08.12.2023

➡️ Првиот Словен кој станал епископ, татко на Кирилицата, основач на прв словенски Универзитет, најучена личност во македонската култура, величествен моралист – Свети Климент Охридски ❣

📌 Свети Климент живеел на преминот од деветтиот во десеттиот век, роден е околу 840, а починал 916 година. Тој е патрон на Македонската православна црква и заштитник на сиот македонски народ. Денешниов ден за нас е голем празник – достојно да го прославиме споменот на Свети Климент Охридски-Чудотворец 🍀

💫Учениците од Литературната секција твореа на оваа тема со што уште еднаш ќе ја покажеме благодарноста кон ликот и делото на Великанот кој не задолжи сите нас, нашите предци и идните поколенија 💞

07.12.2023

🔔🎊 Уште една училна блесна во новогодишен сјај ✨️

🎅 Наставничките, родителите и учениците од 3³ одделение вредно ги подготвија украсите, блесна и новогодишната 🎄елка 🎄и сé е подготвено и распеано за периодот што следи 🎉#newyearchallenge

07.12.2023

👉 На часот по наставниот предмет Историја и општество, учениците од 4⁶ одд., заедно со дел од учениците од 4⁵ и 4² одд., под раководство на наставничката Елизабета Славковска реализираа проектна активност за културно-историското наследство во нашата земја 🇲🇰

💫Учениците поделени во групи истражуваа, се запознаа и ги продлабочија знаењата за културно-историските споменици, стари градби и објекти, уметнички дела и стари предмети, обичаи, преданија и верски празници како и за народните песни и ора, народни инструменти, народни носии и занаети #tradition

❣️Наученото со слики, фотографии, текстови и песни го дизајнираа на хамер и истото го презентираа .

Покажаа како е да се работи тимски, каде доаѓа до израз заедништвото, меѓусебното помагање и меѓуодделенската соработка 💕#TogetherWeGrow#collaboration#friendship#culture#historymatters💕

06.12.2023

🎅✨️ Новогодишна работилница во 3² одделение ✨️🎅

🎊 Вредни родителите, уште повредни дечињата – ја направија училницата како од бајка – за топол пречек на Новата 2024 година❣️

06.12.2023

📌 Во рамки на проектот “Коледе – Бадник” учениците од Активот на трето одделение – целодневна настава, беа во посета на Музеј на Република Северна Македонија❣️#etnologia#museum

👉 На воведниот ден тие се запознаа со едукаторите, научија што е тоа музеј, која е неговата улога и како да се однесуваат во него, го запознаа просторот во кој заедно со едукаторите од Центар за музејска едукација ќе реализираат вкупно 7 работилници.

🎯Целта е преку овие работилници учениците да се запознаат со етнологијата како наука, да научат за традицијата и обичаите поврзани со Коледе и Бадник, но и да истражат во рамки на своето семејство, преку разговори со повозрасните членови, што се е потребно за да се биде подготвен за достојно одбележување на празниците #traditions #familyholiday

04.12.2023

✨️ Учениците од 3⁴ одделение се подготвени за топло добредојде на Новата година 🎅

🎊 Тие со наставничките Марјана Панчевска и Соња Бова, но со голема помош и поддршка од своите родители, реализираа работилница под наслов: “Во пресрет на Новата 2024 година”.

🎈Преку реализираните активности учениците изработија украси, а во прилог можете да видите дека нивната училница е подготвена за периодот кој следи – празнична, блескава и радосна… 🎀🎄🎉

04.12.2023

💞💫 Наставничките Елизабета Славковска и Славица Стојчевска со своите одделенија, во соработка со образовните асистенти, го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со попреченост #notalldisabilitiesarevisible

‼️Секој поединец е посебен на свој начин и секој заслужува еднаква шанса и можност за остварување на своите права – повикаа учениците🍀

❣️Само со разбирање, соживот, љубов, подадена рака и еднакви можности за сите ќе направиме свет кој ќе биде поубаво место за живеење, свет кој ќе биде инклузивен, пристапен и одржлив 💏🙌💝#подајрака#weareallunique#betterworld🌏🩷💜

01.12.2023

✨️ По повод 3ти декември – Мегународниот ден на лицата со попреченост во 2⁵ одделение одговорниот образовен асистент, Магдалена Лекоска, реализираше работилница во соработка со одделенските наставници❣️

🫂👩‍🦽👨‍🦯Учениците учеа како да ги победат пресрасудите, дека сите сме еднакви, но и дека различностите треба да не зближат. Во своите пораки повикаа на другарство, почит, слога, љубов, гушкање и почитување … #pureheart#childlove#weareequal

01.12.2023

❣️Учениците од III⁶ одделение заедно со наставничка Тања Атанасова и образовниот асистент, Словенка Камчевска, го одбележаа 3ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

💕Преку нивните изработки изразија поддршка за лицата со попреченост и испратија силна порака дека сите заедно можеме да го направиме овој свет да биде еднаков за сите, да не ги сметаме за помалку еднакви само затоа што имаат некоја попреченост.

Заедно за подобар свет за сите❗️ Сите заслужуваме еднакви можности‼️

01.12.2023

📌 На 29ти ноември наставничката Менка Стојановска во соработка со Психологот во училиштето, Тара Кораќ реализираа едукативно предавање со девојчињата од 8 и 9 одделение, на тема “Спречување на трговија со деца”.

📍 Ученичките го проследија едукативниот филм на македонски јазик “Ти си жива”, а преку неколку презентации и брошури кои беа презентирани се споделија информации, мислења и конструктивно се изведоа заклучоци на темата.

💫 Со надеж дека ќе успееме, како училиште да допреме до нив и дека со ова помагаме и превенираме сериозни појави во општеството ќе продолжиме да работиме во оваа насока со сите ученици 🛑 #stopchildtrafficking #safetymatters #safechildhood ✋️ https://youtu.be/6SXWF5sxOKU?si=RyZNqQ8DWUGsdoS– 👈 #Filmlink

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com