20.03.2024

🍀 Меѓународниот ден на среќата – 20ти март, ја промовира идејата дека дел од напредокот на човештвото треба да вклучува како да се зголемат среќата и благосостојбата на сите луѓе #dayofhappiness#happinessquotes

🙂❣️🙃Тимот “Насмеани лица”, кој беше задолжен за пригодно одбележување на овој ден, беше составен од учениците од Активот на 2 одделение и учениците од 4² одделение

🌸 Преку своите пораки нашите ученици се обидоа уште еднаш да не потсетат дека среќата не е крајна дестинација, туку патека по која треба секојдневно да чекориме 🌼

20.03.2024

🍀 Денеска ширум светот се прославува Светскиот ден на театарот за деца, 20 март #worldteatarday

❣️По тој повод нашите првачиња го посетија Teatar za deca i mladinci – Skopje и ја проследија куклената претстава „Тоби“ во режија на Драгослав Тодоровиќ 🐶🐾🐶

‼️ Од претставата научија дека со вистинските пријатели секоја грижа е бесмислена. Едноставно, со помош на пријателите се гледаме себе си од еден сосема друг, среќен агол.

Но, научија и уште нешто, дека не треба да се китиме со туѓи перја – може да излеземе смешни❗️

20.03.2024

🌸 ЕЛТАМ – Општинскиот натпревар по Англиски јазик годинава се реализираше на 16ти март во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Скопје, а нашите ученици беа повеќе од одлични #englishlanguage🇬🇧🫖🇬🇧

🥇🥈🥇Ученичките Екатерина Пејковска и Јана Грижева кои освоија прва награда во своите генерации, како и ученичката Симона Драгутиновиќ која освои втора награда, беа учесници со најголем број освоени поени – секоја во својата категорија 🏆

👏 Честитки за учениците и менторите и посакуваме уште поголеми успеси во иднина‼️ #ContestChallenge #contestwinners #englishlanguagecontest

20.03.2024

🖋 На 16ти март во СУГС “Ѓорѓи Димитров” – Скопје се одржа Државниот натпревар по Германски jазик #Alemania🇩🇪

👏 Честитки – нашите ученици и менторите постигнаа одлични резултати #GermanLanguage

19.03.2024

♻️ Секој 18 Март светот го одбележува интернационалниот ден на рециклирањето, а овој датум го користиме за да потсетиме дека секој поединец може да направи разлика, ако продолжи да ги прави вистинските работи #GlobalRecyclingDay

❣️За правилно да се рециклира потребно е отпадот да се сортира пред да се фрли, да се научи што се рециклира, а и да се најде соодветниот контејнер за рециклирање 🚮

🌿Учениците од IV³ одделение заедно со наставничката Марина Спасовска, во рамки на програмата за еколошка едукација, го одбележаа 18 Март – Светскиот ден на рециклирањето и со своите изработки упатија ЕКО – пораки за рециклирањето, екологијата, за заштита на животната средина, природата и на целата планета ‼️

🌍#clearEnvironment#ecology🌍

19.03.2024

🌍 На Регионалниот натпревар по Географија кој се одржа на 16.3.2024 година, нашите ученици со својот наставник – ментор постигнаа одлични резултати 🗺🥇🗺

🏔Наградените ученици, согласно освоените поени се стекнаа со право на учество на Државниот натпревар – им посакуваме уште поголем успех‼️

19.03.2024

📌 Тимот на Мрежа Стела продолжува со циклусот на работилници со наставнички од основни училишта. Нашето училиште ја имаше честа, минатата недела да биде домаќин на работилницата „Важноста на менторството и вовед во менторската програма на Стела“ – која е уште една во низата активности од овој проект кој е во партнерство и со финансиска поддршка на Британската амбасада.

🌸 Под водство на проф. д-р Мира Беќар, наставничките имаа можност да се запознаат со процесите на менторство, придобивките од истото, како и различните формати и средини на спроведување. Во склоп на работилницата се разви и дискусија за предизвиците со кои се соочуваат наставничките во нивното секојдневие особено во делот на насочување на учениците согласно нивните сопствени убедувања и вештини.

👉 Наставничките се запознаа и со работата на Мрежа Стела, како и со работата и целите на Женската менторска мрежа.

🍀 Благодарност за посветеноста и пријатната атмосфера која ја создадоа предавачите и во која работилницата се реализираше повеќе од успешно 👏

❣️Голема благодарност и до Здружението за значењето на еколошкото образование во осовременување на образованиот процес (ЗЕОООП СК), со чија поддршка ја организиравме оваа работилница.

18.03.2024

👉 Во рамки на часовите по медиумска култура и учениците од 2³ одделение учеа за телевизијата како медиум и заедно со своите наставнички беа во посета на Телевизија 24 каде во пријатна атмосфера прошетаа низ студијата и научија многу нови и интересни нешта за подготовките за емисија, снимањето и реализацијата на програмата 📺

15.03.2024

‼️ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ‼️

📌 Известуваме дека утрово се вршеше поткастрување на дрвјата во училишниот двор и сечење на старите и шупливи дрвја кои претставуваа опасност за учениците, па и за сите кои го користат тој простор во училиштето и околу него🌿🌲🌳

❣️ Се грижиме за безбедноста и таа е наш приоритет, а воедно уште еднаш, со дела ја потврдуваме титулата Еко училиште 🍀#ekoschool

15.03.2024

📌 Во рамки на часовите по медиумска култура учениците од 2⁵ одделение во текот на вчерашниот ден беа во посета на Канал 5 Телевизија

📺 Тие учеа за телевизијата како медиум, прошетаа во студијата и одблиску видоа и се запознаа со работата на вработените кои се заслужни за она што ние ќе го проследиме од нашиот дом🌸

❣️Благодарност за топлиот пречек и искрената желба – сé да им се објасни на учениците со насмевка и во пријатна атмосфера #thankyou

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com