30.11.2023

👏 Честитки за постигнатиот успех на нашите ученици во квизот на знаења, “Ученичка квизотека”, во организација на Detski kulturen centar “Karpos” Детски културен центар „Карпош“-Скопје.

🏅🥇🏅На 21.11.2023 година

нашите ученици Зоја Спасеноска 8¹ одд., Борјан Јосифов 8⁴ одд. и Ема Алаѓозовска 9³ одд., одлично се покажаа во натпреварот на знаења и го освоија 🏆1️⃣🏆место. Им посакуваме уште поголеми успеси во натпреварот‼️#најдобри#ДоКрај

29.11.2023

🌬 Учениците од IV-2 и IV-3 одделение со своите наставнички имаа едукативна посета на Хидрометеоролошкиот завод, проширувајќи ги своите знаења за науката метеорологија од материјалот по предметот Природни науки од наставната содржина “Време и клима”.🌤☔️#weather#sun#wind#winter🌨🌞

23.11.2023

💻 “Интернетот не е само игра – Кликај безбедно” – работилница која учениците и наставниците од Активот на 4то одделение ја реализираа со претставници од А1 мобилен оператор.

👩‍💻🧑‍💻Учениците дознаа многу нови интересни информации за тоа како правилно и безбедно да го користат интернетот, а на крајот од работилницата добија брошури и ранчиња #safeinternet#BeSafeChallenge

23.11.2023

📌 Во периодот од 20 – 22 ноември во нашето училиште се одржаа низа предавања на тема “Превенција и запознавање со последиците од користење на цигари, алкохол и снус” во соработка со др.Нико Беќаровски и Педагогот во училиштето, Снежана Мирчевска.

👨‍🏫 Предавањата ги проследија учениците од седмо и осмо одделение кои беа проактивно вклучени.

‼️Целта на овие активности е да се потенцира и утврди штетното дејство од злоупотребата на овие супстанци, но пред се, преку овие активности да се даде поддршка и промоција на здравите животни навики ⚠️

#zdraviNaviki#zdravamladina#prevention#stopalcohol#healthyhabits#nodrugs

22.11.2023

📌 На 16ти ноември, нашите ученици од 9то одделение, Даријан Блажевски, Михаела Пандовска, Меланија Цветковска и Одисеј Тренов учествуваа во работилница – “Панел за деца”, во Europe House Skopje, во придружба на наставничката по Граѓанско образование, Даниела Гаштаровска🌼

🎯 Активноста има за цел да го поддржи креирањето на Националниот Акциски План за правата на детето, спроведувано од проектот:

“ЕУ Поддршка за владеење на правото”, во соработка со Народниот правобранител #ombudsman

💫 Низ дружба со другите учесници, разговор, соработка и креативна работа на темата, нашите ученици дадоа свој личен придонес во идните активности на институциите за подобрување на правата и состојбите на децата #ChildRightsMatter

👉 По завршувањето на работилницата на учениците им беа доделени сертификати за успешното учество и покана за следно учество при презентирањето на резултатите од нивната работа #childrenrights

22.11.2023

👉 Учениците од Активот на четврто одделение беа на посета во Општина Аеродром и остварија средба со Градоначалникот, г-нот Тимчо Муцунски.

🎯 Целта на посетата е учениците да ги прошират знаењата по предметот Историја и општество за темата “Средината во која живеам”.

📌 Учениците имаа можност да постават прашања за надлежностите на општината на кои добија одговори од Градоначалникот, кој трпеливо ги проследи сите прашања и ги задоволи интересите на нашите љубопитни ученици❣️

21.11.2023

📌 18ти ноември, денот кога е роден првиот кодификатор на македонскиот литературен јазик – Крсте Петков Мисирков.

❣️ Годинава, токму на овој датум, во просториите на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” – Скопје, се одржа Регионалниот натпревар по Македонски јазик 📚

👏 Честитки за постигнатиот успех на учениците и менторите од нашето училиште. Посакуваме уште поголем успех на Државниот натпревар во декември‼️

21.11.2023

💕Во текот на вчерашниот ден во нашето училиште се одржа хуманитарна куклена претстава, “Другарство” во соработка со TEATAR PROVOKACIJA

🩷Претставата е интерактивна и има за цел да ги поттикне учениците на другарство и вистински другарски однос, како и да ги насочи кон игра, надвор од дигиталниот свет.

❣️Собраните средства ќе бидат донирани за лекување на Леонид Индов во клиника во Швајцарија 🩵#CaringCommunity#ZaLeo

20.11.2023

🏫Известуваме дека училиштето ги превзема сите мерки, кои се во наша надлежност, за заштита на учениците. Воедно, испратено е и навремено известување до надлежните во Град Скопје за решавање на проблемот.

‼️ Апелираме до возачите и сите учесници во сообраќајот на булеварот, но и воопшто – да се почитуваат сообраќајните правила‼️

‼️ Повикуваме и замолуваме за брзо решавање на проблемот‼️

*************************************************************

Град Скопје да ги преземе неопходните мерки за подигнување на безбедноста на улицата „Васко Карангелевски“

‼️ По реакциите од страна на граѓаните на Аеродром, пензионерските здруженија, вработените и родителите на децата кои учат во ООУ „Љубен Лапе“, Општина Аеродром во изминатиот период во неколку наврати оствари комуникација со градската администрација во насока на решавање на проблемот со безбедноста на улицата „Васко Карангелевски“.

🚨 Безбедноста на граѓаните е најважна и токму поради уште еднаш апелираме и бараме Министерството за внатрешни работи, Градот Скопје и градската администрација да преземат соодветни мерки за ревидирање на сообраќајното решение за улицата „Васко Карангелевски“, во насока на поставување на соодветна сигнализација со која се гарантира безбедноста на пешаците и останатите учесници во сообраќајот.

👉 Во оваа прилика уште еднаш ја информираме јавноста дека реализацијата на проектот за улицата „Васко Карангелевски“ е целосна надлежност на градот Скопје и Општина Аеродром нема никаква надлежност во однос на сообраќајниот проект и сообраќајната сигнализација. Во таа насока Општина Аеродром, во текот на денешниот ден, уште еднаш со писмено барање ќе побара надлежните институции да ги преземат потребните активности за решавање на овој проблем.

. . . превземено

20.11.2023

👫 20.11 – Светски ден на детето 👧👦

❣️Светскиот ден на детето востановен во 1954 ги промовира меѓународното заедништво и свест меѓу децата низ целиот свет и добросостојбата на децата. На 20 ноември 1959 година Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето, а на 20 ноември 1989 година Генералното собрание на ОН ја усвои Конвенцијата за правата на детето #InternationalChildrensDay

📌 Денес, по повод Светскиот ден на детето, учениците од 4⁴ одделение со својата наставничка, Ирена Анѓелкоска Панова, се вклучија во живо во Утринската програма на МТВ на тема ,,Правата на децата и обврските на возрасните за поубав детски свет”

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com