Уште една работилница се одржа повторно преку платформата Zoom , и овој пат за наставниците и наставничките од училиштата од нашата општина на 20.10. 2021 година .Со нив ги споделивме нашите сознанија од обуките на мобилностите во рамки на Еразмус+КА101 проектот ,,Социјалните медиуми во училница и спречување на меѓуврсничко насилство “ наставници од ООУ ,,Браќа Миладиновци”, ООУ ,,Блаже Конески”, ООУ ,,Димитар Македонски”, ООУ ,,Ѓорѓија Пулески”, ООУ ,,Лазо Ангеловски” и ООУ ,,Александар Македонски” заедно со тимот од нашето училиште ООУ ,Љубен Лапе” . 

Исто така и во понеделникот на 18.10. 2021 се одржа претставување на резултатите од проектот во договор со уште неколку училишта кои исто така се учесници во проекти во Еразмус+ КА101 и тоа ООУ ,,Браќа Рамиз– Хамид” од општина Шуто Оризари, СУГС Гимназија ,,Јосип Броз” од општина Центар, Скопје, ООУ,, Кочо Рацин” Скопје, ООУ ,, Толи Зордумис” Куманово, ООУ,, Александар Здравковски” – општина Јегновце и СУГС ,,Браќа Миладиновци “ Општина Кисела Вода.

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com