

#basketball#winners#srcenateren

10.11.2023

📌Во периодот од 23 до 25 октомври, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, одделението за еTвининг, успешно организираше еТвининг конференција, насочена кон градинки, основни и средни училишта кои имаат ограничено или немаат искуство со еТвининг платформата #eTwinning

📍На конференцијата на тема “еТвининг, иновација и едукација” присуствуваа претставници од БРО, МОН и 34 наставници меѓу кои и колешката од нашето училиште, Елена Чорлевска 🌼

🎯 Главна цел на конференцијата беше учесниците да истражат и да научат за сите можности што ги нуди еТвининг во училишното образование како и за предностите од користењето на информациско-комуникациски технологии во секојдневната работа на наставниците ETwinning North Macedonia, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 👏

09.11.2023

♻️ “Инвестираме во нашата планета, рециклираме”, проект – работилница која во изминатите два дена претставници на компанијата “Макстил” ја реализираа со учениците и наставниците од Активот на 4️⃣одд.

👉 Вработените од Секторот за заштита на животната средина од “Макстил” преку интерактивен метод и со показни средства им објаснија на учениците за процесот на загадување со пластика, хартија и стакло, важноста на рециклирањето, процесот на рециклирање како и за опасностите од загадување со создадениот отпад по растителниот и животинскиот свет, а посебно за човекот.

🎯 Целта на проектот е да се пренесе знаењето за предностите од намалување на отпадот и неговото рециклирање уште од мала возраст и да се алармира за потребата од едукација за значајноста на екологијата во пошироки размери.

❣️ На крајот на работилницата учениците добија симболични подароци, а предавачите ги известија дека во тек е ликовен конкурс на тема “Рециклирање”. Се надеваме дека името на некој наш ученик ќе го пронајдеме во наградените творби #greenplanet#ekologia#recycling#RecyclingChallenge#safeenvironment

08.11.2023

🎶 Искрени честитки за колешката Жанета Дивјакоска Донева – Наставник по Музичко образование во нашето училиште. Посакуваме уште поголеми успеси во иднина. 👏🎶

——————————————————————————————————–

Градоначалникот Муцунски додели признанија за најдобрите просветни работници, паричните средства ќе бидат донирани за Леонид Индов

🥇 Утрово во Општина Аеродром, се одржа свечен настан на кој градоначалникот Тимчо Муцунски им ги врачи признанијата на најдобрите просветни работници од основните училишта во Аеродром за учебната 2022/23 година.

🤝 Признанијата се доделуваат врз основа на претходно утврдени критериуми, на наставниците од сите основни училишта, кои во својата работа покажале посветеност, иницијатива и успех во работата со најмладите.

🙌 Станува збор за важно достигнување кое се доделува на најдобрите наставници од секое основно училиште, а уште поважно е што сите средства од страна на наставниците ќе бидат во целост донирани за лекување на младиот Леонид Индов од Аеродром.

👉 Искрена благодарност и честитки за успехот за наставниците од следните основни училишта:

– ООУ „Гоце Делчев“ – Јасмина Ѓорѓевска

– ООУ „Блаже Конески“ – Јоана Николиќ

– ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ – Љубинка Стојановска

– ООУ „Димитар Македонски“ – Оливија Жежова

– ООУ „Александар Македонски“ – Михајло Христов

– ООУ „Браќа Миладиновци“ – Жаклина Ристовска

– ООУ „Лазо Ангеловски“ – Костадинка Поповска

– ООУ „Љубен Лапе“ – Жанета Дивјаковска.

08.11.2023

🌲Во текот на вчерашниот ден во училишниот двор со помош на учениците и наставниците од Еко-тимот беа засадени 40сет нови садници 🌿

🍀🌼🌿 Благодарност до Halkbank AD Skopje за донацијата и за поддршката во иницијативите за почиста и позелена животна средина, но и за разубавувањето и облагородувањето на нашиот училишен двор #greenplanet

#ЕкоУчилиште#ЧистаОколина#здравасредина#GreenPower

07.11.2023

‼️“Помислете и на нас”, кампања која под ова мото ја организира Црвениот крст на Македонија – вклучувајќи се во глобалната борба против гладта🩷

❣️Под водство на Општинската организација Косела Вода во кампањата се вклучи и нашето училиште, а учениците, родителите и наставниците – сите заеднички, успешно ја реализираа – несебично донирајки за оние на кои им е најпотребно 💕🌍💕

📌Одговорните наставници со помош на првачињата од I² одделение и други ученици ја предадоа донацијата на лица од Црвениот крст, а ние искрено се надеваме дека во најблиска иднина ќе ја добиеме оваа битка со гладта кај нас и во целиот свет Црвен Крст на РСМ ОО Кисела Вода #helpinghands #HungerEndsWhereCaringBegins #CaringCommunity #caringissharing

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com