22.02.2024

👉 Учениците од Активот на второ одделение заедно со своите наставнички го одбележаа 21ви февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик #MotherLanguageDay

❣️Тие ја истакнаа важноста на нашиот мајчин јазик, но и на сите јазици во светот, пишувајќи го зборот

💕ЉУБОВ💕 на повеќе јазици #love#amour#sevgi#ljubav#älskar#cinta

🔛 Со ова потенциравме една од главните нишки на празнувањето на овој ден, а тоа е промоцијата на лингвистичката и културната разновидност, но пред сé важноста и уникатноста на секој јазик на планетата Земја #differeceDoesMatter

21.02.2024

👉 По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21ви февруари, во ООУ “Блаже Конески” – Аеродром се одржа пригоден настан под мотото “Македонскиот јазик како аманет за навек” 📖

📌 Директорката од нашето училиште, Фоника Станоева со претставници од наставниците и учениците, го посетија одбележувањето на празникот, како и многу други гости на училиштето – домаќин, меѓу кои и големиот македонски автор за деца и млади, Велко Неделковски‼️

👏 Честитки за нашата ученичка, Михаела Стојкоска од 8² одделение и нејзиниот наставник – ментор, м-р Милка Тримчевска за освоена трета награда на Литературниот конкурс во категорија на ученици од предметна настава 🍀

❣️ Искрени честитки и за колегите од Блаже Конески Аеродром за успешната реализација на настанот со желби за уште повеќе вакви и слични случувања👏

21.02.2024

‼️21ви февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик – ден на кој се промовира културата и се потенцира важноста и уникатноста на секој јазик во светот❣️

Да го чуваме и негуваме мајчиниот јазик бидејќи: ,,ЈАЗИКОТ Е ЕДИНСТВЕНАТА НАША ТАТКОВИНА.”

📌 Учениците од IV² одделение, пригодно за денешниот ден изработија хамер и напишаа творби на својот мајчин јазик со кои го облагородија училишниот хол #motherlanguage#MotherLanguageDay2024

19.02.2024

🏆 Уште еден голем успех на нашите ученици, во вториот круг од квизот на знаењата – “Ученичка квизотека”, во организација на Detski kulturen centar “Karpos” Детски културен центар „Карпош“-Скопје❣️

🎖На 15.2.2024 година, нашите ученици Зоја Спасеноска 8¹ одделение , Борјан Јосифов 8⁴ одделение и Ема Алаѓозовска 9³ одделение, во прекрасна атмосфера и одлично расположение, го освоија 1️⃣ПРВОТО1️⃣ место 🏆🥇🏆

👏 Им честитаме на нашите претставници и им посакуваме понатамошен успех во натпреварот‼️

16.02.2024

📌Во текот на вчерашниот ден во соработка со Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС учениците од 2¹, 2², 2³ и 2⁶ одделение реализираа работилница на темата „Дрвото на интегритетот“.🌳🌼

🌿 Работилницата е дел од програмата „Граѓаните против корупцијата“ чија цел е да се зголеми вклученоста и соработката на граѓаните, граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор во борбата против корупцијата.

👉 Идејата на оваа активност е преку реализизација на интерактивен час со учениците, преку цртежи и игра – да им се приближат поимите на интегритет, како што се: чесност, вистинитост, правичност, еднаквост и сл. #integrity #integritymatters #IntegrityFirst

🤝 Благодарност до одговорниот тим за успешната реализација и уште поголема благодарност за иницијативата и прекрасната соработка со родителката од нашето училиште, која безрезервно се вклучи во организацијата и реализацијата на работилницата.❣️

14.02.2024

❣️ Во склоп на наставната програма по англиски јазик, во 3️⃣ одделениe – изучување за јазикот, културата, обичаите и празниците во земјите каде се зборува англискиот јазик, денес имавме работилница и учевме дека треба да се сакаме, дружиме и почитуваме 💕#learningenglish#learningthroughplay#newinformation#traditions#lovelanguage#culturalvalue

09.02.2024

📌 Учениците од 8² и 8⁴ одделение реализираа вонучилишна активност при што го посетија Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, каде се запознаа со темата, а во рамки на активноста ја посетија и црквата Св.Димитрија.

👉 Учениците се запознаа со животот, културата и традицијата на Евреите во Македонија. Имаа можност да видат оригинални предмети од секојдневниот живот и практикување на религијата на Евреите како и аудиовизуелни содржини кои вклучуваат и сведоштва на преживеаните Евреи од Македонија по трагичното патување до логорот Треблинка.

📍 Историските факти не се бришат, а целта на сеќавањето на една од најцрните дамки во историјата на човештвото – холокаустот, е токму тоа, да не ја повториме грешката, да се научиме на соживот, толеранција и почитување на човековите права‼️

08.02.2024

❣️ Учениците од Дневен престој во нашето училиште, заедно со наставничката Сузана Тодорова Николовска реализираа креативна работилница – Ткаење 🇲🇰

✨️ Совладуваме нови техники, твориме, се надоградуваме и креативно се изразуваме негувајќи ја традицијата #traditionalart

07.02.2024

%12+39÷ Општинскиот натпревар по математика во нашето училиште се реализираше многу успешно, а резултатите се уште подобри💯#bestresults#mathematics

👏 Честитки за учениците и нивните ментори и одиме на Државен‼️

05.02.2024

📌 Во петокот на 2.2.2024 година се одржа Општинскиот натпревар по математика на кој за прв пат секој ученик се натпреваруваше во своето училиште.

👉 100тина ученици од 4то до 9то одделение, точно напладне почнаа со натпреварување #mathcompetition

👏 За успешна реализација на натпреварот се погрижи координаторот, Александра Пешевска Митановска во соработка со комисијата за прегледување, во состав: Соња Данева, Бошко Дамјаноски и Бети Ефтимов од активот математика, и одделенските наставници: Фимка Сидовска, Биљана Тасева, Елена Чорлевска и Марија Ивановска 🔣🔢 #contesttime #math #mathematics #mathchallenge #bestofthebest

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com