03.04.2024

📌 Учениците од IV², IV³ и IV⁶ одделение заедно со наставничките Катерина Тасевска, Марина Спасовска и Елизабета Славковска ги посетија Ботаничка градина и Институт за хемија – ПМФ.

🧪⚗️Учениците на Институтот за хемија ги проширија знаењата и имаа можност да го видат периодниот систем на елементи, минералошката збирка, а за агрегатната состојба на материјата имаа можност да се запознаат преку експериментите во лабораториите за општа и неорганска хемија, органска хемија и аналитичка хемија 👨‍🔬👩‍🔬

🌿 Воедно учениците беа дел од едукативните работилници во Ботаничката градина каде што со помош на микроскоп истражуваа различни видови растенија🌻🍀

02.04.2024

💕,,2 Април, Светски ден за подигнување на свесноста за аутизам” #autismawareness#weareallunique

❣️Со поддршка на тимот на ОУРЦ „д-р Златан Сремец“ во одбележување на Неделата за подигнување на свесноста за аутизмот, од 2 до 8 април, на тема „Аутизмот не е невидлив“ нашите наставници и стручни соработници, заедно со образовните асистенти во нашето училиште и учениците реализираа повеќе активности на оваа тема во знак на поддршка, но и да повикаме уште еднаш на тоа дека

СИТЕ СМЕ ЕДИНСТВЕНИ И ЗАЕДНИЧКИ ЈА ПРАВИМЕ ГОЛЕМАТА СЛОЖУВАЛКА КОЈА ПОРАДИ УНИКАТНОСТА НА СЕКОЈ ОД НАС Е ТАКВА УБАВА – ШАРЕНА И ЕДИНСТВЕНА ‼️🌈

01.04.2024

🧚‍♂️#1Април е секогаш полн со шеги, ведар и насмеан #AprilFools

❣️Веруваме дека гледачите на Македонија наутро – утринска програма на МТВ, одлично се забавувале со учениците од 4⁴ и 4⁵ одделение 🤡🧚‍♀️🧙

01.04.2024

✴️Е-Капитолијада традиционално се реализира на 1ви април во Capitol Mall & Residence во соработка со Нула отпад и Општина Аеродром#1april

📍 Оваа година на Еко-парадата нашето училиште го претставија нашите ЕКО БАТ – ХЕРОИ од 4³ одделение со групна маска 🤖

01.04.2024

🤡 Дефиле на маски во нашето училиште за Денот на шегата – 1ви Април 🤡

01.04.2024

📌 На 28ми март, учениците од III³ одделение заедно со наставничките, Викторија Пауноска и Ирина Ашиковска Здравевска го посетија Кабинетот на Претседателот, во рамки на #ОтворенКабинет

🔛 Учениците имаа можност да ги разгледаат просториите во коишто е сместена институцијата Претседател и да дознаат повеќе за претседателските активности.

🎯 Посетата беше реализирана во рамки на наставната програма по Општество со цел да придонесеме во едукација и мотивирање на учениците за поттикнување на стекнување знаења – како со образование, избор на професии или функции може да се придонесе за развој на нашата татковина.

29.03.2024

🖋 Објавен Конкурсот за запишување во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година‼️

29.03.2024

🎭По повод 27 март, Светскиот ден на театарот, но и за продлабочување на знаењата за наставната содржина по Македонски јазик – Медиумска култура, учениците од 2⁴ одделение заедно со наставничките Ивана Величковска и Анита Атанаскоска беа во посета на Македонски народен театар / Makedonski naroden teatar

❣️ Учениците во пријатна атмосфера прошетаа низ театарот и ги посетија големата и мала сцена. Се запознаа со реквизитите кои се местат на сцена, техниките за пуштање светло и тон, костимите на актерите и се друго што е потребно за реализација на една претстава #theatrereview

👏 Благодарност до вработените во театарот за топлото добредојде и посветеноста – сé да се опфати и соодветно да им се објасни на учениците #WorldTheatreDay

29.03.2024

🔛 Во рамки на проектот Забавен училишен спорт на тема ⤵️

🏄‍♀️🏋‍♂️🤾⁉️ “Колку е важно да се занимаваш со спорт” ⁉️🚵‍♀️⛹️🏃‍♀️

учениците од 3⁵ и 3⁶ одделение заедно со наставничката по ФЗО – Александра Баевска ги реализираа часовите и ги бараа одговорите на зададената тема. #SportsMatter#sportsperformance#ВоЗдравоТелоЗдравДух

28.03.2024

🧪 На 26ти март, со цел да ги продлабочиме знаењата по предметите Хемија и Природни науки, учениците од седмо, осмо и деветто одделение, предводени од наставничката Љупка Симоска, присуствуваа на Хемискиот спектакл на Институт за хемија – ПМФ

👨‍🔬 На спектаклот беа изведени интересни и ексклузивни експерименти и сите експерименти беа научно објаснети 👩‍🔬⚗️👨‍🔬

🎯 Благодарност до Директоротката на нашето училиште, Фоника Станоева и Институтот за хемија и СХТМ, кои ни овозможија присуство на овој научен настан‼️ #chemistrychallenge 💯 #chemistrymagic #CHEMISTRY #хемија

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com