22.12.2023

✨️Денес учениците од III⁵ и III⁶ одделение, со своите наставнички, Виолета Стеваноска и Тања Атанасова, реализираа Новогодишна работилница во Музеј на Македонија.

❣️На работилницата учениците изработуваа новогодишни честитки, лампиони и разни други новогодишни украси со етнолошки елементи #christmasdecorations#traditionalcards#etnostyle#вернинатрадицијата

💕Во честитките и преку своите изработки дечињата ги споделија своите искрени и чисти, детски – новогодишни желби, полни со љубов, мечти и соништа #pureheart #DreamBig #ChristmasWishComeTrue

21.12.2023

🎅🎄🎅 Денес во нашето училиште се реализираше Новогодишна театарска претстава 🎅“Веселиот Дедо Мраз”🎅 во режија на TEATAR PROVOKACIJA

🎊 Учениците уживаа покрај распеаните и разиграни актери, а најголемото изненадување беше Дедо Мраз, кој на сцената се појави со голема вреќа подароци и безброј убави желби за веселите дечиња 💃🎅🕺

21.12.2023

📌 На 16ти декември на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” – Скопје, се одржа Државниот натпревар по македонски јазик, организиран од Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература 📚

👏 Честитки за постигнатиот успех на учениците и менторите од нашето училиште‼️

20.12.2023

🤸‍♂️⛹️Продолжуваме со спортските активности во рамки на проектот ,,ПОКАЖИ ГО СВОЈОТ СПОРТСКИ ТАЛЕНТ”, поддржан од Федерација на училишен спорт на Македонија🏀🥇⚾️

📌 Наставничката по ФЗО, Александра Баевска, реализираше активности во рамки на проектот со учениците од Активот на 5️⃣ одделение #ВоЗдравоТелоЗдравДух

18.12.2023

❣️По повод ✨️1️⃣0️⃣✨️ роденден на Capitol Mall & Residence деновите во него се исполнети со многу забава, изненадувања и насмевки 🎊

💕На почетокот на оваа работна недела за забавата се задолжени учениците од Основните училишта во Општина Аеродром кои подготвија новогодишни претстави 🎄🎅🎄

💃🕺Празнично распеани и разиграни беа и претставниците на нашето училиште – учениците од 4³ одделение кои со својата наставничка, Марина Спасовска, подготвија две ритмички точки и две драматизации под наслов “Детски желби” со што го најавија доаѓањето на Новата година и пречекот на Дедо Мраз #ChristmasMagic #WishesDoComeTrue #happyholidays

15.12.2023

❣️ Продолжува проектот Коледе – Бадник во Музејот на Македонија, каде учениците од Активот на трето одделение, предводени од наставничките и едукаторите од Центар за музејска едукација учат за традицијата и обичаите поврзани со овие празници #family#traditions

🥨🥮На денешната работилница учениците месеа коледарски колачиња и бадникова погача, но за да ги направат истражија кои состојки се потребни и кои се обичаите поврзани со замесокот, но и како треба да се украси и подели погачата #обичаи #лепчесопаричка #коледеледе

14.12.2023

♻️ Еко – Караванот на илузионистот Кристијан Шопов, неделава го посети и нашето училиште❗️ “Хокус, покус – рециклирањето е во фокус” е кратка претстава на Шопов, која е во соработка со компанијата “Пакомак” и претставува возбудливо, едукативно дружење преку кое на учениците им се пренесува знаење за рециклирање и реупотреба на е – отпадот #ecology

❣️Учениците од 1️⃣ до 4️⃣ одделение преку триковите и магеоничарските игри ги запамтија точните бои на кантите за отпад, ја видоа сликата за нашата планета со и без отпад и научија од колку големо значење е селектирањето на отпадот за сите нас, но и како сите заедно да придонесеме за поздрава животна средина 🌏

13.12.2023

🤸‍♂️⛹️🤾 Училишниот спорт е другарување, насмевки и забава. За уште поинтересно реализирани часови по ФЗО се погрижија и од Федерација на училишен спорт на Македонија🎖🏆

🎯 Со вклучувањето на нашето училиште во проектот насловен како: ,,ПОКАЖИ ГО СВОЈОТ СПОРТСКИ ТАЛЕНТ”, учениците се повеќе од возбудени за секој следен час❗️

📌 Во текот на вчерашниот ден наставничката по ФЗО, Александра Баевска, реализираше активности во рамки на проектот со учениците од Активот на 5️⃣ одделение.

12.12.2023

🍬🧁🍩 Слаткарот Марко го сакале сите во најголемиот мал град на светот, Негобило, а малите деца уживале во неговиот сладок свет од чоколада – Шеќерната приказна ни дојде на ред за обработка како лектира 📖🍭🍨

❣️Учениците од 3¹ одделение заедно со своите наставнички, Маја Божиновска и Саветка Пандиловска го направија своето Шеќерно дете, токму како што… “Една вечер, некаде околу полноќ, слаткарот Марко измесил една чудна мајсторија од шеќер и млеко и тоа чудно тесто лека полека се претворило во дете, вистинско шеќерно дете со крупни темни очи од печен бадем и темна коса од чоколада”.

11.12.2023

❣️Учениците од III² одделение, со своите наставнички Верица Пандурска и Емилија Николоска беа во посета на стоматолошката ординација “Виа дент”, каде учениците слушаа едукативна презентација за грижа и превенција на забите 🦷🪥🦷#здравиЗаби

‼️Учениците седнаа на стоматолошкото столче, научија како правилно се мијат забите и многу други корисни совети за здрави запчиња #HealthyChoices#toothbrush#toothbrushchallenge#stomatology

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com