04.03.2024

🐥🐳 На 23ти февруари во нашето училиште се одржа Општински натпревар по Природни науки за учениците од четврто одделение 🦋

🐢🪸 Натпреварот го организираше Македонското биолошко друштво, а нашите ученици и нивните ментори постигнаа голем успех 🔝🌼

👏 Честитки и уште поголем успех на претстојниот Регионален натпревар‼️

01.03.2024

📝Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој” – месецот кој е редок по своите ретки 28, но оваа година 29 дена, се запознаваме со ретките болести #rarediseaseday
📌 Со одбележување на Меѓународниот ден на ретките болести ја подигнуваме јавната свест за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат болните и нивните семејства, НО ги сакаме и поддржуваме на целиот пат и во сета нивна борба #helpinghands #RareDiseaseAwareness #LoveChallenge
❣️Бидејки ретките се:
МНОГУ‼️ Тие се:
СИЛНИ‼️ А пред се, тие се:
ГОРДИ ‼️ А и ние со нив 💕

01.03.2024

🐇🦚🐓 На Општинскиот натпревар по Природни науки учениците од 5️⃣ и 6️⃣ одделение, заедно со своите ментори, постигнаа одлични резултати 🦔🦎🐬

🐙🦋 Сите наградени ученици продолжуваат на Регионалниот натпревар 👏 Им посакуваме уште поголем успех 🌿🌸

29.02.2024

🌸 Учениците од Дневен престој во нашето училиште, заедно со наставничката Сузана Тодорова Николовска, реализираа нагледен час со посета на пазарот во блиска околина на училиштето #greenmarket

🥦🍊🍍Учениците се запознаа со начинот на кој функционира пазарот и со производите кои ги нуди, разговараа со продавачите, но и со производителите на дел од тие производи, а за поздрав добија подароци кои ги понесоа со себе 🫘🍄

29.02.2024

📌На 24.2.2024 година се одржа Регионалниот натпревар по германски јазик 🇩🇪#germanlanguage

👉 Пофалените ученици завршија со солидни резултати, а наградените продолжуваат на Државниот натпревар‼️

👏Честитки за учениците и менторите со желби за поголеми успеси во иднина. #Alemania#sprechensiedeutch

28.02.2024

🏫ООУ “Ѓорѓија Пулевски” – Скопје

📌 5ти март ⏰️18 часот

‼️ Место и време каде можеме да слушнеме за нови родителски практики, а истовремено да помогнеме на едно младо момче #ЗаЛео кое заслужува шанса за подобра иднина #бидихуман#подајрака🌸❤️🌸

28.02.2024

🌸Во овој број на месечното списание “Клик” на Ars Lamina, рубриката “Лична карта на училиштето” е посветена на нашето училиште ❣️

🍀 Гордо ја споделуваме со сите вас со ветување дека ќе имаме уште многу убави нешта со кои би се пофалиле #proudmoment#bestschool#Klik

23.02.2024

💙🩵💙 Да подадеме рака таму каде е најпотребно во моментов 🙌

💛💙💛 Нашето малку за Лео значи МНОГУ #бидихуман#ОдСрце#ЗаЛео

23.02.2024

🦋🪼🪸 Општинскиот натпревар по биологија кој се одржа на 16ти февруари, нашите ученици го завршија со голем успех и сите кои учествуваа, согласно освоените поени, се пласираа на Регионалниот натпревар 🦝🌸🍀

👏 Честитки за учениците и менторите и посакуваме уште поголеми успеси во иднина‼️#biologychallenge

22.02.2024

🌍🏔🌠 На Општинскиот натпревар по географија одржан на 17ти февруари, во организација на ЗПГМ “Проф. д-р Љубе Миленковски” – Скопје, нашите ученици ги постигнаа следниве резултати:

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com