26.12.2023

❣️Учениците од 3² одделение заедно со своите наставнички Верица Пандурска и Емилија Николоска присуствуваа на Новогодишниот симфониски концерт во Македонската филхармонија 🎼

💕 Тие ја проследија Новогодишната бајка за деца – „Девојчето со книгите“, која е инспирирана од познатата бајка „Девојчето со кибритчиња“ од Ханс Кристијан Андерсен, под диригентската палка на Дијана Имери Илкоска 🎶

📚„Девојчето со книгите“ е приказна која не потсетува на среќата, на убавината и добрината, но и на тагата и на несреќата. Всушност, зборува за сите оние работи за кои треба да бидеме свесни, а особено за хуманоста – да помагаме, да бидеме благородни и доблесни #бидихуман #NewYearConcert

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com