09.04.2024

🏆🥇🏆 Уште едно 1️⃣ место на нашиот ученик Даријан Белчовски од III² одделение, освоено на турнирот организиран од Тениската федерација на Македонија за момчиња до 10 години во тенискиот клуб ТК Фан Тенис – Скопје🎾💯🎾

👏 Честитки и уште поголеми успеси во иднина #firstplace#tennisplayerlife

04.04.2024

📌 Во рамки на наставната програма по предметите Информатика и Техничко образование – тема “Сообраќај”, учениците од IV¹, IV⁴ и IV⁵ одделение беа во посета на Воениот аеродром #airport#traffic🛫

🚁 Учениците со возбуда го следеа полетувањето на хеликоптерот, беа воодушевени од неговата внатрешност, ги разгледаа хангарите каде што се чуваат леталата и научија многу интересни нешта за воздушниот сообраќај ✈️🪂✈️

🤝 Искажуваме благодарност за соработката, во исчекување на повторна посета #airtraffic

04.04.2024

🔝Во духот на убавите вести ги објавуваме и резултатите на учениците од 5️⃣ одделение од Регионалниот натпревар по математика #MathematicsChallenge🥇🥈🥉

✨️ Резултатите се одлични, а ние посакуваме да бидат уште повпечатливи на Државниот натпревар

👏 Честитки за учениците и наставниците #MathCompetition

04.04.2024

🎖🏆🏅 Ако денот по утрото се познава нам денов ќе ни биде победнички насмеан #volleyballteam

🥇Одбојкарките од 6️⃣ и 7️⃣одделение од нашето училиште го освоија ПРВОТО место во Училишната одбојкарска лига на ниво на Општина Аеродром.

👏 Честитки за девојките и наставничката – ментор Даниела Маневска и им посакуваме уште многу освоени првенства #volleyball

03.04.2024

💠🔺️ На Регионалниот натпревар по математика учениците од 4️⃣ одделение постигнаа одлични резултати 🥇🥈🥉

👏 Честитки за учениците и менторите и им посакуваме уште поголем успех на Државниот натпревар (1♦️3%🔹️)

03.04.2024

📌 Учениците од IV², IV³ и IV⁶ одделение заедно со наставничките Катерина Тасевска, Марина Спасовска и Елизабета Славковска ги посетија Ботаничка градина и Институт за хемија – ПМФ.

🧪⚗️Учениците на Институтот за хемија ги проширија знаењата и имаа можност да го видат периодниот систем на елементи, минералошката збирка, а за агрегатната состојба на материјата имаа можност да се запознаат преку експериментите во лабораториите за општа и неорганска хемија, органска хемија и аналитичка хемија 👨‍🔬👩‍🔬

🌿 Воедно учениците беа дел од едукативните работилници во Ботаничката градина каде што со помош на микроскоп истражуваа различни видови растенија🌻🍀

02.04.2024

💕,,2 Април, Светски ден за подигнување на свесноста за аутизам” #autismawareness#weareallunique

❣️Со поддршка на тимот на ОУРЦ „д-р Златан Сремец“ во одбележување на Неделата за подигнување на свесноста за аутизмот, од 2 до 8 април, на тема „Аутизмот не е невидлив“ нашите наставници и стручни соработници, заедно со образовните асистенти во нашето училиште и учениците реализираа повеќе активности на оваа тема во знак на поддршка, но и да повикаме уште еднаш на тоа дека

СИТЕ СМЕ ЕДИНСТВЕНИ И ЗАЕДНИЧКИ ЈА ПРАВИМЕ ГОЛЕМАТА СЛОЖУВАЛКА КОЈА ПОРАДИ УНИКАТНОСТА НА СЕКОЈ ОД НАС Е ТАКВА УБАВА – ШАРЕНА И ЕДИНСТВЕНА ‼️🌈

01.04.2024

🧚‍♂️#1Април е секогаш полн со шеги, ведар и насмеан #AprilFools

❣️Веруваме дека гледачите на Македонија наутро – утринска програма на МТВ, одлично се забавувале со учениците од 4⁴ и 4⁵ одделение 🤡🧚‍♀️🧙

01.04.2024

✴️Е-Капитолијада традиционално се реализира на 1ви април во Capitol Mall & Residence во соработка со Нула отпад и Општина Аеродром#1april

📍 Оваа година на Еко-парадата нашето училиште го претставија нашите ЕКО БАТ – ХЕРОИ од 4³ одделение со групна маска 🤖

01.04.2024

🤡 Дефиле на маски во нашето училиште за Денот на шегата – 1ви Април 🤡

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com