Денес 27 октомври 2021 година се одржа завршниот настан на кој беа промовирани активностите во рамики на Еразмус +КА 101 проектот ,, Социјалните медиуми во училница и спречување на меѓуврсничко насилство ” Проект бр. 2020-1-МК01-КА101 – 077630
На настанот присуствуваа наставници од основните училишта од нашата општина, професори од средни училишта, директори, претставници од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилности и наставници од нашето училиште.
Присутните беа запознаени со сите активности на проектот од самиот почеток, за обуките на кои присуствуваа наставниците кои беа на мобилност, како и резултатите од истите. Беа промовирани брошурите изработени од наставниците како и брошурите кои ги изработија нашите ученици на работилницата која беше реализирана во склоп на проектните активности. Најголемо внимание предизвика електронската книга која е објавена како Прирачник за наставници во дигитална училница. Во прирачникот се објаснети дигитални алатки за работа во училница и користење на образовни платформи и алатки, а истата ќе биде објавена и на нашата интернет страница и ќе биде достапна за сите наставници како во нашето училиште така и за сите наставници кои сакаат да ги применуваат овие дигитални образовни платформи и алатки.
Најавена е и соработка со првата Детска Амбасада ,, Меѓаши” за понатамошно промовирање на проектните активности како и соработка во делот за превенција на меѓуврсничко насилство.
Благодарност до директорката Марјана Панчевска за подршката и реализацијата на сите активности, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилности и најголема благодарност до колешките наставнички реализатори на проектните активности: Jасминка Костадиновска,- координатор на проектот, Александра Пешевска Митановска, Сања Станисавовска и Тања Атанасова.