Училишен шаховски турнир во организација на Шаховскиот клуб Капабланка и Шаховскиот сојуз на Град Скопје
30.05.2023
На 27ми мај, за нашите ученици, за прв пат се организираше шаховски турнир на ниво на училиште, во организација на Шаховскиот клуб Капабланка и Шаховскиот сојуз на Град Скопје, во кој учествуваа 106 ученици од II до IX одд
Се играше во следните категории:
Турнир во шах за девојчиња од
II до V одд
Турнир во шах за момчиња од
II до V одд
Турнир во шах за ученици од
VI до IX одд
Презадоволни сме од интересот кај учениците за шахот како спортска игра, а уште повеќе од одзивот на Турнирот
Целта е да се развие свесноста кај учениците за сопствените постапки, развивање на емпатија како и начинот на разрешување на секојдневните несогласувања. Преку игра , учениците согледаа како се однесуваат кон другарчињата и дадоа идеи за подобрување на истото
Се договорија лошите зборови и постапки да се поништат и на нивно место да се кажуваат и пишуваат убави зборови
Голема БЛАГОДАРНОСТ до гостинката.Се надеваме на понатамошна соработка
Учениците кои го претставуваа нашето училиште на државниот натпревар на најдобри македонски инструментални солисти, хор и оркестар “VIVA LA MUSICA”, организиран од Здружението на музички педагози на Македонија, кој се одржa во Валандово на 13 мај, ги постигнаа следните одлични резултати: #vivalamusica#musicislife
Интегриран час по Англиски јазик и Општество на тема: ,,Сообраќајни знаци и превозни средства”
Интегриран час по Англиски јазик и Општество на тема: ,,Сообраќајни знаци и превозни средства"
25.05.2023
Денес во 3² одделение се одржа отворен – интегриран час по Англиски јазик и Општество на тема: ,,Сообраќајни знаци и превозни средства”
Одделенските раководители, Катерина Тасевска и Валентина Вангеловска, заедно со наставничката по Англиски јазик, Јасминка Костадиновска го реализираа часот во присуство на други наставници и претставници на Стручната служба во училиштето
Уште една интересна активност, во која учениците уживаа, со задоволство се вклучија и со наставничките, заеднички – успешно ја реализираа
Нека ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители – Денот на Светите браќа Кирил и Методиј!
Нека ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители - Денот на…
24.05.2023
Денес го славиме Денот на словенските просветители и учители, Денот на браќата Кирил и Методиј. Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи
„Не врне ли дожд од Бога еднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зарем не дишеме воздух сите еднакво? Па тогаш како не се срамите да признаете само три јазика, а сите други народи сакате да бидат слепи и глуви?“ – Константин Филозоф (Св. Кирил)
Нашите ученици во текот на вчерашниот ден изработија пригодни паноа исполнети со многу важни информации и пораки за животот и делото на просветителите
Нека ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители – Денот на Светите браќа Кирил и Методиј!
Одбележување на 24ти мај – Денот на сесловенските просветители со посета од Општина Аеродром и градоначалникот, г-н Тимчо Муцунски
Одбележување на 24ти мај - Денот на сесловенските просветители со посета од Општина Аеродром и…
23.05.2023
Честитки за сите ученици кои учествуваа на настанот и наставниците – ментори, кои беспрекорно ги подготвија
Благодарност до Општина Аеродром и градоначалникот, г-н Тимчо Муцунски во име на в.д. Директорката, Ивана Цветановска и во име на сите нас, на успешната соработка, инвестицијата и укажаната чест, да бидат наши гости
Конкурс за избор на ученици кои се истакнуваат со своето знаење, постигнуваат натпросечни резултати, првенци, …
Конкурс за избор на ученици кои се истакнуваат со своето знаење, постигнуваат натпросечни резултати, првенци,…
23.05.2023
Конкурс за избор на * ученици кои се истакнуваат со своето знаење или со други видови постигнувања * на ученици кои постигнуваат натпросечни резултати во одредени наставни предмети или воннаставни активности * првенци на генерација 2014-2023 година
Еразмус проект ,,ЖИВОТОТ Е ОБОЕН СО НОВИ ИНФОРМАЦИИ“ - Турција 2023
19.05.2023
Еразмус проект ,,ЖИВОТОТ Е ОБОЕН СО НОВИ ИНФОРМАЦИИ“
Од 23-29 април се реализираше мобилност на ученици и наставници од нашето училиште како партнер училиште со земјите – партнер училишта Турција, Романија, Литванија и Италија . Домаќин училиште беше Istanbul Nef Primary School
Првиот ден имаше претставување на Тимовите-учесници на мобилноста преку видео бим и свечена приредба од страна на училиштето-домаќин.
Во текот на мобилноста учениците посетија неколку различни одделенија каде имаа можност да видат каде и како се одвива наставата во тоа училиште. Реализираа игровни активности и креирање на игровна мапа, правеа оригами, креираа игри и многу други забавни и едукативни активности. Беше реализирана и културна тура, организирана од домаќините со цел запознавање со убавините и културните обележја на градот Истанбул и нивната земја, Турција – учесниците на мобилноста го посетија старото градче Балат, карактеристично со разнобојните фасади на куќите, кулата Галата, музејот на играчките и имаа двочасовна тура со брод на Босфор. Се запознаа со историјата на Аја Софија и Сината Џамија и се прошетаа во познатата Капали чаршија