26.12.2023

📌Учениците од III⁶ одделение со наставничката Тања Атанасова и образовниот асистент, Словенка Камчевска, учествуваа во хуманитарната акција на училиштето “Д-р Златен Сремец” под мотото: “Подари играчка – побуди насмевка”✨️

🎁Преку донирање на коцки, сложувалки и најразлични други играчки тие ја покажаа својата хуманост и великодушност.

Учениците учеа за хуманиот момент на споделувањето и дека нешто што било нивно, а веќе не им треба – за некое друго детенце може да биде сé 🍀 #подариНасмевка #подариСреќа

🎊 Во период сме на дарување и споделување желби и подароци и оваа хуманитарна акција посакуваме да биде повеќе од успешна, бидејќи колку повеќе подарени играчки – толку повеќе детски насмевки❣️

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com