15.03.2024

‼️ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ‼️

📌 Известуваме дека утрово се вршеше поткастрување на дрвјата во училишниот двор и сечење на старите и шупливи дрвја кои претставуваа опасност за учениците, па и за сите кои го користат тој простор во училиштето и околу него🌿🌲🌳

❣️ Се грижиме за безбедноста и таа е наш приоритет, а воедно уште еднаш, со дела ја потврдуваме титулата Еко училиште 🍀#ekoschool

15.03.2024

📌 Во рамки на часовите по медиумска култура учениците од 2⁵ одделение во текот на вчерашниот ден беа во посета на Канал 5 Телевизија

📺 Тие учеа за телевизијата како медиум, прошетаа во студијата и одблиску видоа и се запознаа со работата на вработените кои се заслужни за она што ние ќе го проследиме од нашиот дом🌸

❣️Благодарност за топлиот пречек и искрената желба – сé да им се објасни на учениците со насмевка и во пријатна атмосфера #thankyou

12.03.2024

🔛 Во рамки на проектот Забавен училишен спорт на тема ⤵️

💪🤝 “Заедно сме посилни” 🤝💪 учениците од 5¹ одделение заедно со наставничката по ФЗО – Александра Баевска ги реализираа часовите во прекрасна атмосфера – забавно, насмеано и заедно #strongereveryday#strongertogetherchallenge

08.03.2024

🌸Учениците од Литературната секција на својата последна средба творбите ги посветија на 8ми Март 💐

На хамер во бојата на љубовта, топлината и цутот со наслов “Цвеќе дарувам – празникот на жената го означувам” ги истакнаа своите творби и го поставија во холот на училиштето❣️#заситежени#8мимарт#internationalwomensday2024

08.03.2024

🌸 И оваа година, на 7ми март, во рамките на воннаставните активности по предметот Граѓанско образование, а по повод Меѓународниот ден на жената – 8ми Март, во нашето училиште се одржа ученичка дебата, на тема “Улогата на жената во современото граѓанско општество” #8миМарт

🦋 На дебатата учествуваа ученици од 8️⃣ и 9️⃣ одделение, а модератор беше наставничката по граѓанско образование, Даниела Гаштаровска❣️

🌼 Низ спонтан разговор и во пријатна атмосфера, нашите ученици покажаа дека умеат правилно да дебатираат и да искажат почит и внимание кон мислењето на другите за темата и да се сослушуваат. Слободно ги споделија своите гледишта и размисли кои се однесуваат на еднаквоста на правата помеѓу мажите и жените, многустраната улога на жената во модерното општество како мајка, сопруга, домаќинка, работник, научник, спортист, уметник, инспирација. Од нивните искажувања може да се види дека тие правилно созреваат и развиваат критичка мисла, дека градат свои ставови и принципи кои не се оптоварени со стереотипи и предрасуди кон местото и улогата на жената во граѓанското општество и дека усвојуваат добри вредности на личноста #womansday2024

06.03.2024

Проект – „Фудбал во училиште“

Носител: Фудбалска федерација на Македонија, во соработка со ФУСМ

Учениците од 2 и 3 – 4 и 5 одделение при ООУ”Љубен Лапе“ – општина Аеродром, заедно со својте наставници по ФЗО Александра Баевска, Владимир Петков, Александар Шишков, Димитар Ѓатовски ја реализираа својата активност.

06.03.2024

📌 На 26 февруари нашето училиште учествуваше на наградниот конкурс “Trash for art 2024” во организација на Пакомак под мотото „Истражи ја креативноста – од отпад до уметничко дело“ #TrashforArt#RecyclingChallenge

🌸 Поттикнати од идејата

да делуваат креативно и да создаваат уметнички дела од отпад, вредните раце на нашите ученици создадоа интересни креации и учествуваа на конкурсот. Со тоа не ја покажаа само својата креативност, трудољубивост и идејни решенија, туку покажаа и висока еколошка свесност за важноста и значењето на паметното управување со отпадот, селектирањето и рециклирањето на отпадот, од кој секој од нас може да создаде вистинско уметничко дело за уживање ♻️🍀

👏 Браво за нашите екологисти‼️#ecology#ecologyart#recycling

05.03.2024

📌 Меѓународниот ден на енергетска ефикасност го одбележаа и учениците од 4² и 4³ одделение, заедно со наставничките Катерина Тасевска и Марина Спасовска🍀

👉 Тие разговараа на темата за подобрувањето на енергетската ефикасност, за оптимизирање на потрошувачката на енергија, за користење на обновливи извори на енергија наместо фосилни горива и за промовирање на одговорна потрошувачка и рециклирање ♻️

❣️ Следејќи ги презентациите на наставничките учениците изработија хамери, а го изучуваа и значењето на боите од заштитниот знак

‼️♻️ Сите и секогаш да се стремиме кон 🅰️+ што значи ➡️Најголема енергетска ефикасност‼️♻️

05.03.2024

♻️ Првиот состанок на светските експерти за енергетска ефикасност на тема решенија за енергетската криза, послужил како повод за одбележување на 5 март како светски ден на енергетската ефикасност #5thMatch

✴️ Од таа 1998 година не престанува интересот и посветеноста за темите од областа на одржлива енергетика, климатски промени, проблемите во врска со енергетската сигурност.

❣️Учениците од Активот на 2️⃣ одделение изработија хамер со пораки за штедење на енергијата, а со тоа и заштита на планетата Земја 🌎🌍#savetheplanet#worldenergyefficiencyday

05.03.2024

🧪 На Општинскиот натпревар по Хемија, кој се одржа во ООУ “Блаже Конески” – Аеродром, нашите ученици постигнаа одличен успех‼️

👏 Честитки и за нив и за менторот и им посакуваме успех и во понатамошното натпреварување на Регионалниот натпревар #chemistry

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com