Проектните активности беа споделени со ученици -петставници од сите одделенија кои се членови на Ученичкиот парламент при ООУ,,Љубен ЛАпе” на 20 октомври 2021 година. Учениците се запознаа со влијанието на социјалните медиуми, видови на меѓуврсничко насилство како и начини на делување за спречување на насилството. Наставничкиот тим заедно со педагошко психолошката служба спроведоа повеќе активности со учениците кои работеа на техники за прифаќање на различности, претпоставки и стереотипи и јазично/емоционална биографија. Во текот на следниот период ќе се спроведуваат повеќе слични активности со цел сите ученици заедно да придонесат за спречување на меѓуврсничкото насилство.

Тим на ученици работеше на изработка на брошура со антибулинг пораки за учениците – пораки за превенција на насилството меѓу учениците.

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

ljuben_lape@yahoo.com