31.01.2024

📌 Во рамки на проектот “Нашите медиуми” во 3³ одделение, наставничката Викторија Пауноска и новинарот Огнен Јанески во соработка со Македонски институт за медиуми – МИМ / Macedonian Institute for Media – MIM реализираа активности поврзани со медиумската писменост 📺💻📱📻

📺📱📻📰 Што е новинарство и што работат новинарите? Што е дезинформација, мисинформација и малинформација? Како фотографиите и видеата може да се променат и да се злоупотребат? На овие, и на повеќе други прашања поврзани со медиумите и новинарството, учениците од четири основни училишта во Скопје разговараа со новинари кои гостуваа на училиштен час и ги споделија своите професионални искуства. Учениците се запознаа со клучните концепти на медиумската писменост и со основните алатки за проверка на информациите, особено на социјалните медиуми.

👩‍🏫 Посетите беа реализирани во основните училишта „Ацо Шопов“, „Александар Македонски“, „Лирија“ и „Љубен Лапе“.

Оваа активност се спроведува во рамки на регионалниот проект „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање дијалог“. #нашитемедиуми

*Фотографиите од учениците се објавени со согласност од родителите.

30.01.2024

🎾‼️Со задоволство ја пренесуваме веста за успехот на ученикот Даријан Белчовски од III² одделение кој го освои 1️⃣ место на турнирот организиран од Тениската федерација на Македонија за момчиња до 10 години во тенискиот клуб Мондано-Скопје🏆🥇🏆

👏 Честитки и уште поголеми успеси во иднина #firstplace#winner#tennisplayer

📌“БЗР од МАЛИ нозе” е проект кој е поддржан од МОН и БРО, а во 2023 година се реализираше по петти пат се со цел подигање на јавната свест за градење на култура за безбедност и здравје при работа кај учениците, од најмала училишна возраст.

❣️Меѓу страниците на Збирката песни и раскази на учениците – творци се најде името и на нашата ученичка Ива Минова од 7¹ одделение која заедно со својата наставничка по предметот Македонски јазик, Јулијана Димовска зедоа учество во проектот.

📍Чест и задоволство е да се биде дел од проектот “Безбедност и здравје при работа од мали нозе” кој неколку години по ред поттикнува, обединува и помага при подигнување на колективната свест во друштво на 200 ученици од 26 основни училишта од нашата држава… Честитки 👏

28.12.2023

✨️🎄 Учениците од 1³ одделение заедно со своите наставнички Сузана Климпер и Марина Митковска, подготвија Новогодишна претстава за своите најблиски🎈🎊

🎶 Претставата ја проследија и неколку вработени во училиштето, како и Директорката – Фоника Станоева. Сите бевме сведоци на прекрасната креативност и дружење на учениците, а наголемото изненадување за сите беше Дедо Мраз, кој пристигна со голема вреќа подароци за дечињата 🎅🎉🎅

28.12.2023

🎄🎉По повод новогодишните празници, во текот на вчерашниот ден во холот на училиштето се организираше Новогодишен базар✨️

🎅 Учениците, заедно со своите семејства изработуваа рачни творби, украсни предмети, домашно приготвена храна при што заедно со одделенските раководители многу успешно ја реализираа активноста 🎯

📌На Базарот родители, баби, дедовци, вработени во училиштето, наставници, по симболична цена купувааа од приложените изработки 🎊

👉 Собраните средства ќе бидат искористени за потреби на училиштето со цел подобрување на условите за работа #zaednoMozemeSe #odNasZaNas #ChristmasSpirits 🔔

26.12.2023

📌Учениците од III⁶ одделение со наставничката Тања Атанасова и образовниот асистент, Словенка Камчевска, учествуваа во хуманитарната акција на училиштето “Д-р Златен Сремец” под мотото: “Подари играчка – побуди насмевка”✨️

🎁Преку донирање на коцки, сложувалки и најразлични други играчки тие ја покажаа својата хуманост и великодушност.

Учениците учеа за хуманиот момент на споделувањето и дека нешто што било нивно, а веќе не им треба – за некое друго детенце може да биде сé 🍀 #подариНасмевка #подариСреќа

🎊 Во период сме на дарување и споделување желби и подароци и оваа хуманитарна акција посакуваме да биде повеќе од успешна, бидејќи колку повеќе подарени играчки – толку повеќе детски насмевки❣️

26.12.2023

❣️Учениците од 3² одделение заедно со своите наставнички Верица Пандурска и Емилија Николоска присуствуваа на Новогодишниот симфониски концерт во Македонската филхармонија 🎼

💕 Тие ја проследија Новогодишната бајка за деца – „Девојчето со книгите“, која е инспирирана од познатата бајка „Девојчето со кибритчиња“ од Ханс Кристијан Андерсен, под диригентската палка на Дијана Имери Илкоска 🎶

📚„Девојчето со книгите“ е приказна која не потсетува на среќата, на убавината и добрината, но и на тагата и на несреќата. Всушност, зборува за сите оние работи за кои треба да бидеме свесни, а особено за хуманоста – да помагаме, да бидеме благородни и доблесни #бидихуман #NewYearConcert

🎄🎊 Предновогодишната недела е секогаш исполнета со многу забава и еуфорија, насмевки и дружења. Ве покануваме на заедничка дружба на Новогодишниот базар⤵️

25.12.2023

❄️☃️ На 22ри декември, денот кога календарски почнува зимата, учениците од Дневниот престој во училиштето организираа Новогодишна лотарија под мотото: “Креираме, подаруваме и се изненадуваме” 🎁🎀

🎄🎊 Тие заедно со наставничката Сузана Н. Тодорова ја украсија училницата, а за оваа пригода со своите родители креираа новогодишни пакетчиња кои си ги подарија меѓу себе, си посакаа најубави желби за здравје и радости во годината која доаѓа, а на сите нас, во еден глас, ни посакаа Среќна Нова 2024 годинa❣️ #happynewyear2024 #jinglebells

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com